Чудо од Мерцедес: „Како да сакале да направат подморница“ - Канал 5

Чудо од Мерцедес: „Како да сакале да направат подморница“

Необичен концепт модел со логото на Мерцедес е пронајден во отпад во Џорџија, сојузна држава во САД.

Чудо од Мерцедес: „Како да сакале да направат подморница“

Она што може да се види од фотографиите објавени на социјалната мрежа Редит, е чудно обликуван модел во форма на јајце.

Корисникот кој го објавил ова вели дека не станува збор за автомобил, туку за „MBUX седиште“.

Found this weird thing in the local scrapyard
byu/Alodarsc2 innamethatcar

Ова не е прв пат истиот концепт со чудна форма да заврши на социјалните мрежи, бидејќи на почетокот на оваа година еден беше забележан на тркала, при што корисник кој го фотографирал напишал дека „изгледа како Мерцедес да се обидел да изгради подморница“.

На фотографијата погоре можете да ја видите таа постара објава, бидејќи оваа од пред неколку дена сега е избришана.

Всушност, тоа е изложбено седиште што е создадено во 2020 година специјално за да го прикаже подобреното искуство што го нуди внатрешноста на „Mercedes S-Class“, наречена „MBUX“.

Во основа, ова седиште требаше да им покаже на потенцијалните купувачи како ќе изгледа внатрешноста на тогаш новата „S“-класа, но Мерцедес сакал да избегне да го донесе целиот автомобил на саеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови

Колоните возила во јужна Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови.

Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови

Според читател на порталот хрватскиот портал Индекс.хр, кои испратил фотографии во редакцијата од Жупа Дубровачка, долги колони возила има на границата меѓу Хрватска и Црна Гора. Порталот добил и видео на кое се гледа долга колона возила во Чилипи.

Според неофицијални информации од терен, времето на чекање на границата со Црна Гора наводно достигнува и до 28 часа.

Локалното население им обезбедува вода на оние што се заглавени во колоните и им дозволува да ги користат тоалетите во нивните домови.

Според ХАК (Хрватскиот авто-клуб), времето на чекање надминува 10 часа, што ја прави ситуацијата опишана од читателот сосема веродостојна.

Снимките од Чилипи, направени утрово пред 7 часот, прикажуваат колона возила што речиси и не се движи, а се протега кон границата со Црна Гора. Според проценките на читателите, колоната е долга над 21 километар. Луѓето излегуваат од своите автомобили и стојат покрај патот.

Сообраќајот во Конавле се одвива со големи застои, особено на патиштата кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“.

Сообраќајот кон Груда е речиси целосно закочен, па на локалното население му се препорачува да ги користи споредните патишта низ селата.

Долгите колони возила што се упатуваат кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“ се резултат на значителниот пораст на транзитниот сообраќај кон Црна Гора, новите гранични процедури и ограничениот капацитет на самите премини. Поради побавното одвивање на граничните контроли, сообраќајниот метеж се прелева на патиштата низ Конавле, што резултира со колони долги со километри и чекање што трае со часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна недела

Топлотниот бран кој ја зафати државата ќе се задржи и во текот на следната недела.

УХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна недела

Од УХМР за Канал 5, велат толотно време ќе потрае, а кон крајот на следната недела, температурите ќе бидат и над 40 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16

Уште тројца граѓани со вирусно воспаление на мозокот се хоспитализирани на Инфективната клиника, со што бројот на потврдени и суспектни на тешка форма на заразата „западен нил“ кој на луѓето го пренесуваат комарците се искачи на 16. 

Бројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16

Од нив тројцата скопјани кои во последниве денови беа ставени на респиратор се уште се во кртитична состојба, а засега кај нив нема ни подобрување, ни влошување, потврдува Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана.

-Во последните 24 часа, односно последното деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани уште тројца пациенти, кај кои е потврдено дека се работи за вирусно заболување, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Сите тројца се над 60-годишна возраст, односно, 64, 69 и 83 години и сите се со придружни хронични болести, вели за Канал 5 д-р Цана.

Ниту еден од шестте новохоспитализираните во последните два дена не патувал надвор од земјата, што доколку се потврди западно-нилска треска значи дека се заразени од убод од комарец дома, односно би спаѓале во категоријата автохтони случаи, кои во најголем дел периодов се лоцирани во Драчево каде се споведе и дезинсекција.

Според епидемиолозите, освен лица кои имаат над 60 години, во т.н. ризична група спаѓаат и најмалите, особено доенчињата и децата до три години, па затоа апелот до повозрасните и родителите е заштита од убоди со користење на мрежи во домовите и различни средства против комарци.

Експертите од областа очекуваат да има зголемување на изолираните случаи со потешка форма на болеста, а во меѓувреме надлежните тврдат дека ја следат состојбата и вршат дезинсекција на ризичните места. Од сите заразени само еден процент можат да имаат тешка форма, а 20 проценти лесни симптоми, останатите ја носат заразата со себе, а не знаат, но од човек на човек не се пренесува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер