3Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?
СветВашингтон повикува на промена на власта во Куба- Рубио бара помош од Кубанците и соработка со ЦИА Американскиот државен секретар Марко Рубио ги повика Кубанците кои сакаат „позитивни промени“ да соработуваат со Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА).Американскиот државен секретар Марко Рубио ги повика Кубанците кои сакаат „позитивни промени“ да соработуваат со Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), како дел од засилените напори на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за отстранување на комунистичкото владеење на Куба. „За оние кои сакаат да постигнат позитивни промени на Куба - сега е вистинското време“, рече Рубио, објави денес CBS News. Тој ги повика Кубанците да ја искористат, како што рече, можноста што ја нудат прекршените ветувања, корупцијата и привилегиите на неколку луѓе, со цел да се постигне посакуваната промена преку „дискретно партнерство со ЦИА“. Кратко потоа, ЦИА ја објави повторно пораката на Рубио, со сличен повик на шпански јазик до Кубанците да соработуваат со разузнавачката агенција. Соопштението беше придружено со видео со упатства за тоа како да се контактира агенцијата. Владата на САД минатата недела објави нови економски санкции против кубанската државна банка, тврдејќи дека институцијата е поврзана со Иран. Трамп претходно во петокот за време на предизборниот митинг во јужна Флорида изјави дека САД ќе „се справат со Куба на патот назад од Иран“, осврнувајќи се на американските воени бродови распоредени во близина на Ормутскиот теснец, забележува CBS. „Овие прекрасни бродови ќе поминат покрај Куба. Ќе запреме еден од нив на околу 50 метри од брегот. Ќе ги кренат рацете, а потоа ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата“, рече Трамп. Кубанските власти ги отфрлија ваквите пораки. Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез Париља, напиша на X дека Хавана ги отфрла сите закани што произлегуваат од амбициите на САД кон Куба. „Нашите брегови се украсени со прекрасни плажи, но тие се исто така сурови и негостољубиви за оние што доаѓаат со непријателски намери и желба за доминација“, рече кубанскиот министер.Тагови: куба Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Шоу бизДоли Партон постхумно доби три номинации за Греми наградите Американската кантри пејачка Доли Партон доби три постхумни номинации за наградата Греми, речиси три месеци по нејзината смрт на 80-годишна возраст, објави Американската академија за музичка уметност и наука.Партон беше номинирана двапати во категоријата за најдобар кантри дуо или групна изведба, за нејзината соработка со бендот Зак Браун на песната „Butterfly“, како и за песната „Light of a Clear Blue Morning“, која ја изведува со Лејни Вилсон, Мајли Сајрус, Квин Латифа и Роб Мекентајр, објавува Entertainment Weekly. Таа доби трета номинација во категоријата за најдобра аудио публикација, нарација и раскажување приказни, за нејзината автобиографска книга „Star of the Show: My Life on Stage“ од 2025 година. Актерот Тим Кари беше исто така постхумно номиниран во истата категорија за неговите мемоари „Vagabond“. Партон и Кари починаа на 25 август, на 80-годишна возраст. Доли Партон освои десет Греми награди во текот на својата кариера, како и награда за животно дело во 2011 година. Меѓу нејзините најпознати наградувани песни се „9 to 5“ и „Jolene“, кои ги изведе со групата Pentatonix во 2017 година. Нејзината номинација за заедничка песна со нејзината кума Мајли Сајрус е особено значајна, со оглед на нивната блиска врска. Сајрус во октомври, за време на настапот на Холивуд Боул, изјави дека тие двајца имаат „вечна врска“ и дека ништо не може да ги раздели.Тагови: Доли Партон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид30 дневен притвор доби Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид. Од обвинителството информираат дека барањето за притвор следувало по проширувањето на обвинението од едно на три кривични дела. Обвинението опфаќа телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.одлуката е донесена врз основа на дополнителни докази собрани во истрагата. Обвинителството оценило дека постои опасност обвинетиот да го повтори насилството.нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Според МВР, расправијата започнала во домот, а продолжила во автомобилот, каде жената била физички нападната.таа изгубила свест и била пренесена во болницата во охрид, а потоа во „Свети Еразмо“. Корабоски бил лишен од слобода во 5 и 05 часот. Претходно му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до оштетената. Адвокатот владимир туфегџиќ вели дека самиот факт што доаѓа до драстична промена на мерката остава сомнеж. Вели дека малите локални средини создаваат големна локална моќ, затоа според него републичкото јавно ообвинителство треба да го преиспита случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
БалканПилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)Министерството за одбрана објави дека авион МиГ-29 на српската армија, дел од 204-та воздухопловна бригада, се урна утрово околу 8:45 часот во близина на Стара Пазова, при што загина пилотот, мајор Горан Булајиќ.Според соопштението на Министерството, воената полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата, а за трагичниот настан бил известен и надлежниот обвинител. За да се утврдат сите факти, формирани се две комисии - комисијата за истражување на вонредниот настан, чија задача е да ги утврди околностите на несреќата и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертската комисија на воздухопловните сили, која ќе ги испита техничките причини за авионската несреќа. Пилотот кој загина, мајор Горан Булајиќ, е роден на 25 март 1973 година во Белград и бил во професионална служба во српската армија од 1996 година. Зад себе оставил две деца. View this post on Instagram A post shared by SERBIA LIVE - VESTI (@serbialive_vesti) По повод оваа трагедија, министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и командант на воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана, генерал-потполковник Тиосав Јанковиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот. Генерал-потполковник Јанковиќ по несреќата отиде на местото на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook