Чудесната моќ на манастирот Св.Ѓорѓија над Кучково

Високо над скопско Кучково скриен помеѓу дрвјата и кориите, ве пречекува манастирот свети Ѓорѓија.

Мала црква од 14 век, а од неа голема енергија на мир и тишина.

Со векови тука има монаштво, можеби судбината е таква да има еден монах секогаш, последниот монах Наум. Починат пред седум месеци. Со години го негувал манастирот, секоја икона, секое парче од неговото минато живее. Записи за црквата има малку, младите го раскажуваат она што го слушнале од покојниот дедо Наум. Отец Игор, внимателно со голема почит го пренесуваше она што дедото несебично го раскажал и оставил на младите.

Манастирот бил дом и за старите икони на Светите апостили од 15 век, Свети богородица и Свети Јован, што биле изложувани во музеите во Париз и Лондон, но во домот не се вратени.

Во манастирот секој ден го посетуваат верниците од селото Кучково. Билјана по 21 година брак се венчале со сопругот во оваа црква. Среќна што помага, но тажна што дедо Наум повеќе го нема.

Манастирот има конаци, додека бил живо дедето доаѓале верници и да преспиваат од осветените чешми во дворот верниците се мијат за здравје и мир, болните веруваат во моќта и силата на големата енергија на прекрасната мала црква свети Ѓоргија. Мирот и природната убавина ве пречекуваат на само неколку километри од градот. Манастирот е полн за Ѓурѓовден и празникот свети Ѓорѓија. А за Велигден тука може да поминете убав ден со приказните на жителите кои се грижливи домаќини.


Хамас бара Израел да ги појасни своите услови за прекин на огнот

Милитантната група Хамас денеска побара од Катар и Египет, како посредници во преговорите со Израел, да ги појаснат условите на израелската делегација за договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Официјален претставник запознаен со преговорите изјави за „Тајмс оф Израел“ дека Хамас сака јасни услови за безусловно враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа.

Хамас, исто така, сака да обезбеди дека втората фаза од договорот ќе вклучува разговори за постепено и целосно повлекување на израелските трупи од Појасот Газа.

Во моменталниот договор не е објаснето на кого и кога би било дозволено да се врати во северниот дел на Газа.

Досегашниот договор меѓу Хамас и Израел, во неколку фази, вклучува ослободување на 33 заложници и во замена за прекин на борбите и ослободување на стотици палестински затвореници од израелските затвори. /МИА

Во Охрид одржан велигденски концерт

 Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.

-Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку визнатиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.

Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.

-Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

Со програмата што ја изведоа на Велигденскиот концерт во организација на НУ „Охридско лето“, Женскиот хор „Менада“ во октомври треба да настапи во Истанбул, Турција.

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Непознати лица синоќа фрлиле молотов коктел врз единствената зачувана предвоена синагога во Варшава која се уште служи како место за богослужба и се обиделе да ја запалат, соопшти полската полиција.

„Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Нозика во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа“, изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.

„Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија?“, реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски.

Таа синагога се реновира од 2008 година. /МИА

притисни ентер