Членовите на СДСМ избираат нов лидер на партијата во сенка на обвинувањата за нерегуларности

Над 23.000 членови на СДСМ кои се регистрираа за гласање, денеска избираат нов лидер на партијата, откако Димитар Ковачевски си даде оставка по изборниот дебакл на 8 мај. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Пеколен Ден на независноста во САД: Аларм за 150 милиони луѓе, температа над 46 степени (ВИДЕО)

Предупредување за екстремни температури и горештини е издадено за 21 сојузна држава ширум САД, каде денеска се слави Денот на независноста, еден од најголемите празници во земјата.

Како што јави „Ен-би-си њуз“, високи температури се очекуваат во западниот дел на земјата, а температурата ќе се искачи до 115 Целзиусови степени (46,1 Целзиусови степени).

Се очекува 130 градови да постават нови рекорди на високи температури на сите времиња, а најнови се Сан Рафаел и Ливермор, Калифорнија.

Покрај во Калифорнија, екстремни горештини се очекуваат и во Невада, Аризона, Вашингтон и Орегон. Овие се потенцијално опасни по живот временски услови. Топлината е водечка причина за смртни случаи поврзани со временските услови во САД.

„Влегуваме во потенцијално историски смртоносен топлотен бран“, предупреди Националната метеоролошка служба за областа на заливот Сан Франциско.

Се очекува топлотниот бран во Сан Франциско да трае 12 дена и да биде најлош во последните 18 години. Предупредување е издадено и во градот Лос Анџелес. Меѓу најранливите се бездомниците.

Гувернерката на Орегон, Тина Котек најави отворање на центри во кои граѓаните можат да се разладуваат. Алармантна е и ситуацијата во Феникс. Температурата во овој град вќе 16 дена е над 43 Целзиусови степени.

Полицијата потврди дека едно дете починало при планинарењето поради високата температура. Голем број градови ги откажаа или ги одложија парадите и огнометите планирани за денеска, бидејќи поради високите температури може да дојде до пожар поради употреба на огномети.

Додека на западниот дел на САД му се закануваат пеколни горештини, во централниот дел се стравува од торнада. Издадено е предупредување за торнадо во Мисури, делови од Канзас и Оклахома, каде живеат шест милиони луѓе.

Северина ги запали социјалните мрежи- скока преку оган во море (ВИДЕО)

Северина објави видео од одморот во Врник каде моментално ужива со пријателите и синот.

„И низ оган и во вода...“, напиша таа покрај видеото на кое се гледа како си игра со децата од островот, скокајќи преку огнот и потоа во вода во облека. „Исусе, толку е добро“, се слуша како вели пејачката во видеото.

„Најмладата душа“, „Вечно млада затоа што чува дете во себе“, „Како девојче“, „Жена што ги запре дваесеттите“, напишаа луѓето во коментарите.

Демократски сојуз: Времето на уцени од Радев заврши

Демократски сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија .

Демократски сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија или неспроведување на Договорот за добрососедство и Преговарачката рамка.

Бугарите во Македонија ги уживаат сите права како и другите етнички заедници, а Македонците во Бугарија немаат право ни на формирање на здруженија за негување на своите особености (јазични, културни итн).

Во врска со евроинтеграциите, Демократскиот сојуз ги афирмира следните три работи:

Прво, Советот на ЕУ, да донесе заклучок дека Македонскиот јазик ќе биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ.

Второ, Советот на ЕУ да донесе заклучок дека историските, јазичните, образовните и идентитетските прашања не можат да бидат основа за блокада на евоинтеграциите на Македонија.

Трето, да се обезбеди реципроцитет за правата на Македонците во Бугарија и правата на Бугарите во Македонија.

Во оваа насока ЕУ треба да инсистира на спроведување на одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, во врска со правото на здружување на Македонците во Бугарија.

Овие ставови се доставени и до Урсула Фон Дер Лајен и ЕУ, а се отворени и пред бројни странски дипломати.

Само со заемен респект и почитување на Копенхашките критериуми можно е да се разрешуваат отворените прашања и Македонија да се движи напред, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер