Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски
1Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски
Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
2Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
СветТрамп има убедливо водство пред Бајден во новите анкетиВо екот на дебатата за тоа дали актуелниот претседател Џо Бајден треба да ја продолжи кампањата за втор мандат, група на гувернери од неговата партија дојдоа на состанок со него во Белата Куќа, во обид да симболизираат единство.Тврдат дека стојат зад неговата кандидатура која беше доведена во прашање по дебатата со Доналд Трамп. Претходно и самиот Бајден соопшти дека нема намера да се откаже, иако дел од неговите сопартијци, па и некои од реномираните американски медиуми го повикаа да размисли. -Бевме искрени за тоа загриженоста што ја слушавме од луѓето. И исто така бевме искрени за фактот што додека претседателот континуирано ни велеше и ни покажа дека е целосно вклучен, а ние рековме дека ќе стоиме покрај него,- - Вес Мор – Гувернер на Мериленд. -Јас сум тука за да ви кажам денеска дека претседателот Џо Бајден е во трката за да победи. И сите ние ја изразивме нашата поддршка бидејќи влогот никогаш не бил поголем,- Кети Хочул – Гувернерка на Њујорк. -Пат до победата во номеври е приоритет број еден, и тоа е приоритет број еден за претседателот,- - Тим Валц – Гувернер на Минесота. Потврда дека Бајден останува фокусиран на кампањата дојде и од Белата Куќа. Портпаролката Карин Жан – Пјер која изминатите денови се соочува со бура од новинарски прашања за подготвеноста на Бајден да се кандидира, порача дека неговиот фокус е на на работата која ја врши и на кандидатурата за реизбор. Се останато според неа било лажно. -Претседателот продолжува понатаму. Продолжува понатаму со тоа да биде претседател, продолжува со неговата кампања. Во фокусот на претседателот е како да продолжи да ја врши таа работа и се друго што слушаме или што се известува е апсолутно лажно,- - Карин Жан – Пјер – Портпаролка на Белата куќа. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави видео од Трамп кој во приватен разговор одржан на терен за голф, трвди дека Бајден има намера да се повлече од трката, а на негово место да се кандидира потпретседателката Камала Харис. -Тој ќе се повлече од трката, да го избркав од трката. А тоа значи дека ја имаме Камала (Харис) мислам дека таа ќе биде подобра. Таа е толку лоша, таа е толку патетична. Можете да го замислите тој човек да се справува со Путин, и со претседателот на Кина кој е страшна личност, тој е страшен човек. Кога ќе го видат најверојатно... но, ќе соопштат дека најверојатно се повлекува. Ќе продолжам да ги соборувам,- - Доналд Трамп – Поранешен претседател на САД. Спроед последната анкета направена од реномираниот Њујорк Тајмс и колеџот Сиена, Трамп има предност од шест проценти пред Бајден. Станува збор за најголемо водство на Трамп во анкета на Тајмс/Сиена од 2015 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од ТошковскиСкандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски.Во ек на фемициди, насилства врз жени, убиства, нова скандалозна одлука за случајот со младата Росица во Велес. Власта и МВР се обидуваат вината да ја префрлат исклучиво врз обичните полициски службеници. Само полицајците да бидат виновни со цел да ги заштитат високите полициски функционери, командири, началници и раководители. Од 21 февруари до 15 септември 2025 година Росица Коцева пријавувала насилство и барала помош. Речиси седум месеци. Имало и судски мерки за нејзина заштита. И сега цела вина им се префрла само на полицајците. Зошто не се опфатени командирите, началниците и раководителите во тие седум месеци? Не можеле обични полицајци да држат пријави и изваштаи во фиока. Ако се виновни девет полицајци, тогаш покрај поединечната одговорност се поставува и прашањето дали системот не функционира или намерно штити одредени поединци. Обвинителството треба и Панче Тошковски да го опфати. Во јавноста беа изнесени наводи дека Росица му испратила порака со барање за помош на неговиот телефон. Зошто тоа не е направено? Да се провери, да се обезбеди комуникацијата. Зошто Тошковски не ги реазреши раководителите, командирот или началникот? Или тие што се ВМРО не смеат да се чепакаат? Обвинителството мора да ја испита целата линија на одговорност, од службениците што постапувале по пријавите, локалното раководство па се до министерот. Ова не е правда. Ова е неказнивост и заштита на раководните структури на ВМРО. Ова не е систем туку партиска контрола која работи по наредби од горе. Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид. Излегоа информации и сведоштва за наводна полициска бруталност и врз 15 годишно момче од Охрид. ВМРО се занимава само со заташкување и заштита на своите а сега гледаме дека се фокусирани и на тоа да ги запре протестите во земјата. И со кампања и со притисоци. Уште колку жртви треба да има за Тошковски да си поднесе оставка! Доста беше. Оставка Тошковски. Изјава, СДСМ, Кети Штерјова, пред МВР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаПОЦ ја отвори хуманитарната Зона H – паркирањето станува можност за хуманост и солидарностЈавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар", заедно со Општина Центар и Црвениот крст – Општинска организација Центар, денес, 19 ноември, официјално ја отвори хуманитарната Зона H.Зоната опфаќа посебно обележани хуманитарни паркинг-места, а средствата собрани од нивното користење ќе бидат наменети исклучиво за хуманитарни цели, во соработка со Црвениот крст – Општинска организација Центар. На официјалното отворање присуствуваа директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и секретарот на Црвениот крст – Општинска организација Центар, Валентина Колеска. Душко Коцевски, директор на ЈП ПОЦ, истакна дека хуманитарната зона претставува практичен начин јавната услуга да се поврзе со грижата за заедницата. „За ЈП Паркинзи на Општина Центар ова е практичен начин јавната услуга што ја даваме да ја поврземе со грижата за заедницата. Во соработка со Црвен крст – Општинска организација Центар и со поддршка на Општина Центар, сакаме да обезбедиме дополнителна помош за нашите сограѓани. Ги повикувам граѓаните да ја поддржат хуманитарната зона H и преку користењето на овие паркинг-места да се вклучат во помошта за оние на кои им е најпотребна", истакна Коцевски. Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, нагласи дека иницијативата е дополнителна можност за поттикнување на солидарноста и помошта во локалната заедница. „Со отворањето на хуманитарната зона H, на граѓаните им овозможуваме преку една секојдневна услуга да придонесат за хуманитарни цели. Ова е една од новините воведени со последните измени на системот на паркирање, со кои се стремиме кон поправична распределба и порационално користење на паркинг-просторот, а воедно внесуваме и хумана димензија во паркирањето. Со секое платено паркирање на овие места, придонесуваме за посолидарен Центар во кој се грижиме едни за други", истакна Герасимовски. Првата локација на хуманитарната Зона H се наоѓа на предната страна на Градскиот стадион, во секторот „Парк" на ПОЦ, а во наредниот период зоната ќе се проширува и на други локации. Хуманитарните паркинг-места се обележани со црвена и бела боја и со соодветна сигнализација. Корисниците треба да ги следат истакнатите упатства за пријавување и плаќање на паркирањето во Зона H. Со оваа иницијатива, ЈП ПОЦ, Општина Центар и Црвениот крст ја претвораат секојдневната паркинг-услуга во можност за солидарност, поддршка и помош на лицата и семејствата на кои им е најпотребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 годинаФилипче и СДС денес ја обвинуваат Алта банка и Давор Мацура. Но избегнуваат да одговорат за 2023 година.За време на нивната власт, токму денешните пратеници на СДС беа членови на Владата кои одобриле државното правобранителство да влезе во деловни односи токму со Алта банка и Давор Мацура. Ако имале информации за сомнителен капитал и за Давор Мацура, зошто тогаш не ја предупредиле јавноста? Кои проверки биле направени пред продажбата на акциите? И кој ја одобрил постапката? Денес Филипче и СДС се обидуваат да се претстават како заштитници на граѓаните. Лажните ПР политики не им проаѓаат кај граѓаните. Филипче не може да ги обвинува другите, а да молчи за одлуките донесени во време на СДС. Граѓаните заслужуваат одговор, зошто за Алта банка станаа гласни дури откако престанаа да бидат власт? Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter