Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!
2Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!
Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
2Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
СветПеколен Ден на независноста во САД: Аларм за 150 милиони луѓе, температа над 46 степени (ВИДЕО)Предупредување за екстремни температури и горештини е издадено за 21 сојузна држава ширум САД, каде денеска се слави Денот на независноста, еден од најголемите празници во земјата.Како што јави „Ен-би-си њуз“, високи температури се очекуваат во западниот дел на земјата, а температурата ќе се искачи до 115 Целзиусови степени (46,1 Целзиусови степени). Се очекува 130 градови да постават нови рекорди на високи температури на сите времиња, а најнови се Сан Рафаел и Ливермор, Калифорнија. Покрај во Калифорнија, екстремни горештини се очекуваат и во Невада, Аризона, Вашингтон и Орегон. Овие се потенцијално опасни по живот временски услови. Топлината е водечка причина за смртни случаи поврзани со временските услови во САД. „Влегуваме во потенцијално историски смртоносен топлотен бран“, предупреди Националната метеоролошка служба за областа на заливот Сан Франциско. Triple-digit temperatures expected over July Fourth holiday; nearly 150 million under heat alerts - NBC News https://t.co/VlrUJf0mzw — Anne Sagebiel (@AnnieSage) July 4, 2024 Се очекува топлотниот бран во Сан Франциско да трае 12 дена и да биде најлош во последните 18 години. Предупредување е издадено и во градот Лос Анџелес. Меѓу најранливите се бездомниците. Гувернерката на Орегон, Тина Котек најави отворање на центри во кои граѓаните можат да се разладуваат. Алармантна е и ситуацијата во Феникс. Температурата во овој град вќе 16 дена е над 43 Целзиусови степени. Полицијата потврди дека едно дете починало при планинарењето поради високата температура. Голем број градови ги откажаа или ги одложија парадите и огнометите планирани за денеска, бидејќи поради високите температури може да дојде до пожар поради употреба на огномети. Додека на западниот дел на САД му се закануваат пеколни горештини, во централниот дел се стравува од торнада. Издадено е предупредување за торнадо во Мисури, делови од Канзас и Оклахома, каде живеат шест милиони луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 годинаФилипче и СДС денес ја обвинуваат Алта банка и Давор Мацура. Но избегнуваат да одговорат за 2023 година.За време на нивната власт, токму денешните пратеници на СДС беа членови на Владата кои одобриле државното правобранителство да влезе во деловни односи токму со Алта банка и Давор Мацура. Ако имале информации за сомнителен капитал и за Давор Мацура, зошто тогаш не ја предупредиле јавноста? Кои проверки биле направени пред продажбата на акциите? И кој ја одобрил постапката? Денес Филипче и СДС се обидуваат да се претстават како заштитници на граѓаните. Лажните ПР политики не им проаѓаат кај граѓаните. Филипче не може да ги обвинува другите, а да молчи за одлуките донесени во време на СДС. Граѓаните заслужуваат одговор, зошто за Алта банка станаа гласни дури откако престанаа да бидат власт? Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Антропик“ собра рекордни 107,3 милијарди долари, вредноста достигна 1,5 билиони долариАмериканската компанија „Антропик“, која стои зад четботот „Клод“, постави нов светски рекорд со најголемата почетна јавна понуда на акции во историјата.Компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), производител на четботот „Клод“ (Claude), реализираше рекордна иницијална јавна понуда на акции (ИПО), преку која обезбеди 107,3 милијарди долари, вклучувајќи го и приватниот пласман. Компанијата продаде 956,4 милиони акции по цена од 83 долари, додека седумтемина коосновачи продадоа дополнителни 23,6 милиони акции. Цената беше повисока од првично планираниот опсег од 70 до 78 долари. Со берзанското деби, вредноста на „Антропик“ достигна околу 1,5 билиони долари, со што компанијата се вброи меѓу 15-те највредни котирани компании во светот. Anthropic е основана во 2021 година, а ја основале поранешни лидери на OpenAI. Денес, овие две компании се меѓу главните конкуренти во битката за превласт во секторот на вештачката интелигенција. Според текстот, OpenAI не очекува да излезе на берза пред следната година. Освен него, Anthropic се соочува со конкуренција од Google, американски и кинески стартапи и бизнисот со вештачка интелигенција на SpaceX. Финансиските извештаи откриваат дека Антропик веќе има преземено долг од 6,2 милијарди долари, што компанијата го опишува како „значаен“. И покрај високата пазарна вредност и интересот на инвеститорите, компанијата сè уште работи со загуба според стандардните сметководствени правила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со Алта банка во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк. Граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите. Банкарскиот систем е загрозен. Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија? Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите? Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ. Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра. Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа. Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема. Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат. Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир. Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите? Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат. Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија. Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон. Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки. Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие. Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter