Член на „Златна зора“ е екстрадиран од Брисел во Грција за да отслужи 13 години затвор - Канал 5

Член на „Златна зора“ е екстрадиран од Брисел во Грција за да отслужи 13 години затвор

Поранешниот член на грчката крајно десничарска партија Златна зора, Јанис Лагос, е екстрадиран денеска во Атина од Брисел, каде што бил член на Европскиот парламент.

Член на „Златна зора“ е екстрадиран од Брисел во Грција за да отслужи 13 години затвор

Пратениците на ЕУ му го одзедоа имунитетот на Лагос минатиот месец, отворајќи го патот за негово апсење и екстрадиција во Грција, каде што ќе отслужи затворска казна заедно со другите членови на партијата, според Ројтерс.

Лидерите на Златна зора, кои честопати поздравуваат слично како нацистите, се осудени во Грција во октомври за водење на криминална банда поврзана со злосторства од омраза за време на економската криза во земјата.Лагос, заедно со лидерот на „Златна зора“, Никос Михалолијакос и уште четворица пратеници, е осуден на 13 години затвор.

Лагос се очекува денеска да се појави пред грчкиот обвинител.Лагос го избегнал апсењето во октомври патувајќи за Брисел на ден пред објавувањето на одлуката на грчкиот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.

Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада.

И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието.

Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев.

Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен.

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

- До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

Расте бројот на заболени од канцер во Македонија.

Стојковски: Од 200 до 300 нови пациенти  годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти.

Од 200 до 300 нови пациенти има годишно.

притисни ентер