Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
1Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
2Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
КултураЧетириесет и шест години од смртта на Никола БадевДенеска се навршуваат 46 години од смртта на Никола Бадев, потсетува историчарот Петре Камчевски, нагласувајќи дека според многумина, станува збор за бардот на македонската народна песна.Камчевски информира дека во текот на долгата и успешна музичка кариера, Бадев имал снимено повеќе од 400 песни и голем број грамофонски плочи, а реализирал и голем број на концерти и турнеи во поранешна Југославија, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд итн. – Никола Бадев е исклучителна појава помеѓу големиот број на исполнители на македонски народни песни, но никој како него не го долови вистинскиот дух и мелос на македонската изворна народна песна. Со неговото вклучување во ансамблот на Радио Скопје, му се овозможи на овој народен пејач да го изгради и култивира неговиот исклучителен глас. Во ова нешто многу му помогнале етномузикологот Васил Хаџи Манов и Живко Фирфов, со што успеа да ја афирмира и издигне до највисок степен, изворната македонска народна песна и мелос, вели Камчевски. Додава дека Бадев на 10-годишна возраст започнал скришум да свири виолина и дека на почетокот во неговата музичка наобразба му помогнал вујко му. – Никола Бадев бил роден во 1918 година во село Глишиќ, денес приградска населба на Кавадарци. На 10 годишна возраст започнал скришум да свири виолина. Во неговата почетна музичка наобразба многу ми помогнал неговиот вујко Васил Неделков, кој пак самоуко свирел неколку музички инструменти. Уште како млад го сакал спортот, особено фудбалот, а во ФК „Југославија“ играл десно крило. Никола се оженил многу млад, а во бракот со сопругата Милка имал три деца. Веднаш потоа заминал на отслужување на воениот рок каде го затекнала Втората светска војна, раскажува Камчевски. Во септември 1944 година се вклучил во редовите на НО војска, во Втората македонска ударна бригада. По војната завршил курс за медицински техничари и работел во Кавадарци како санитарен инспектор-хигиеничар. – Со својот пријатен мелозвучен глас Никола веќе бил познат во Кавадарци и многумина барале да им пее на многу свадби и веселби. Во 1948 година Никола Бадев победил на Фолклорниот фестивал во Скопје и по препорака на многу негови другари заминал во Скопје. Во почетокот на неговата музичка кариера многу му помогнал Васил Хаџи Манов кој во тоа време работел како музички уредник во Радио Скопје. Својата прва грамофонска плоча Бадев ја снимил во 1952 година за „Југотон“, тоа била песната „Тешка беше нашата разделба, потсетува Камчевски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планиранотоЈавниот долг до крајот на 2027 година ќе достигне 59,7% од БДП, односно 12,3 милијарди евра, покажуваат проекциите на министерството за финансии. Наспроти обвинувањата на СДСМ дека долгот може да надмине 65%, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска уверува дека тој ќе остане под границата од 60%. Образложувајќи го Буџетот за 2027 година на брифинг со медиумите, Кочоска посочи дека за пензискиот фонд од централниот буџет ќе се префрлат околу една милијарда евра, додека за плати во јавниот сектор пак се планирани 931 милион евра, што е раст од 6,6 проценти. За капитални инвестиции се предвидени 663,4 милиони евра, од кои над 27 милиони за набавка на автобуси и два милиони евра за нови железнички композиции. За капитални расходи во одбраната пак се планирани дополнителни 136 милиони евра. Министерката оцени дека подготовката на буџетот била особено тешка поради геополитичките тензии и неизвесноста на меѓународните пазари. -Можам слободно да кажам дека ова е еден од најтешките буџети којшто го работело Министерството за финансии. И покрај сите овие предизвици коишто ги имавме при подготовка на буџетот, сепак влегуваме во 2027 година со стабилна буџетска позиција. Финансирањето на буџетскиот дефицит и сервисирањето на обврските е планирано да се одвива со комбинирано задолжување, со што знаете многу пати сме најавувале дека следната година ќе одиме со издавање на еврообврзница,- Гордана Димитриеска- Кочоска – министерка за финансии. Во меѓувреме, од опозициската СДСМ повторно излегоа со критики за предлог-буџетот. Претседателот на партијата Венко Филипче предупреди дека државата има наталожени обврски од 713 милиони евра кон јавни претпријатија, општини и компании, вклучително и за поврат на ДДВ, што според него ја загрозува ликвидноста на стопанството. -Сега се носи буџетот за следната година, после веќе многу брзиот ребаланс, што беше доказ за лошите економски политики. Нема пари за зголемување на платите во здравството, во образованието, во социјалата. Нема развојна компонента буџетот, немаше ни до сега,- Венко Филипче – претседател на СДСМ. Во собранието денеска продолжи комисијата за финансирање и буџет. Расправата за предлог-буџетот за 2027, за кој се поднесени повеќе од 300 амандмани, започна во петокот и се очекува да трае денестина дена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНародната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноемвриПрвата аукција за продажба на „Алта банка“ АД Битола ќе се одржи на 30 ноември.На продажба се понудени 372.742 обични акции, односно 95,336 отсто од вкупниот број акции на Банката, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај, соопшти Народната банка. Почетната цена е просечната берзанска цена на акциите од последните 6 месеци, односно 3.777 денари по акција, а ќе се продаваат по моделот „се или ништо“, што значи мора да се купи целиот пакет акции вреден 22,3 милиони евра. Ако акциите не бидат продадени на првата аукција на 30-ти, следните ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, а секоја наредна аукција ќе биде со попуст од 10 отсто во однос на претходната... Заинтересираните инвеститори имаат рок до четврток, 19 ноември да достават барање до Народната банка за претходна согласност, а треба да достават и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите, посочија од НБРМ.Гувернерот Славески, неодамна на прес-конференција изјави дека постојат шест заинтересирани банки, од кои две домашни. По инфорамцијата за закжаната аукција, од опозициската СДСМ обвинија дека Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Aлта банка двојно пниско, само, како што велат, за да ги прикријат сметките и трансакциите. -Aлта банка оди на берзанска продажба. Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Мицкоски и Славески планираат да ја дадат обезвреднето само за да ги прикријат сметките и трансакциите. По модел, прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе. Ниту една сериозна банка не сака да купи банка со вакво портфолио, велат од СДСМ. Од владејачката партија, пак со критики до СДСМ дека откако не успеале со ширење на паника и хистерија дека банката ќе пропадне и граѓаните ќе останат без пари, сега според нив опозициската партија тргнала со личен напад кон Мицкоски. - Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави Манасиевски. Во меѓувреме, државниот обвинител Ненад Савески прашан околу постапувањето на обвинителството за кривичните пријави кои ги поднесоа гувернерот Славески и опозицискиот СДСМ за случајот со Алта банка, повтори дека обвинителството постапува доколку утврди постоење на кривично-правен настан во овој случај, но во моментов како што рече, не може да соопшти повеќе инфоирмации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командирНа свеченост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа доделени уверенија за завршена шестмесечна обука на 81 шумски полицаец и на еден заменик-командир.Министерот Серафимовски посочи дека засилувањето на Шумската полиција со нови човечки ресурси доаѓа на почетокот на грејната сезона, кога се очекува поголем притисок врз шумите. Тој истакна дека со вклучувањето на новите полицајци, Шумската полиција ќе може да спроведува повеќе контроли за да ја спречи бесправната сеча и да открива случаи на превоз и продажба на дрва од незаконско потекло. „Законот треба да важи подеднакво за секого, без оглед на името или функцијата. Држете се до фактите и постапувајте во рамките на своите законски овластувања. Ја имате целосната моја поддршка во борбата против криминалот со нашето шумско богатство“, им порача министерот Серафимовски на новите припадници на Шумската полиција, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter