Четиричлено семејство, сите позитивни на ковид – 19, спречени да полетаат од Скопје за Норвешка - Канал 5

Четиричлено семејство, сите позитивни на ковид – 19, спречени да полетаат од Скопје за Норвешка

Четиричлено семејство позитивни на коронавирусот во неделата на скопскиот аеродром биле спречени во намерата да се качат на авион за Норвешка.

Четиричлено семејство, сите позитивни на ковид – 19, спречени да полетаат од Скопје за Норвешка

Мајка и три деца покрај позитивниот тест и решението за самоизолација решиле да патуваат, но сепак службите реагирале навреме и ги спречиле.

Од Комисијата за заразни болести, за интернет порталот „сакам да кажам“ кој што ја објави оваа информација, велат дека лицата кои патуваат од земјава, најчесто се иселеници, во голем дел со двојни државјанства, кои се враќаат тука за свадби и други семејни прослави и потоа се враќаат на работа во западна Европа, бидејќи со дозвола за преестој за нив не важат рестрикциите

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк на панел, чиј домаќин беше финскиот претседател

Во рамки на престојот во Њујорк, учествував на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин беше претседателот на Република Финска, Александар Стуб.

Мицкоски во Њујорк на панел, чиј домаќин беше финскиот претседател

На панелот разговаравме за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици.

Воедно, остварив средба и разговор со претседателот Стуб, на која ги истакнавме значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција, објави на ФБ премиерот Христијан Микцкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)

Првенството „Роботски воин“, на кое ќе учествуваат и хуманоидни и четвороножни роботи, ќе се одржи во октомври во Пекинг, објави Комитетот за управување со зоната за економски и технолошки развој.

Дали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)

Роботите ќе се натпреваруваат во спасувачки операции за време на вонредни состојби и природни катастрофи (земјотреси, поплави, пожари) и ќе извршуваат задачи во средини со висок ризик.

Предизвици со пречки

Покрај тоа, овие интелигентни машини ќе ги демонстрираат своите вештини во следењето и управувањето со урбаната инфраструктура, објавува „Глобал тајмс“.

Настанот во Пекинг има за цел да го забрза развојот и имплементацијата на роботиката во услови на реалниот свет.

Програмата на првенството вклучува 14 видови предизвици со пречки. Според сценариото, роботите ќе се искачуваат по стрмни падини, ќе се движат по урнати мостови и низ урнатини.

Како што е наведено, досега 24 тима аплицирале за учество на ова натпреварување. Тие ќе се натпреваруваат во шест категории врз основа на контрола (далечинска или автономна навигација) и тип на возило (хуманоидно, четвороножно или на тркала).

Платформа за обука

Хуманоидните роботи на првенството ќе извршуваат задачи како што се отворање врати, деактивирање експлозивни направи, затворање вентили и гаснење пожари.

Други машини ќе бидат тестирани преку инспекција на тунели, враќање на електричната енергија, реагирање на водни итни случаи и испорака на товар низ пречки.

YouTube video

За да ги подготват учесниците, организаторите ја лансираа платформата за обука BotWorld, која им нуди на роботите 14 задачи за симулација на ситуации што опфаќаат навигација на терен и интерактивни операции. Тимовите ќе имаат пристап до материјали за обука и ќе можат виртуелно да ги вежбаат потребните вештини.

Домаќин на предизвикот „Роботски воин“ ќе биде високотехнолошката компанија Шангиченг во Пекинг од 17 до 18 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Арбен Таравари во „Само интервју“

Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми?

Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед?

Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени?

Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер