МакедонијаЧетири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеДве лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 03.07.2026 во 01:55 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45 годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 00:10 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.07.2026 вo 19:00 часот во СВР Скопје 80-годишен маж пријави дека околу 14:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата ќерка С.И.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.07.2026 во 23:55 часот полициски службеници од Полициско одделение Кривогаштани во с. Боротино, општина Кривогаштани го лишија од слобода Б.С.(29) с. Боротино, затоа што во семејниот дом упатувал закани кон неговиот татко. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 02.07.2026 во 14:55 час во ОВР Кичево, 40-годишна жена пријави дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 29.10.2026 во 20:15 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода С.С.(49) од Велес. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети. С.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.Тагови: Велес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во КавадарциГодина на големи инвестиции и развој.Градоначалникот Митко Јанчев презетираше отчет за сработеното во Општина Кавадарци. -Една година работа, големи чекори за Кавадарци. Во изминатата година Кавадарци продолжи да се развива со силно темпо, преку реализација на капитални проекти кои создаваат подобри услови за живот, современа инфраструктура и нови можности за сите наши сограѓани, изјави Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во ЈегуновцеПоминаа пет години, градоначалникот на ВМРО-ОКГ Димитар Костадиноски не ги исполни ветувањата пред граѓаните.Вети противпожарно возило кое што е изгласано од советот, за потоа да го поништи тендерот , не е реализирано ова ветување. Пат кој што е асфалтиран во времето кога СДСМ беше локалната власт, во 2020 година и беше без поголеми оштетувања ,сега е изваден асфалтот и пак ќе го асфалтира. На ОЈП Јегуновце кое што е загубар, секој месец му се префрлаат пари, од 300 до 400 000 денари. Но затоа спроведува партизација, во планот за систематизација се предвидени нови работни места. Ја затвори единствената библиотека во Општината, зградата на библиотеката ја пренамени во училиште , без притоа да има минимални услови за настава. Во неколку квадрати се направени 2-3 училници , нема простор ниту услови за настава. Учениците од 1ви септември се носеа со комбиња во с.Враттница, по 20-25 ученика во едно комбе. Во спортската сала, која е во импровизирани училници, нема ниту минимални услови за учење. Но затоа удри по џебот на народот. Зголемен е надоместокот за градба на семејни стамбени и деловни згради,линиски и инфраструктурни објекти. Зголемен е паушалот за собирање на отпадот за 25%. Го зголеми данокот на имот 2 до 3 пати. А Јегнувце нема пари. Па каде завршуваат овие пари? После две години локална власт на ВМРО и Костадиновски граѓаните гледаат неспосодбност, неисполенти ветувања и удар по стандардот на народот. Стефан Јанчевски, претседател на Општинската организација СДСМ, ЈегуновцеТагови: Јанчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter