Четири лавови се заразени со корона во зоолошката градина во Барселона - Канал 5

Четири лавови се заразени со корона во зоолошката градина во Барселона

Во зоолошката градина во Барселона, четири лавови добиле позитивни резултати од тестот за ковид-19, пренесува Sky News.

Четири лавови се заразени со корона во зоолошката градина во Барселона

Станува збор за три 16-годишни женки (Зала, Нима и Ран Ран) и едно четиригодишен мажјак под име Киумбе. Тие биле тестирани откако вработените забележале благи симптоми на болеста кај тие четири животни.

Во зоолошката градина велат дека имаат благи симптоми на грип, но немаат потешкотии при дишењето. Чуварите им давале антиинфламаторни лекови по упатство од ветеринари, објави Ел Паис.

Ова е втор пат како ковид-19 се пријавува кај големи мачки во зоолошка градина. Прво се случило во зоолошката градина во населбата Бронкс во Њујорк кога четири тигри и три лава биле заразени со короната во април. Сите животни закрепнаа.

Ветеринарната служба во Барселона објави дека контактирале со колегите од Њујорк и од нив побарале совет.

Инфекцијата е откриена со PCR тестови на ист начин како и кај луѓето, бидејќи животните се навикнати да контактираат со своите чувари. Минатиот месец, двајца чувари во зоолошката градина во Барселона добиле позитивен тест за ковид-19.

„Ел Паис“ наведува дека заразените чувари работеле прецизно со лавовите, но зоолошката не ја потврдила оваа информација. Официјалните лица започнале истрага која треба да открие како се заразиле лавовите.

Заразените лавови веднаш биле изолирани и не биле во контакт со други животни, објавиле од зоолошката градина, која што сè уште е отворена за посетителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот теснец е означен како „Трампов теснец“.. 

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Мапата е објавена на „Трут Соушл“. Трамп претходно предложи теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД.

Во меѓувреме, Иран им нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја им предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на теснецот во рок од една недела.

Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

Македонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија.

Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Во Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер