Чествување на Св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши - Канал 5

Чествување на Св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши

Државно-црковна делегација на Македонија, предводена од претседателот на собранието Африм Гаши, во Рим ќе му оддаде почит на Св. Кирил, во рамки на традиционалната манифестација посветена на сесловенските просветители. 

Чествување на Св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши

Поклонението во чест на Св. Кирил ќе биде утре во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што свештенослужители на Македонската православна црква, предводени од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ќе одржат молебен на гробот на светителот и творец на словенската писменост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација, посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот.

СЗО: Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. Тој ги опиша горештините како „тивок убиец“ што може да биде спречен доколку Европа само ги примени алатките и мерките што веќе ги има на располагање.

Според СЗО, екстремните горештини секоја година предизвикуваат зголемен број заболувања и предвремени смртни случаи, како и економски загуби од повеќе милијарди долари..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран и САД разменуваат оган – тројца индиски морнари загинаа кај Оман

Блискиот исток не мирува. Иран возврати на последните американски напади и испали проектили кон американските бази во Кувајт и Бахреин.

Иран и САД разменуваат оган – тројца индиски морнари загинаа кај Оман

Претходно, иранското министерство за надворешни работи остро ги осуди американските воздушни напади врз Техеран, велејќи дека нападите го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“.

Реакција од Техеран дојде откако американската војска започна нов бран воздушни напади користејќи поморски и борбени авиони, а Вашингтон ги оправда овие операции со правото на самоодбрана по претходното соборување на американскиот хеликоптер „Апачи“.. Во американските напади, загинале и тројца индиски морнари откако бил погоен танкер во близина на Оман.

Индиските власти соопштија дека тројцата членови на екипажот, кои првично се водеа како исчезнати, се пронајдени мртви, додека останатите 21 лице од екипажот биле спасени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 1,3 милиони денари исплатени за новороденчиња во првата половина од годината, исплатите се редовни

Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со  реализирани 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања.

Герасимовски: 1,3 милиони денари исплатени за новороденчиња во првата половина од годината,  исплатите се редовни

За новороденчиња родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен и изнесува 10.000 денари. Претходно, надоместокот изнесуваше 7.000 денари, што претставува зголемување од 50%.

„Го зголемивме надоместокот од 7.000 на 10.000 денари со цел да им помогнеме на семејствата во најчувствителниот период, кога добиваат нов член и се соочуваат со зголемени трошоци. Секое дете е наша радост, иднина и најголемо богатство “, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

За остварување на правото на парична помош за новороденче потребна е следната документација: барање за доделување парична помош за новороденче; копија од извод од матична книга на родените за новороденчето; копии од важечки лични карти од родители, со адреса на живеење или престој во Општина Центар; копија од трансакциска сметка на барателот.

Образецот за барање за 2026 година е достапен на општинската веб-страница.

Локалната самоуправа континуирано ја реализира оваа мерка за поддршка на семејствата и унапредување на квалитетот на животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер