Честитка од претседателот Пендаровски, по повод 2 Август – Илинден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Македонија.

– Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода и независна држава. Благодарение на нив, денес живееме во мир и во своја, меѓународно признаена држава. Затоа никогаш не смееме да го заборавиме нивниот придонес и инспирирани од нивното дело треба да продолжиме да работиме на благосостојбата и просперитетот на државата, почитувајќи се меѓусебно. Мораме да бидеме доблесни и да ја признаеме нивната жртва, свесни дека ништо ниту почнува, ниту завршува со нас, се вели во честитката од Пендаровски.

Годинава Илинден го прославуваме со крупен исчекор кон целосна реализација на стратешките цели, полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, што значи, подвлекува Пендаровски, гаранција за безбедноста, суверенитетот и економскиот напредок, со што ги остваруваме идеалите и визиите и на илинденците и на асномците.

– Но, исто така, Илинден годинава го дочекуваме и сред пандемијата со Ковид-19 како огромна закана за здравјето, но и за егзистенцијата и начинот на живот, не само кај нас, туку и во целиот свет. Ова е време кога мораме да се сплотиме и заеднички да излеземе како победници од оваа ситуација. Во оваа борба не ни треба оружје, туку, одговорност, солидарност, дисциплина, трпеливост и слога. Поради сите жртви во минатото и почитта и долгот кон нашите предци, но и поради иднината на нашите деца и на нашата држава, да ги заборавиме сите несогласувања и нетрпеливости и обединети да излеземе како победници, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.

До Град Скопје досега пристигнати 2.150 апликации за субвенции за инвертери

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Град Скопје

117 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19.

Верификационата комисија, со која претседаваше пратеничката од редовите на СДСМ, Јагода Шахпаска го разгледа Извештајот на Државната изборна комисија од спроведените предвремени избори, одржани на 15 јули 2020 година и му предложи на Собранието да ги верификува мандатите на 120 пратеници во новиот парламентарен состав.

На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме" предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија" на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.

Во пратеничките клупи во десеттиот парламенарен состав од редовите на коалицијата „Можеме" ќе седнат Никола Димитров, Мила Царовска, Дамјан Манчевски, Моника Зајкова, Дарко Каевски, Горан Мисовски, Кастриот Реџепи, Марија Георгиевска, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Мухамед Зеќири, Даниела Маркоска, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска, Бастри Бајрами, Љупчо Николовски, Јагода Шахпаска, Сашко Николов, Маја Морачанин, Ненад Коциќ, Соња Михаиловска, Љупчо Балкоски, Марија Ангелова, Илија Николовски, Зоран Заев, Соња Мираковска, Миле Талевски, Даниела Колева, Панчо Минов, Марија Костадинова, Костадин Костадинов, Лолита Ристова, Павле Трајанов, Коле Чаракчиев, Радмила Шекеринска-Јанковска, Јован Митрески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Лазе Таневски, Бети Рабаџиевска Наумовска, Енес Ибрахим, Боби Мојсоски, Жаклина Лазаревска, Биљал Касами, Фаница Николоска, Бејџан Иљас, Фадил Зендели.

Од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пратенички функции добија Гордана Сиљановска-Давкова, Тимчо Муцунски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Љупчо Димовски, Љупчо Пренџов, Велика Стојкова-Серафимовска, Владо Мисајловски, Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стоилковиќ, Жаклина Пешевска, Дарко Костовски, Бојан Стојаноски, Игор Јанушев, Иван Јорданов, Благица Ласовска, Иванка Василевска, Стојан Миланов, Игор Здравковски, Миле Лефков, Никола Мицевски, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Александар Николоски, Ане Лашкоска, Дајанчо Ефтимов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелинка Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, Игор Дурловски, Антонијо Милошоски, Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лозановска, Ѓорѓија Сајкоски, Лидија Петкоска, Дафина Стојаноска, Александар Велјановски.

Од редовите на ДУИ во новиот собраниски состав влегоа Изет Меџити, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Берат Ајдари, Мерита Колчи-Коџаџику,Талат Џафери, Исмаил Јахоски, Арбана Пашоли, Али Ахмети, Фљорин Бесими, Арта Билали-Зендели, Насер Нуредини, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми, Бајрам Кадрија.

Алијаса за Албанците и Алтернатива добија 12 мандати, а во пратеничките клупи ќе седнат Скендер Реџепи, Абдула Салиу, Африм Гаши, Елми Азири, Сафије Садики Шаини, Сурија Рашиди, Зиадин Села, Атнан Незири, Илире Даути, Хусни Исмаили, Халил Снопче, Артина Ќазими.

Од редовите на Левица во собранискиот состав влегоа Димитар Апасиев и Борислав Крмов. ДПА во десеттиот собраниски состав има еден пратеник, лидерот Мендух Тачи.

Четириесет и три жени освоија мандати во овој пратенички состав, додека 77 пратеници се мажи.

Две од четирите точки поминаа на денешната конститутивна седница, а трета и четврта точка на оваа конститутивна седница се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието на Република Македонија, но по овие точки, според најавата на Џафери, ќе се расправа кога ќе се создадат услови за тоа. /МИА

МЗ: На кардиологија за првпат изведено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорт

Од Клиниката за Кардиологија информираат дека за првпат самостојно од тимот лекари беше изведено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта кај 42 годишен пациент.

На пациентот му било дијагностицирано раскинување на ѕидот на градната аорта, по сообраќајна незгода со повеќе скршеници на коски и повреда на белите дробови. Ова претставува животно загрозувачка повреда која носи ризик од масивно крварење, без можност за прекин, поради што смртноста е скоро 100%.

Итно беше организиран тим од двајца интервентни кардиолози д-р Жан Зимбаков и д-р Оливер Бушљетиќ, васкуларен хирург д-р Мишел Андов и анестезиологот Стефанија Ханџиска.

„Стентирањето на аортата, успешно го изведуваме при аневризми (проширувања) на дел од градната и стомачна аорта. Тоа ни овозможи да ја примениме оваа техника и кај вакви итни состојби, кои се со висока смртност. Овие процедури, заедно со ТАВИ процедурите (не-хируршко поставување на аортна валвула), стентирањето на артериите на вратот и нозете, се дел од секојдневната работа на клиниката, со голема бројка на интервенци. Тоа е неопходно и основно, пред многу други работи, за да се постигне висок квалитет и успех кај овие процедури. Со високиот број на интервенции и целосната материјална опременост која ја имаме, нашиот центар е единствен и водечки во земјата, и на ниво на најголемите европски центри", изјави директорот на Клиниката, д-р Жан Зимбаков.

Во ангио-сала на клиниката, кај пациентот, во целосна анестезија, беше направена хируршка препарација на артерија на ногата, со што се отвора место во артеријата за да се внесе посебен вид на стент обложен со материјал. Стентот со дијаметар 30 мм и должина 200 мм, беше поставен веднаш после артерија субклавија, односно артеријата која носи крв во левата рака и главата. Сложеноста на оваа процедура е позиционирањето на стентот. Тој треба да го покрие раскинувањето на ѕидот на аортата, кое беше на самиот отвор на артеријата за раката, но притоа стентот да не го прекине протокот на крвта за раката и главата.

Процедурата помина уредно, со целосно покривање на оштетувањето на аортата и со зачуван проток кон раката и главата. Артеријата на ногата хируршки беше "сошиена", а пациентот успешно разбуден после анестезијата.

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

притисни ентер