Честитка од претседателката Сиљановска- Давкова по повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј - Канал 5

Честитка од претседателката Сиљановска- Давкова по повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј

Честитка од претседателката Сиљановска- Давкова по повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Честитка од претседателката Сиљановска- Давкова по повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј

Почитувани сограѓани,

Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа!

Такви се солунските браќа, творците на глаголицата, објавувачите на божјата вистина на старословенски јазик, втемелувачите на сесловенската историја, описменувачите и просветителите на словенските народи.

Нивното благословено и благородно дело и денес има обединувачка моќ и се смета за заедничко историско и цивилизациско наследство.

Колку ли благодарни треба да им бидеме за сеуште живото и почитувано слово, без кое, ниту оние пред нас, ниту ние, не ќе можевме да ги разбереме богослужбените книги, ниту да читаме, учиме, пишуваме и твориме, односно да се просветуваме и просветлуваме.

Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народите, меѓу кои и на македонскиот.

Впрочем, само описменети можеше да се самоосвестиме и ослободиме, најпрво од незнањето, а потем и од потчинетоста од секаков вид.

Да потсетам, во деветтиот век, кога писменоста била привилегија, а словото орудие на духовна и политичка доминација, светите Кирил и Методиј ја започнуваат својата просветителска мисија меѓу словенските народи како апостоли на писменоста, знаењето и духовната еманципација.

Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку во отворањето можност словенскиот човек, сопствената мисла, вера и културна самосвест да ги артикулира на јазикот што го разбира и чувствува како близок и свој, борејќи се за него и бранејќи го.

Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност што еден народ ги пренесува низ времето, од генерација на генерација.

Во време на неизвесност, длабоки поделби и сè поизразена отуѓеност, 24 Мај нè потсетува дека без култура, образование и наука, но и без вредносен систем , ниту едно општество не може да изгради меѓусебна доверба и заедништво.

Честит 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Две и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат. 

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари.

5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот.

Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан.

За тоа време, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај.

Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата.

Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот.

Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб.

Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години.

Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година.

Бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот. И секако ново задолжување на грбот на народот.

Тотален економски дебакл.

Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација.

Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ.

Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите.

„Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери.

Скопје, 05.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците

Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците.

Денеска се очекува  500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците

Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците, по неколкудневните протести обележани со судири со полицијата, оштетување на училиштата и улично насилство.

Демонстрациите, кои се проширија низ неколку поголеми градови, доведоа до палење канти за ѓубре и други предмети, фрлање проектили врз безбедносните сили и оштетување на училишни згради.Дваесет и четири од 735 училишта погодени од протестите се „запалени или ограбени“, рече францускиот министер за образование исто така информираше дека „78 членови на персоналот“ од министерството за образование се повредени „од почетокот на настаните“.Довеле до речиси 5.000 апсења од понеделник.Движењето започна пред две недели во средното училиште „Сент Егзипери“ во Кретеј, во париското предградие, во поддршка на наставниците што штрајкуваат, кои го осудуваат недостатокот на персонал и ресурси. Потоа доби на интензитет и постепено се прошири низ целата земја во текот на изминатата недела.учениците, меѓу другото реагираа и за небезбедните и нехигиенски згради, премногу часови, и недостатокот на персонал, некои, исто така, ја оспоруваат забраната за мобилни телефони во училиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер