Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите - Канал 5

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби.

Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права.

Има ли поголема потврда за демократската зрелост на македонскиот политички систем, како и за инклузивноста на македонското општество кон сите заедници?

Со својот сестран општествен придонес, Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле!

Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите! Вечен да е!, се наведува во честитката на претседателката Сиљановска- Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавна расправа во Собранието за предлог законот за оружје заради усогласување со ЕУ регулативата

Физичките лица ќе може да поседуваат најмногу 10 парчиња оружје и да купат до 500 куршуми годишно

Јавна расправа во Собранието за предлог законот за оружје заради усогласување со ЕУ регулативата

Физичките лица ќе може да поседуваат најмногу 10 парчиња оружје и да купат до 500 куршуми годишно, ерсофт и пејнтбол направите за спортски игри ќе мора да се пријават, листата на забранети оружја ќе се прошири, а ќе се воведат и построги правила за трговија и трансфер.. Ова се дел од новините кои се предвидени со новиот закон за оружје кој го предлага Владата со европско знаменце. На јавната расправа со собранието од МВР порачаа дека целиот текст е скроен за усогласување со ЕУ регулативата, да се намалат ризиците за јавната безбедност и да се стави крај на досегашните проблеми во пракса.

-Овој закон не е пишуван зад затворени врати. Гласот на луѓето кои секојдневно работат со оружјето – ловците, стрелците, стопанствениците, е вграден во решението што го предлагаме. Главните придобивки може да ги сублимираме во три зборови – побрзи процедури, зајакната безбедност и подобри услуги за граѓаните.Јован Алтанџиев помошник министер за граѓански работи.

Засегнатите организации како комората за приватно обезбедување, стрелачката и ловечката федерација, ги кажаа своите критики во Собранието. Дел од нив целат дека воопшто не биле повикани за консултација кога се пишувал законот, други пак забележаа дека се воведуваат неприменливи правила.

-Зошто за некое оружје за кое се бара само потврда а не и дозвола за набавка, треба да има дозвола за носење? Во овој случај ние сметаме дека е сосема доволен налогот за носење оружје и легитимацијата бидејќи работниците за приватно обезбедување додека стигнат до моментот на легитимација тие веќе ја поминале обуката за ракување со оружје.Верица Милевска Стефановска - Комора за приватно обезбедување.

-Успеавме да се зголеми годишната количина на муниција и истата да се купува без одобренија за имателите на оружје, додека истата да биде неограничена за активните спортски натпреварувачи. Исто така голем бенефит е дигитализацијата за поднесување барање за оружје и муниција.Јордан Тасевски –Македонска спортска стрелачка федерација.

-После неколку децении исчезнаа зборовите пневматско и тетивно оружје, а останаа само зборовите огнено оружје, што не е фактичка ситуација бидејќи во оплимписките спортови се употребува и огнено и пневматско и тетивно и ладно оружје,-Владимир Пандовски – дипломиран детектив.

Постоечкиот закон за оружје е донесен во 2005 година и е менуван 15 пати. МВР одлучило овојпат да изготви целосно нов текст бидејќи поголемиот дел не бил во согласност со европските критериуми.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 септември почнува да сообраќа градски воз од Зелеинково до Скопје, за почеток ќе сообраќаат два воза

На очекуваниот старт на градскиот воз од први септември, на маршрутата од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје, ќе транзитираат два воза се додека не се обезбедат повеќе возни средства, најавуваат од Македонски железници. 

Од 1 септември почнува да сообраќа градски воз од Зелеинково до Скопје, за почеток ќе сообраќаат два воза

Меѓутоа и со овој капацитет се очекува голем интерес кај граѓаните да се вратат на користење на железничкиот превоз поради значително намаленото време поминато во патување и застој во градскиот метеж - додаваат оттаму.

-Од први септември, во зависност од периодот – во утринските часови ќе бидат два а понатака по еден се додека не се комплетираме со возните средства. 18 пара возови треба да бидат на една траса, значи тоа се негде околу 54 воза на сите три траси, меѓутоа кога ќе се комплетираат сите три. Ние во моментов имаме обезбедено возни средства за да тргнеме од први септември, а во меѓувреме сме во постапка и преговори за да обезбедиме нови возни средства кои што би требало да стигнат во текот на наредната година--Горанчо Јовановски, директор на Патнички сообраќај во Македонски железници.

Од Железничка инфраструктура најавуваат дека реконструкцијата и на останатите две делници од проектот Градски воз ќе започне наесен.

-За другите две фази што се од Волково преку Ѓорче Петров, Скопје Север и Миладиновци – Илинден – Маџари па се до Скопје, за овие две фази имаме објавено постапка за избор на проектант, за подготовка на техничка документација, со градежни активности да се започне истата година, некаде кон есен. -Ивана Биковска, помошник директор за пруги во Јавно претпријатие за железничка инфраструктура.

Сепак, состојбата на самите железнички станици и условите за патниците треба да се подобрат со цел да привлечат повеќе корисници, велат од невладиниот сектор.

-Моментално, железничките станици се делумно руинирани, второ се недостапни за лицата со посебни потреби, за велосипеди, но исто така се и многу далеку од густо населените места. Значи треба да има координација со ЈСП за некои линии, можеби со минибуси или нешто друго кои ќе ги носат од главните автобуски станици до железничките,- -Дарко Арсовски Петровски, експерт за урбана одржлива мобилност во Гоугрин.

Од Македонски железници додаваат дека засега се уште не е дефинирана цената на билетот која по најавите на министерот за транспорт – Николовски, би требало да не е повисока од онаа за приградските автобуски линии.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје

Се гледа ли крај на сагата со 62 годишниот кумановец со шизофренија кој заради семејно насилство и полов напад на малолетник  треба да добие неколку месечно лекување во психијатриската болница во Скопје.

Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје

Директорот на болницата Иса Авдули за Канал 5 потврди дека со дополнувањето на втората пресуда на основниот суд во Куманово каде се потенцира дека освен лекување потребено и задржување на пациентот во судското одделение Центарот за социјални грижи и полицијата од Куманово може да го донесат уште денеска.

„Во претходното решение на судот стоеше само лекување, но не и задржување во болницата за болничко лекување. Ние ако го задржевме без да наведе судот дека треба и да се задржи во болница ќе направевме кривично дело“-Иса Авдули директор Психијатриска болница – Скопје.

Потенцира директорт Авдули. Канал 5 за 62 годишниот кумановец објави дека фамилијата имал над 50 пријави за семејно насилство но никогаш до крајот институциите не ја завршиле процедурата, се до објавувањето на сторијата. Фамилијата се надева дека и за доброто на родината, тој ќе добие соодветно болничко лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер