Чеферин: Ќе ги казниме сите суперлигаши, а најмногу Реал, Барселона и Јувентус - Канал 5

Чеферин: Ќе ги казниме сите суперлигаши, а најмногу Реал, Барселона и Јувентус

Во интервју за Дејли Меил, Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, им се закани на сите, а особено на преостанатите членови на Суперлигата, кои ги исмејуваше.

Чеферин: Ќе ги казниме сите суперлигаши, а најмногу Реал, Барселона и Јувентус

"Сите 12 клуба кои ја основаа Суперлигата ќе бидат казнети. И покрај фактот дека огромното мнозинство од нив ја признаа својата грешка, се покајаа за тоа и го напуштија тој чуден проект, не можеме да се преправаме дека ништо не се случило. Во следните неколку дена ќе видиме како ќе ги казниме“, открива Чеферин. Сепак, тој додава:

"Постои јасна разлика помеѓу англиските клубови и преостанатите шест. Челзи, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Јунајтед први се повлекоа од Суперлигата и ја признаа својата грешка. Потоа доаѓа триото што излезе подоцна : Атлетико, Милан и Интер. Конечно, последните и групата чија вина е најголема, е онаа во која се Реал, Јувентус и Барселона. Тие се како ликови од апсурдни карикатури од Монти Пајтон. Тие ги уверуваат сите дека Суперлигата сè уште постои, иако експресно пропадна. Сите овие три групи ќе бидат казнети, но последната ќе биде најстрого казнета “.

Чеферин, сепак, не открива како: „Не сакам да кажам дека ќе се отвори дисциплинска постапка против нив, но мора да биде јасно дека сите тие ќе мора да ја понесат вината во зависност од тоа во која група се наоѓаат. Дали тоа ќе биде казна на дисциплинската комисија на УЕФА или Извршниот комитет, ќе видиме, рано е да се каже “.

Да додадеме дека, спротивно на натписите на многу странски и домашни медиуми, Чеферин во интервјуто не спомнал никаде дека некој од споменатите клубови ќе биде исфрлен од Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер