Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
2Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
3Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
БалканЧавушоглу во Белград најави дека Ердоган наскоро ќе го посети регионот Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Белград изјави дека добрите српско-турски односи се должат на „исклучителниот политички дијалог“ меѓу претставниците на двете земји.Чавушоглу најави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наскоро повторно ќе ги посети Србија и регионот. Говорејќи на заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот колега Никола Селаковиќ, Чавушоглу ја нагласи желбата на Анкара да ги „одржи најдобрите односи“ со Белград, велејќи дека „Србија игра важна улога во стабилноста во регионот“. Тој вети дека Турција ќе продолжи да го поддржува дијалогот Белград-Приштина и да учествува во инфраструктурните проекти и да дава помош во снабдувањето со гас во регионот. Чавушоглу, илустрирајќи ги добрите односи, посочи и дека Србија е „шестата земја со која Турција има договор за минување на границата со лична карта“. Во текот на денот со шефот на турската дипломатија одвоено разговарале српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на парламентот Ивица Дачиќ. Во разговорите била истакната важноста на инвестициите на турските компании, кои во моментов вработуваат околу 10.000 домашни работници во Србија, како и учеството во различни инфраструктурни проекти. Во разговорот со Вучиќ било истакнато значењето на изградбата на автопатот Белград-Сараево како најважен проект што ќе се реализира со финансиска помош на Турција. Во делот на енергетиката, доминантна тема била изградбата и експлоатацијата на Турски тек, кој овозможува снабдување со гас на Србија и регионот. Српскиот министер за надворешни работи Селаковиќ оценил дека односите меѓу Србија и Турција денеска се „на историски врв“, особено во економијата. Селаковиќ нагласил дека трговската размена меѓу двете земји изнесува две милијарди евра, додека само во првите четири месеци од годинава достигнала 585 милиони евра, додавајќи дека турските инвеститори „не губат интерес за инвестирање во Србија“. Посетата на турскиот министер за надворешни работи ја одбележа анонимна дојава за поставена бомба во Министерството за надворешни работи, која била испратена по разговорите Селаковиќ-Чавушоглу, па зградата на министерството била накратко евакуирана додека специјалните единици на српското МВР не констатирале дека пријавата е лажна. Бројни институции, училишта, трговски центри, медиуми и здруженија, па дури и администрацијата на зоолошката градина, добивале стотици дојави за бомби на дневна основа во последните два месеци. Српските власти сметаат дека тоа е „специјална војна“ бидејќи Србија не се дистанцира од Русија, ниту се приклучи на ЕУ и меѓународните санкции против Москва поради инвазијата на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПлаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилемиИдејата за плаќање по работен час, наместо досегашниот модел на месечна плата, отвори дебата меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, но ја отвора дилемата дали со таков модел ќе има помали плати? Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вели дека воведувањето на ваков модел би значело измени во Законот за работните односи. Пред да се донесе каква било одлука, смета дека потребно е темелно да се анализира како тој би се одразил во јавниот и во приватниот сектор. - Од економски гледна точка, не само мое лично мислење, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати, да видиме кои се нивните анализи да направиме наши анализи. - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд Од Конфедерацијата на слободни синдикати го поддржуваат предлогот и очекуваат растот да ги опфати сите плати. - Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати — не само минималната, него сите плати, не само во јавниот сектор, него и сите плати во приватниот сектор.- Благоја Ралповски – претседател на КСС Од бизнис-заедницата, од каде што потекнува иницијативата, сметаат дека плаќањето според одработените часови може да ја подобри продуктивноста, да овозможи пофлексибилна организација на работното време и да ги намали трошоците на компаниите. Според нив, работниците што поефикасно ги извршуваат задачите би имале можност да заработуваат повеќе. Од организацијата на работодавачи, нагласуваат дека се потребни јасни правила за распределбата на работните часови и пресметката на платите. - Самиот вработен ќе рече во дадена ситуација: Јас за 4 часа овдека на ова работно место ја завршив работата. После може да отиде да доработи на друго место уште 4 и практично да земе дупла плата - Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори -Мора на некое неделно или месечно ниво да ги има часовите што работникот треба да ги одработи за да ја земе целата плата да се задоволат.- Ангел Димитров - Организација на работодавачи Од Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, претходно посочија дека се подготвени да го разгледаат предлогот, но бараат гаранции дека новиот модел нема да доведе до намалување на платите и дека ќе се обезбеди достоинствена вредност на работниот час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помошНа средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка. На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин. Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош. Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00