Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ФудбалЧави: За жал, Барселона не може да си дозволи да ги ангажира Халанд и МбапеТренерот на Барселона, Чави е свесен дека финансиските можности на клубот не дозволуваат трансфер на врвен играч од типот на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.-Халанд или Мбапе? Сега не можеме да помислиме на Халанд или Мбапе да се приклучат на Барса. За жал, не можеме да си дозволиме да ги ангажираме овие играчи. Задоволен сум со играчите што ги имам. Треба да достигнеме подобро ниво, бидејќи во овој клуб секогаш треба да бидеме на врвот, изјави Чави за новинарот Фабрицио Романо. По 18 кола, Барселона е четврта во шпанската Ла Лига со 38 бодови. Каталонците се бранители на шампионскиот трофеј во шпанското фудбалско првенство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаМицкоски во Њујорк на панел, чиј домаќин беше финскиот претседател Во рамки на престојот во Њујорк, учествував на панел-дискусијата на високо ниво „Reaffirming the promise of peace: using the power we have“, чиј домаќин беше претседателот на Република Финска, Александар Стуб.На панелот разговаравме за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици. Воедно, остварив средба и разговор со претседателот Стуб, на која ги истакнавме значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа. Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција, објави на ФБ премиерот Христијан Микцкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ТехнологијаДали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)Првенството „Роботски воин“, на кое ќе учествуваат и хуманоидни и четвороножни роботи, ќе се одржи во октомври во Пекинг, објави Комитетот за управување со зоната за економски и технолошки развој.Роботите ќе се натпреваруваат во спасувачки операции за време на вонредни состојби и природни катастрофи (земјотреси, поплави, пожари) и ќе извршуваат задачи во средини со висок ризик. Предизвици со пречки Покрај тоа, овие интелигентни машини ќе ги демонстрираат своите вештини во следењето и управувањето со урбаната инфраструктура, објавува „Глобал тајмс“. Настанот во Пекинг има за цел да го забрза развојот и имплементацијата на роботиката во услови на реалниот свет. Програмата на првенството вклучува 14 видови предизвици со пречки. Според сценариото, роботите ќе се искачуваат по стрмни падини, ќе се движат по урнати мостови и низ урнатини. Како што е наведено, досега 24 тима аплицирале за учество на ова натпреварување. Тие ќе се натпреваруваат во шест категории врз основа на контрола (далечинска или автономна навигација) и тип на возило (хуманоидно, четвороножно или на тркала). Платформа за обука Хуманоидните роботи на првенството ќе извршуваат задачи како што се отворање врати, деактивирање експлозивни направи, затворање вентили и гаснење пожари. Други машини ќе бидат тестирани преку инспекција на тунели, враќање на електричната енергија, реагирање на водни итни случаи и испорака на товар низ пречки. За да ги подготват учесниците, организаторите ја лансираа платформата за обука BotWorld, која им нуди на роботите 14 задачи за симулација на ситуации што опфаќаат навигација на терен и интерактивни операции. Тимовите ќе имаат пристап до материјали за обука и ќе можат виртуелно да ги вежбаат потребните вештини. Домаќин на предизвикот „Роботски воин“ ќе биде високотехнолошката компанија Шангиченг во Пекинг од 17 до 18 октомври.Тагови: Пекинг роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАрбен Таравари во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми? Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед? Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени? Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter