Чави: Мојата позиција во Барселона не е загрозена, имам поддршка од управата - Канал 5

Чави: Мојата позиција во Барселона не е загрозена, имам поддршка од управата

Тренерот на Барселона Чави одговори на гласините за можен отказ. Тој не чувствува дека неговата позиција е загрозена. Фудбалскиот стручњак изјави дека е среќен и има поддршка од претседателот на клубот.

Чави: Мојата позиција во Барселона не е загрозена, имам поддршка од управата

-Сигурен сум дека оваа сезона ќе биде многу добра. Тимот игра полошо од минатата сезона, па не ги покажуваме очекуваните резултати. Треба да играме поконстантно, изјави Чави за „Marca“.

Барселона е трета во Ла Лига со 34 бодови, четири помалку од лидерот Реал Мадрид. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода

На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско.

Лишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода

Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес

На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години.

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовско

Денеска во земјава има 12 активни пожари, од кои 4 се активни, а 8 се веќе изгаснати.

12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовско

Најкритично се уште е во Мариoво.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер