Чаби Алонсо за дуелот со Ливерпул: Ќе играме со еден од најдобрите тимови - Канал 5

Чаби Алонсо за дуелот со Ливерпул: Ќе играме со еден од најдобрите тимови

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите очекувања за натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Чаби Алонсо за дуелот со Ливерпул: Ќе играме со еден од најдобрите тимови

- Убаво е што се враќам овде неколку години подоцна. Забележливо е дека клубот се развива, новата трибина изгледа неверојатно. Ни претстои голем натпревар против Ливерпул. Ова е еден од најдобрите тимови во Европа во моментов, имаат одлични играчи, одличен тренер. Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и ќе видиме што ќе излезе од него, изјави Алонсо за сајтот на УЕФА.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.

Ливерпул по три кола во Лигата на шампионите е втор со максимални девет бодови, Баер е на шестото место со седум освоени бода./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде непосредно се запозна со нивната секојдневна работа, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат.

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство

Во периодот од 2022 до 2026 година евидентирани се вкупно 1.275 пријавени настани на семејно насилство, и тоа: 326 во 2022 година, 216 во 2023 година, по 273 во 2024 и 2025 година и 187 во 2026 година, заклучно со денес.

Податоците покажуваат и значително унапредување на ефикасноста во постапувањето. Во 2022 година по брза постапка биле процесуирани 10 случаи и изречени четири мерки на претпазливост, во 2023 година 18 случаи и седум мерки, во 2024 година 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година 34 случаи и 15 мерки, а во 2026 година, заклучно со денес, процесуирани се 52 случаи и изречени се 23 мерки на претпазливост.

Во споредба со 2022 година, бројот на случаи процесуирани по брза постапка и изречени мерки на претпазливост е зголемен за повеќе од пет пати, што укажува на побрза, поорганизирана и поодлучна институционална реакција.

Министерот Тошковски истакна дека семејното насилство се третира со највисок степен на сериозност и дека приоритет останува обезбедувањето навремена заштита за секоја жртва, како и брза и решителна реакција кон сторителите, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп за средбата со Зеленски: Му реков: „Сакам оваа војна да заврши“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека одржува добри односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, и со Владимир Зеленски, и покрај тековниот конфликт во Украина.

Трамп за средбата со Зеленски: Му реков: „Сакам оваа војна да заврши“

-Во добри односи сум и со двајцата. Во добри односи сум со претседателот Путин. Во добри односи сум со претседателот Зеленски - рече Трамп за време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба.

Тој истакна дека му рекол на Зеленски оти сака војната да заврши. Би сакал тој да ја заврши војната... Му реков: ;Сакам оваа војна да заврши; им изјави Трамп на новинарите.

Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа во вторникот вечерта, а средбата се одржа зад затворени врати. По средбата, Зеленски изјави дека Трамп наводно се согласил да му додели на Киев дозволи за производство на пресретнувачки ракети за противвоздушните ракетни системи Патриот. Самиот Трамп, без да наведе детали, рече дека разговорите со Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале многу добро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи

Јужна Европа и натаму е во пламен. Разорните шумски пожари и натаму беснеат во повеќе европски земји, оставајќи зад себе уништени домови, опожарени шуми и илјадници евакуирани жители и туристи. 

Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи

Најтешка е состојбата во Грција, каде што во борбата со огнената стихија животот го загубија тројца пожарникари.

На југот на островот Крит беснеат најголемите пожари. Двајца пожарникари загинале откако со службеното возило ја изгубиле ориентацијата во густиот чад, додека уште еден нивен колега бил пронајден мртов во близина на пристаништето Гитео на Пелопонез. Причината за неговата смрт сè уште не е соопштена.

Поради силните ветрови, хеликоптерите и противпожарните авиони привремено ги прекинаа летовите, што дополнително ја отежна борбата со пожарите. Евакуирани се неколку населени места, а околу 6.000 туристи биле погодени од евакуациите.

Грчките власти предупредуваат дека опасноста останува исклучително висока и во наредните денови.

-Во името на целиот владин кабинет изразувам длабоко сочуство кон семејствата на загинатите пожарникари, кои ги загубија своите животи во борбата со пламените јазици, додека се обидуваа да ги спасат животите на своите сограѓани, и нивните домови. Државата ќе ги одликува со најголеми почести. Владата ќе застане зад нивните семејства и ќе ги зајакне акциите со кои ќе се превенираат ефективно заканите од климатската криза – изјави Мицотакис.

Во Франција пак, пожарникарите се борат со десетици активни пожари. Во јужниот департман Вар се евакуирани неколку стотици жители, а нови огнени жаришта се регистрирани и во шумите, јужно од Париз, каде што веќе изгореле повеќе од 120 хектари.

Во регионот кај Бордо, каде што пожарите ова лето уништија околу 42 илјади хектари, состојбата постепено се стабилизира и властите најавуваат враќање кон нормален живот.

Во исто време нови пожари се шират и во Шпанија. Најкритично е во Националниот парк на границата со Португалија, каде што се евакуирани дванаесет населени места и речиси илјада жители. Иако во делови од земјата мерките постепено се укинуваат, околу 9.500 луѓе во регионот на Мадрид сè уште не можат да се вратат во своите домови.

Со пожарите се бори и Турција. Во туристичката област Анталија противпожарните екипи веќе неколку дена интервенираат на повеќе жаришта, а дел од населението е евакуирано како мерка на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер