Централен митинг на Коалицијата „Сега е време" во Струга

Коалицијата „Сега е време"  одржа централен митинг во Струга.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на митингот меѓу другото зборуваше и за идејата на, како што рече, Заев и Мицкоски за размена на пратеници за да не бидат условени од Албанците да формираат влада.

– Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада. Еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе создадеме нашата албанска влада, рече Села од Струга.

Претходно, лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши беа во Лабуништа.

Викендов нестабилно, со пороен дожд и грмежи

За време на викендот времето во повеќе делови од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, (некаде и над 10 литри за три часа), засилен ветер и појава на град.

Како што информира УХМР, локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.

Денеска ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне се очекува изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во посеверните и планинските подрачја. Максималната температура ќе биде од 29 до 36 степени.

Утре температурата ќе се движи од минимални 13 степени во Берово до 33 во Гевгелија. Во недела, пак, максималната температура ќе биде 31 степен.

Втор заболен од Ковид-19 за неполни два дена во Делчево

 Уште еден заболен од Ковид-19 е регистриран вчера во Делчево. Од Здравствениот дом во Делчево информираа дека пациентот е згрижен во Штипската клиничка болница, каде се опоравува.

-Од вчера имаме нов случај на пациент, чиј тест е позитивен на коронавирус. Пациентот е во болница и бил во контакт со претходно заболената, која исто така е хоспитализирана. На двајцата им посакуваме поскоро оздравување. Се надеваме дека нема да има нови други случаи, но апелираме да не се крева паника и да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.

Од таму додадоа дека се утврдуваат контактите на двата случаи и се чекаат резултати од тестирањата.

Ова е втор активен случај за неполни два дена во Делчево. Во околните општини, во Берово седум лица се позитивни на Ковид-19.

Фото: Грбот на велосипедист по трка на дожд

Погледнете како излгеда грбот на еден учесник во велосипедска трка. Се изгледа страшно, а тешко би ја погодиле причината за тоа.

Ова ќе ви се случи ако возите велосипед кога надвор паѓа град.

Тим Деклерк засекогаш ќе ја памети втората етапа од велосипедската трка Критериум ду Дофин, во Франција.

Велосипедистите морале да возат додека паѓал град со големина на топче за пинг понг . Најлошо од сите учесници во трката минал Деклерк кој добил силни повреди на грбот.

притисни ентер