СДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?
1СДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?
ЖивотЦел живот чекала да ослепи, на крајот средила да ја ослепат со разредувач!30 годишната Џул Шупинг од Северна Каролина боледува од психичко пореметување наречено „нарушување на телесниот идентитет и интегритет“, кога здрави луѓе се убедени дека им е судено да бидат инвалиди.Џул од најрана возраст очекувала да ослепи. Немала ниту една причина да мисли дека ќе ослепи, гледала одлично, но била убедена дека ја чека таква судбина. - Паметам дека на 3 години дома ме наоѓаа како шетам по ходници ноќе, а до 6 години веќе помислата дека ќе бидам слепа ми даваше некаква утеха - вели Џул. Кога била дете таа со часови гледала во сонцето во надеж дека тоа ќе и го оштети видот. како тинејцер си купила црни наочари, на 18 години бел стап, а до 20 експертски ја совладала Брајовата азбука - иако гледала одлично! - Се преправав дека сум слепа извесно време, а потоа тоа ми стана опсесија, секојдневно очекував тоа да се случи - вели Џул. Во 2006 таа успеала да најде психолог кој „ја разбрал“ и да го убеди да и стави неколку капки од средство за чистење на бањи во очите!!! - Тоа беше ужасна болка, очите ми гореа, малку од разредувачот ми потече по образот и ми го изгоре, но јас мислев само едно - еве ќе ослепам, се ќе биде во ред! - се сеќава Џул. Лекарите против нејзината волја се обиделе да и го сочуваат видот но безуспешно - очите и биле толку оштетени што за 6 месеци ослепела тотално. Кога нејзиното семејство дознало дека таа намерно го предизвикала слепилото, се откажале од неа. - Јас навистина мислам дека вака требаше да биде, дека требало да се родам слепа - вели Џул чиј сон сега е да живее самостоен живот и да им помага на слепите луѓе. - Кога никој околу вас не мисли како вас и не ве разбира помислувате дека полудувате. Но јас не полудувам, само имам некое нарушување - вели 30 годишната жена. Таа решила во медиумите д аја раскаже својата приказна и да алармира луѓето со слично психичко пореметување, да побараат професионална помош. Не е јасно дали психологот кој и помогнал да си ги уништи очите ќе биде изведен пред суд. - Немојте да го правите тоа што го сторив јас, знам дека потребата е огромна но немојте, можеби некогаш ќе се најде лек за вашата состојба. Луѓето со „нарушување на телесниот идентитет и интегритет“ ( BODY INTEGRITY IDENTITY DISORDER) легнуваат под воз да им ги прегази нозете, ги замрзнуваат екстремитетите или се фрлаат од карпа во надеж дека ќе останат парализирани. Болеста е многу опасна и потребна е професионална помош - вели Џул. Д-р Мајкл Фирст, психијатар од Колумбија Универзитетот во Њујорк, вели дека од оваа болест на психата успеваат да се излекуваат само мал процент на заболени луѓе. - Тие знаат дека она што го чувствуваат е невообичаено но им доаѓа одвнатре, не можат да го објаснат. Во психијатријата тешко се наоѓа лек, обично се обидуваме да најдеме начин пациентот да има исполнет живот наспроти состојбата во која се наоѓа. Но кога имате некој што сака да се осакати или да биде слеп - како ќе знаете дека кога ќе го стори тоа ќе биде среќен? Џул вели дека се чувствува среќна и не разбира кога другите луѓе се лутат ако некој реши сам себеси да се осакати. - Тоа не беше прашање на избор туку потреба произлезена од проблем со мозокот - искрена е Џул. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ги повикува граѓаните да пријават корупција – АКТ на СДСМ и граѓаните пријавија стотици случаи, кога ќе има одговор?Премиерот и обвинителите ги повикуваат граѓаните да пријавуваат корупција, но не кажуваат кога ќе има одговор.АКТ на СДСМ поднесе пријави и во ДКСК и во Обвинителството. Сè пријавуваме заедно со граѓаните - одговор нема. Го пријавивме и Мицкоски врз основа на сомнеж дека е дел од балканскиот картел, дел од Вучиќевата организирана криминална група и шеф на нејзината експозитура за Македонија. ВМРО ја пријавивме како мафијашки синдикат што управува и со ЗНАМ и со ЗНАМ 2.0. Одговор за тендерите добивме само како утврдување татковство - дека татко не е татко. Ако Мицкоски сака да помогне, нека се пријави себеси, нека се уапси себеси и нека го признае целиот криминал, корупција, но и сите тешки дела против државата застапувајќи ги руските и Вучиќевите интереси. Мицкоски не сфаќа дека тој е извршна власт, а не правосудна. Не може тој да се поистоветува со обвинителството. Не може да ги дели инструкциите од говорница, од телевизија и преку телефон. Затоа имаме ваков извештај на Европската комисија. Затоа корупцијата е на највисоко ниво. Затоа стоиме во место за ЕУ. Обвинителството мора да работи независно. Не по повик од Мицкоски. Не по налог од ВМРО-ОКГ. Обвинителството дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа банда ВМРО-ОКГ. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамШеик нарачал да му направат огромен Хамер- има дневна соба, кујна и тоалет (ВИДЕО)Некои ги претвориле автомобилите во печки за пица, други поставиле ражен во нив или ги претвориле во патувачки барови. Но, еден колекционер отишол многу подалеку и изградил Хамер кој има доволно простор за кујна, тоалет и пространа дневна соба. Тоа е Хамер H1 X3, џин на тркала висок колку двокатна куќа и долг приближно колку голем градски автобус. Неговите димензии се приближно три пати поголеми од димензиите на стандардниот H1, кој самиот по себе не е мал автомобил, пишува Јалопник. Овој огромен Хамер тежи повеќе од 59 тони, а неговиот ентериер повеќе личи на куќа за одмор отколку на автомобил. Седумчлен тим го градел година и пол Зад проектот стои милијардерот од Емиратите и колекционер на автомобили Хамад Ал Нахјан, познат и како „Шеикот на виножитото“. Тој е сопственик на една од најголемите колекции автомобили во светот, во која необични, уникатни примероци заземаат посебно место. Затоа, Хамер X3 совршено се вклопува во неговата колекција. Седумчлен тим работел на него околу година и пол. Во возилото се влегува преку скалите што се извлекуваат и се наоѓаат под каросеријата. На долниот кат има кујна. Вратата лево води до тоалетот, додека спроти се наоѓа машинската просторија и скалите до горниот кат. Наместо волан, има џојстик На горниот кат има простор од приближно 60 квадратни метри со десет фотелји. Огромните прозорци нудат панорамски поглед, а завесите можат да се спуштат за приватност. Возачкото седиште се наоѓа во задниот дел од тој кат. Опкружено е со бројни копчиња и прекинувачи, но нема класичен волан. Овој Хамер се управува со џојстик. Со оглед на неговите димензии, видливоста е посебен предизвик. Затоа на возачот му помагаат камери што на екраните покажуваат што се случува околу возилото. Воен транспортер е скриен под каросеријата Под каросеријата што го имитира Хамер Х1 се наоѓа основата на поранешниот американски воен амфибиски транспортер LARC-LX. Тоа е возило наменето за транспорт на товар по копно и вода, од кое X3 ја задржал челичната структура на трупот. Во машинската просторија има четири дизел мотори, по еден за секое тркало. Заедно тие развиваат приближно 1000 КС, што звучи импресивно сè додека не се сетите дека мора да преместат повеќе од 59 тони. Тркалата се повисоки од човек, а секоја гума наводно чини околу 25.000 долари. И покрај големата моќност, максималната брзина е само 32 км/ч. Излегува на пат со полициска придружба Колку е голем Hummer X3 всушност најдобро се открива во деталите. Според извештаите, потребна е дигалка за подигнување на предната хауба, а бришачите на шофершајбната се огромни. Според Јалопник, овој гигант може да се вози и по јавни патишта, но со полициска придружба. Покрај горивото за четири мотори, очигледно му треба многу слободен простор за возење.Тагови: Хамер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан КорабоскиОсновното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела.Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00