Царовска во Штип : Стартува младинскиот додаток, по 3000 денари месечно за вработени во производство до 23 години

Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, се сретнаа со вработените од неколку фабрики.

Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски се сретнаа со вработените од неколку фабрики и со ученици од средни стручни училишта во Штип, во врска со најновата владина марка - младински додаток. Целта на средбата е да се информираат младите лица до 23 години, како и нивните родители за надоместокот коишто ги следува помладите вработени во производствената дејност.

Вицепремиерката за економски прашања Царовска посочи дека Владата во тесна соработка и континурана дискусија со организациите на работодавачи, стопанските комори, синдикатите и невладините организации креираше низа на мерки со кои се влијае на покачување на платите, развојот на компаниите и подобрување на условите за работа на работниците.

„Наеднаш не можеме да го промениме светот, но ако се движиме со континуирана динамика, чекор по чекор, ќе постигнеме одлични услови за да младите сакаат да останат во нашата држава. За да имаме квалитетна економија, раст и развој на економијата и на компаниите мора да имаме и стручен кадар, обучени млади лица кои ќе сакаат да дадат дел од себе за развојот на економијата. Размислувајќи и дискутирајќи со работодавачите и синдикатите одлучивме дека оваа мерка треба да ја насочиме токму кон младите. Преку младинскиот додаток, младите лица до 23 години кои веќе работат во индустријата или планираат да работат во производството ќе добијат по 3000 денари на нивната плата на месечно ниво. Таа нема да се исплаќа преку работодавачот, туку на нивната индивидуална сметка, преку Агенцијата за вработување“, изјави Царовска.

Таа додаде дека во минатото постоеше негативна слика кај младите лица за вработување во индустриски капацитети, поради прекршување на работничките права кај одредени работодавачи, што веќе не е случај, односно условите за работа континуирано се подобруваат, платите континуирано растат, се со цел да се задржат младите лица во нашата држава.

„Гледате дека денес сме сите заедно: и организации на работодавачи и синдикати и невладини организации и институции, се со цел да покажеме дека преку партнерство и дијалог можеме заеднички да го подобриме целото општество и економијата: да растат платите, да растат и компаниите и да се почитуваат работниците. Без работници, нема силна држава. Ве повикувам сите што сте тука, но пренесете и на други млади луѓе, од наредната недела да почнете да аплицирате во Агенцијата на вработување и на своите сметки ќе добиете секој месец по 3000 денари. Ова се однесува на сите млади до 23 години кои се вработени или планираат да се вработат во производството“, потенцираше вицепремиерката Царовска пред младите луѓе во Штип

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека со младинскиот додаток се опфаќаат вработувања или самовработување со претежна производствена дејност , или земјоделство.

„Она што ние сакаме и на што работиме е да имаме не само вработувања на младите, туку сакаме сите вие и сите ние, да имаме добро платени и квалитетни работни места. Младински додаток е токму таква мерка, со која се овозможуваат подобро платени работни места за младите луѓе“, кажа Шкријељ.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјата Јованосвак посочи дека покрај практиканството, обуките за напредни ИТ и други вештини, младинската гаранција од оваа година се воведува и мерката младински додаток. Таа детално го појасни начинот на аплицирање на младите лица за да станат корисници на мерката.

„Барањето за користење на мерката ќе се пополнува во Центарот за вработување, електронски. Вие имате обврска само да понесете лична карта. Сите други податоци што се однесуваат на вашиот работен однос, на фирмата, на дејноста ќе ги преземе Агенцијата за вработување по службена должност од останатите надлежни органи односно од Управата за јавни приходи или од Централниот регистар. Во континуитет ќе се носат решенијата, ќе се врши исплата и она што би сакала да го нагласам е дека исплатата ќе биде од 1 декември па наваму. Сите што ќе аплицираат ќе добијат финансиски средства и за месец декември и за месец јануари. Центарот за вработување Штип, како и останатите центри ви стоиме на располагање за сите активности, за сите чекори. Инаку има само едно обично барање, кое вие заедно со нашиот службеник ќе го пополните, ќе добиете решение и ќе следува исплата“, рече Јовановска.

На средбата присуствуваа и преставници од Организацијата на работодавачи, невладината организација „Гласен текстилец“ како и претставници од Текстилниот кластер.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи даде позитивни коментари за мерката и посочи дека е одлична можност за сите млади вработени во компании од сите индустрии: преработувачка, металната, текстилната, земјоделство кожарство, изработка на мебел и други.

Со цел да се обезбеди подобар живот на младите вработени лица до 23 години во производствена дејност од оваа година, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот воведувена е мерката младински додаток. За исплата на месечниот додаток од 3.000 денари за 2020 година предвидени се 160 милиони денари, и истиот се очекува да го примаат околу 4.000 лица, соопштија од Кабинетот на ЗПВРСМ за економски прашања.

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

Аватари на починати за 46.000 евра- дигитална реинкарнација преку вештачка интелигенција

Враќањето на мртвите во живот преку технологија до неодамна беше поврзано само со филмови, но со напредокот на вештачката интелигенција - вакво нешто повеќе не е само прашање на фикција.

Технолошкиот сектор за тага, познат и како „технологија на смртта“, сега се проценува на повеќе од 100 милијарди фунти на глобално ниво, според веб-страницата за технолошки вести TechRound.

- Го клонираме изгледот на една личност до 96,5% сличност со оригиналната личност - вели Мајкл Јунг, финансиски директор на DeepBrain, една од компаниите кои фиктивно ги враќаат луѓето во живот.

Компанијата верува дека овој вид технологија може да биде важен за развојот на културата на „добра смрт“, каде што однапред се подготвуваме за смртта на најблиските, оставајќи ја семејната историја, приказни и спомени како дел од наследството.

Сепак, процесот не е евтин и корисниците не можат сами да креираат аватар. Наместо тоа, тие треба да ѝ платат на фирмата до 50.000 долари. И покрај оваа висока цена, некои инвеститори се уверени дека ќе биде популарна, а DeepBrain собра 44 милиони долари во својот најнов круг на финансирање.

Психологот Лаверн Антробус предупредува дека треба да се биде многу внимателен кога се користат такви „технологии на тага“ во периоди на силни емоции.

- Загубата е нешто што нѐ изненадува. Може да мислите дека сте прилично блиску до тоа да бидете добро, а потоа нешто може да ве врати назад – вели таа, а пренесува Би-би-си.

Антробус додава дека луѓето не треба да брзаат да го користат четботот на изгубената сакана личност.

- Треба да се чувствувате прилично цврсто пред да користите вакво нешто. Сфатете ги работите многу, многу бавно.

Таа исто така, предупредува дека не постои замена за човечката поддршка кога станува збор за надминување на тагата.

- Навистина не можам да замислам дека технологијата ќе ги преземе традиционалните аспекти на жалоста, кои се однесуваат на чувството на блискост со луѓето, чувството на грижа за нив, чувството на благодарност.

Камион виси на мост во Кентаки: Пожарникари ја извлекуваат жената- возач (ВИДЕО)

Во судница во Кентаки е прикажано видео од спасувањето на жена која возела камион што виси над река откако нејзиното возило излета преку оградата на мостот.

На видеото се гледа и несреќата што довела до оваа неверојатно опасна ситуација на мостот Кларк во Луисвил, Кентаки, пренесува ABC 7.

Видеото од 1 март покажува како возачката избегнува автомобил запрен на мостот, за да удри во камионот следниот момент. Можете да ја видите и снимката од камерата од кабината на камионот - едната што ја снимила возачот, а другата што ја прикажува ситуацијата пред камионот.

Сидни Томас (26) која го управувала камионот, иако се трудела максимално да го контролира возилото, не успеала и изгубила контрола над него - камионот наеднаш свртел налево и ја пробил оградата на мостот. Кабината на камионот во кој се наоѓала Сидни во следниот момент висела на околу 30 метри од водата. Таа очајно се држела за воланот за да не испадне од кабината.

На пожарникарите од Луисвил им требало речиси еден час за да ја одведат на безбедно, па беа поздравени како херои, што и заслужиле.

Возачот на пикапот што ја предизвикал несреќата, 33-годишниот Тревор Бранам, се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои и суспендирање на дозволата. Тој бил на суд завчера и се уште не се пријавил со своја одбрана.

Еве како изгледаше оваа страшна несреќа:

притисни ентер