Царовска: Унапредувањето на стручното образование е наш приоритет

Воведовме стипендии за бараните струки. 

Посветено работиме за да се врати достоинството на средните стручни училишта, а учениците да ја сфатат нивната вредност, за да образуваме нови генерации млади луѓе барани на пазарот на труд, рече министерката за образование и наука Мила Царовска по посетата на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Министерката, заедно со в.д. градоначалникот Јане Миланов, со директорот и наставниците на основното училиште „Гоце Делчев“ разговараа за текот на наставата, а се сретнаа и со ректорот на УГД Блажо Боев.

„Стручното образование за МОН и за Владата останува висок приоритет. Со вложување во средното стручно образование создаваме граѓани коишто се работоспособни и директно може да се вклучат на пазарот на труд, но имаат и можност да се вклучат и во високото образование. Овие кабинети кои ги видов тука навистина даваат можност учениците да се стекнат со практични вештини. Интенцијата на МОН во наредниот период е преку тесна врска со компаниите да се обезбеди можност праксата да се изведува во компаниите или што поголем број училишта да се поврзат со компании и да се воспостави системот на дуално образование“, изјави Царовска.

Со тоа, третина од средното образование би се изведувало во реален производствен процес, а директното остручување им дава подобра стартна шанса на сите ученици кои завршуваат стручно образование.

„Оваа година ја променивме политиката за стипендирање и за прв пат се воведоа стипендии за стручните училишта. На денешната владина седница се зголеми бројот на стипендии за електротехничката струка, затоа што имавме повеќе апликации. Од 9 се зголеми на 23 за да може да ги опфатиме сите ученици коишто сакаат да бидат стипендирани, а се од електро струката, којашто е значајна за целата индустрија во нашата земја“, нагласи министерката Царовска.

Од годинава воведени се ученички стипендии за избрани дефицитарни струки: машинска, земјоделско-ветеринарна, текстилно-кожарска, електро-техничка и градежно-геодетска струка.

Министерката Царовска посочи дека посебно внимание се посветува на подобрувањето на условите во училиштата. Во средно училиште „Коле Нехтенин“ завршена е реконструкцијата на кровот, што е целосна инвестиција на Министерството за образование и наука во вкупен износ од 17,5 милиони денари. Во тек се градежни работи за реновирање на спортската сала во состав на училиштето, што се прави со средства од општината, со цел да се обезбедат подобри услови за физичко воспитание и образование на учениците.

И покрај здравствената криза, наставата се спроведува успешно. Теоретскиот дел учениците го следат онлајн, додека практичниот се реализира со физичко присуство, под здравствени протоколи и мерки.

Министерство за образование и наука

По тригодишна врска, девојката на Дибала признава: Сакам и мажи и жени (ФОТО)

Пејачката и актерка Оријана Сабатини е во врска со sвездата на Јувентус, Пол Дибала, а на социјалните мрежи ја следат 5,5 милиони луѓе.

Дибала ја видел на концертот на Ариана Гранде во Буенос Аирес во 2017 година, каде што Сабатини била танчерка. Тој бил толку маѓепсан што веднаш и го побарал бројот и ја поканил на пијачка по што започнала романсата. Тие се во врска веќе три години.

Сега Сабатини го сврте вниманието кон себе велејќи дека таа сака и жени.

„Ако треба да си ставам етикета - да, мислам дека сум бисексуалка.

Италијанците и Аргентинците пишуваат веќе три години, навестувајќи дека Сабатини сака и мажи и жени, особено по синглот „Остани или бегај“ во чие видео таа се гушка и бакнува со манекенката Соледад Алонсо.

„Нема ништо подобро во животот од чувството за слобода“, одговорила таа тогаш на прашањето дали е личност која сака и мажи и жени.

Руски доктор: Имунитет се создава 45 дена по вакцинацијата

Имунолошкиот одговор на корона вирусот не се развива пред 32-45 дена по вакцинирањето, или максимум 52 дена после тоа, изјави денеска Александар Горелов, заменик директор за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија.

„Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да поминат 32-45 дена, додека максималното количество се развива по четири периоди на инкубација или 56 дена подоцна, кога сите можеме слободно да дишеме. Сепак, тоа не значи дека можеме да престанеме да носиме маски “, рече Горелов, пренесува ТАСС.

Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако поради некоја причина го пропуштат датумот на втората доза.

"Всушност, тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Значи, мислам дека времето може да се избере во овој период. Всушност, веќе сме свесни дека ова е класичен пример за 30 -45 дена временската рамка помеѓу вакцинациите да биде прифатлива “, рече експертот.

Русија на 18 јануари започна масовна вакцинација против корона вирусот.

Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини Спутник V или ЕпиВаКорона.

Пејачка тврди дека во својот дом чува череп на шестгодишно девојче (ВИДЕО)

Пејачката Азалија Бенкс тврди дека поседува череп на шестгодишно девојче што го чува во својот дом.

Азалија била гостинка во една австралиска радио станица каде зборувала за нејзината љубов кон коските и човечката анатомија.

За време на разговорот, таа им открила на водителите на шоуто, Кајл Сандилендс и Џеки О, дека е сопственик на черепот на шестгодишно девојче, што го купила преку Интернет.

„Ако ги проверите картичката и возачката дозвола, ако сте донатор на органи, не земаат само здраво срце или црн дроб, туку имаат право на секој дел од телото и некои од нив ги продаваат, на пример черепи, како овој “, рече пејачката, покажувајќи го черепот.

Шокирани од она што го виделе и слушнале, домаќините ја прашале зошто има череп на дете во нејзиниот дом.

"Ова е череп на шестгодишно девојче кое починало од траума на главата. Обожавам коски. Го почитувам задгробниот живот. Мислам дека коските се место каде човек ја задржува енергијата", рече Азалија.

Пејачката гостувала во емисијата за да ги демантира гласините кои кружат на Интернет дека ја изела својата мртва мачка.

Таа објасни дека мачката Луцифер се борела со проблеми со бубрезите многу години, по што починала од лоша исхрана.И откако ја закопала мачката, Азалија рекла дека решила да ја ископа и да го зачува черепот.

"Јас не јадам мачки. Не би јадела мачка која е мртва веќе три месеци", заклучила Азалија.

притисни ентер