Царовска, Манчевски, Забрчанец и Ганиу во самоизолација

Уште еден висок функционер од СДСМ позитивен на корона вирусот – директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска утрово ја соопшти веста дека се тестирала поради средбите со нејзиниот сопартиец Мухамед Зекири.

Таа тврди дека ги почитувала сите протоколи и не знае како се заразила. Веќе е во самоизолација и засега нема никакви симптоми.

-Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. – пишува Лукаревска.

Во пресрет на парламентарните избори раководството на владејачката партија веќе започна со теренски активности. Кандидатите од втората изборна единица вчера беа во посета на Куманово, а дел од нив беше и Лукаревска која ја носи втората позиција. Присутен беше и премиерот Оливер Спасовски како носител на двојка, а од неговата партија веќе соопштија дека се тестирал и ги чека резултатите. Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека ги преземаат сите мерки за заштита, сепак потпретседателот Зекири се заразил надвор од партијата, на ифтар кај неговиот брат.

-СДСМ е голема партија со над 120 илјади членови и мерките целосно се почитуваат. Бројката од двајца заразени покажува дека вирусот е реалност и тој постои. Во овие два случаи не сме почитувале до крај, пред сè како луѓе. Зекири е заразен одејќи на ифтар кај својот брат, снаата веројатно од своето семејство. Не сме почитувале доволно. Со Филипче зборевме, кај Луакревска е целосно олабавено и правото на пренос не е исто како кај Зекири. – Зоран Заев – претседател на СДСМ.

По прес конференцијата на Заев се огласи Зекири кој појаснува дека на ифтарските вечери бил во својот дом и не ги прекршил забраните за движење, а средба со потесното семејство имал на Бајрамскиот викенд.

Ризичните контакти на партиски состаноци со Зекири и Лукаревска, во самоизолација ги ставија голем дел од од функционерите - вицепремиерката Мила Царовска, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, дополнителната заменичка во МВР Славјанка Петровска, директорот на финасиска полиција Арафат Муареми и советникот за односи со јавност на премиерот Марјан Забрчанец. Сите на социјалните мрежи објавија дека засега немаат симптоми.

Поради контакт со лице позитивно на корона вирусот, во самоизолација е и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Инаку, три дена пред да дознае Зекири дека е носител на вирусот, беше гостин на телевизиска дебата со генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, чиј што тест покажа дека е негативен.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер