Тројцата поранешни претседатели и нивните сопруги ќе бидат членови на иницијативата Welcome.US, денеска покрената од различни асоцијации, бизниси и поранешни политичари, се вели во соопштението на Welcome.US.
Иницијативата објави дека ќе им помогне на десетиците илјади Авганистанци, кои избегаа во Соединетите држави по преземањето на власта на Талибанците, преку мобилизирање поддршка и волонтери.
Многу бегалци ќе бидат загрозени во Авганистан под талибанците поради работата за американската војска и сојузниците или за американски и меѓународни агенции.
"Илјадници Авганистанци беа со нас на фронтот за побезбеден свет, и сега им треба нашата помош. Горди сме што го поддржуваме Welcome.US и им помагаме на авганистанските семејства да се населат и да изградат нови животи", рече Џорџ В. Буш и сопругата Лора.
„Подготвени сме да им покажеме на нашите нови авганистански соседи и остатокот од светот дека дарежливиот дух и срдечноста се големината на нашата земја“, се додава.
Иницијативата е поддржана од повеќе од 280 луѓе и разни субјекти, вклучувајќи компании како што се Microsoft, Starbucks, CVS, AirBnB, бројни непрофитни организации, здруженија на ветерани итн.
Вклучени се и неколку сегашни и поранешни републикански и демократски гувернери и градоначалници.
Десетици илјади бегалци беа набрзина евакуирани со авиони од Авганистан за неколку недели, а администрацијата на Бајден беше критикувана за хаотичното повлекување.
Администрацијата на Бајден сака да смести до 50.000 бегалци во американските воени бази. Други привремено ќе престојуваат во центри во близина на американските аеродроми, каде ќе се разгледуваат нивните барања. Тоа е дел од бегалците во американските воени бази во странство.
Во меѓувреме, летовите од Авганистан кон САД се прекинати поради морбили.
Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и 96-годишниот поранешен демократски претседател Џими Картер не се вклучени во споменатата иницијатива.