Буковската пипер не е нити „буковец" нити „буковка", туку „Буковска пипер"! - Канал 5

Буковската пипер не е нити „буковец" нити „буковка", туку „Буковска пипер"!

Таа има точен назив – „Буковска пипер".

Буковската пипер не е нити „буковец" нити „буковка", туку „Буковска пипер"!

Буковската пипер не е „буковец" нити „буковка" и тие термини се погрешни. Буковската пипер е оригинален земјоделски прехранбен производ од црвена буковска пиперка како посебна сорта пиперка која традиционално се одгледува во атарот на битолското село Буково. Таа има точен назив – „Буковска пипер".

Со нагласување на информацијата во воведот, нашите соговорници споделија повеќе приказни за темата посветена на буковската пипер, гарантиран традиционален специјалитет кој се очекува да биде прогласен за заштитен македонски производ регистриран во Брисел.

Буково е населено место јужно од Битола, со убави куќи кои сведочат за разни периоди од развојот на селото. Дознаваме дека темелите на селото Буково датираат од 518 година за кога се тврди дека било населено од жители на градот Хераклеја кој токму во 518 година настрада во катастрофален земјотрес. За селото Буково може да се прочита и од турски дефтери од 16. век во кои се нагласува дека во селото живееле 189 христијански семејства. Растежот и падот на бројот на населените семејства варира во различен период, но се чини најголемото иселување се случува во текот на минатиот век кога над 2500 жители заминуваат на гурбет во прекуокеанските земји, но и во Франција, Германија, Шведска…Секој посетител, намерник, турист, гостин во Буково, како порано, така и денес, не може, а да не ги забележи низите со пиперки како се сушат на ѕидовите од куќите!

Сите периоди од животот во Буково имаат еден заеднички именител, а тоа е познатата „Буковска пипер" која долги години, и ден денес се произведува во тоа село, како оригинален македонски производ чии производители или месното население енергично се спротивставува на секое преименување во „буковец", „црвена пипер", „буковка" или некој друг термин.

Пиперта од Буково има убава боја, мирис и вкус. Таа е порив за зачувување на нешто што е наследено од предците, се посочува во истражување на организацијата Слоу фуд Битола (Slow Food Bitola), организирани во Президиум и под покровителство на светското движење „Слоу фуд", Буковската пипер е извор на натпреварувачки дух за Буково – кој е помајстор? Или, кој повеќе ќе засади буковска пиперка во атарот на селото?

Како се прави буковска пипер?

За производство на буковска пипер, буковчани користат автентично семе од буковска пиперка кое самите го чуваат и зачувале во кругот на семејството. Буковската пиперка се разликува од други приперки, израснува на височина од 70 сантиметри над расадот, плодот е издолжен со видлива црвена до темноцрвена боја и со просечна должина од 16 сантиметри. Пиперката се сади на неколку локации од атарот на селото Буково, односно местата викани Кулиште, Боишта, Мулојца, Бавча, Тулејца и други помали локации со топла почва на источните падини на планината Баба. Расадувањето се врши рачно и притоа се користи семе од буковски пиперки од претходната година.

Производството на буковска пипер се врши на традиционален начин непроменет од ниту една генерација буковчани. Според проверениот рецепт, пиперките се мијат, сушат, а потоа се врши требење, грушење и толчење. Сушењето најчесто се врши во селските фурни за леб и посебно откако се печел леб затоа што како што велат буковчани, тогаш во фурната е зачувана убавата миризба на печениот леб. Со завршување на фазата сушење, следи процес на требење или отстранување на пиперките кои ја промениле бојата, а потоа се врши грушење или отстранување на дршките од сувите пиперки. Последната фаза е толчењето како најважна фаза во која есенцијалните масла кои содржат сулфур и алкалоиди на толчениот пипер му даваат антимикробно и антифугално дејство, ја подобруваат трајноста на пиперот и имаат корисно влијание врз организмот. Од „Слоу фуд Битола" појаснуваат, во гастрономијата е важно да се знае дека при готвењето есенцијалните масла помагаат да се ослободат миризливите состојки од јадењата. Толчењето на сувите пиперки се врши во кутле (дрвен аван) и ќускија (толчник) и притоа потребни се околу 50 удари за да се добие пипер во прав со зрнеста структура чии гранули се со неправилна форма измешани со семки.

Најубавата Буковска пипер има црвена боја, мирисот е пријатно ароматичен, лесно се шири и апсорбира во окружувањето. Понекогаш се чини како цело село да мириса на Буковска пипер, велат нашите соговорници.

Буковската пипер е неизбежен дел и ја прави посебна македонската кујна, а гурманите обожуваат специјалитети, а едно од најстарите јадења со толчена Буковска пипер кое и ден денес со задоволство се јаде е парче леб намачкано со сало и врз него посипана толчена Буковска пипер. Но, буковчани со задоволство препорачуваат полжави со Буковска пипер, свирипиле, варени компири со буковски пиперки или суви печени пиперки со масло, киселина, лук и сол.

Вкусно!!! Домашно! Оригинало, и токму затоа производителите на Буковска пипер продолжуваат да одгледуваат пиперки со старото семе и…нагласуваат, буковската пипер не е ниту „буковец", нити „буковка", туку едноставно – таа е Буковска пипер! /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер