Бугати може да стигне до 500 км/час за 20 секунди (ВИДЕО)

Доволно е да се каже дека изгледа како концепт инспириран од некоја компјутерска симулација.

Бугати Болид е застрашувачки ѕвер покрај кој суперавтомобилите изгледаат досадно и обично, а тука спаѓа и Хирон, автомобил што ги претставува сите крајности што може да ги замисли автомобилската индустрија. Автомобилот конечно е прикажан во живо, пред посетителите на салонот во Милано, Монца.

И за да бидат работите подобро, среќниците можеа да го видат и слушнат автомобилот. Имено, претставниците на компанијата го вклучија моторот пред публиката и автомобилот безбедно се чуваше во подготвениот транспортен простор со сопствен погон. И палењето на моторот ја замрзнува крвта во вените, па некои посетители се повлекоа од грмотевиците на моторот со 16 цилиндри.

Следните податоци најдобро илустрираат за каков вид ѕвер станува збор. Погонот е ист како кај Chiron, но засилен на 1850 КС и 1850 Nm, но тука се носи со значително помалата тежина од само 1240 кг. Во Бугати тврдат дека достигнува 100 км на час за 2,17 секунди, 200 км на час за 4,36 с, 300 км на час за 7,37 с, а до 400 км на час е за само 12,08 секунди. Конечно, стрелката ќе покаже 500 км на час по 20,16 секунди, а симулациите велат дека круг на Нирбургринг може да направи со време од неверојатни 5: 23,1.

Корисна функција за полесно споделување на новиот „Android“

„Google“ неодамна ја пушти во употреба третата бета верзија од „Android 12“ за одредени корисници, како би ја тестирале.

Новата верзија има неколку новитети. Еден од нив е оптимизацијата за споделување на „URL“ линкови.

Споделувањето на линкови е сега доста олеснето, според информациите на „XDA“.

Сега корисниците на мобилната верзија на „Chrome“ во горниот десен агол ќе имаат опција со еден клик автоматски да го копираат линкот. И не само тоа.

Со притискање на тоа копче излегуваат и опции за тоа каде корисникот сака да го сподели линкот.

Новата верзија на Андроид ќе донесе уште неколку интересни функции, кои ќе бидат откриени кога ќе бидат тестирани.

Урнебесно видео од Реми Гилард посветено на Олимписките игри

Познатиот француски комичар повторно изненадува со своите лудории.

Овој пат тој направи видео посветено на Олимписките игри.

Станува збор за компилација од повеќе снимки на кои Гилард се мечува со пчелар, вози кајак по ескалатор, сурфа со даска во перална за автомобили и т.н.

Реми Гилард е француски комичар кој со својата уникатна смисла за хумор често го привлекува вниманието на целиот свет. Овој пат тој успеа да изнуди насмевки од многу љубители на спортот.

Неготово ново видео на Фејсбук досега е погледнато над три милиони пати.

Џеј Ло покажа како изгледа без шминка

Џенифер Лопез на Инстаграм објави видео на кое е без шминка.

Објавата ја погледнале повеќе од четири милиони луѓе.

„Имаш лице како бебе“; „Морам да признаам дека изгледаш прекрасно без шминка“; „Изгледаш многу помлада“; „Ти си толку прекрасна“, се дел од коментарите на фановите.

Претходно на Инстаграм Стори таа објави уше една фотографија на која позира во природно издание.

Многумина и порачаа дека сјае и дека веруваат дека за тоа е заслужен актерот Бен Афлек.

притисни ентер