Бугати Хирон доби две нови луксузни верзии (ФОТО)

Дури и да станува збор  само за шминка, цената останува на ниво на врвен спортски седан.

Бугати воведува две нови верзии на Chiron, Noire Sportive и Noire élégance, и двете се наводно инспирирани од уникатниот La Voiture Noire со што му оддава почит на легендата, Type 57 SC Atlantic.

Дизајнот се одликува со високо-сјаен карбонски финиш и нов дизајн на предната решетка. Доминантно место ја добива ознаката Бугати, сега направена од сребро. Клиентот исто така може да смета на нов дизајн на тркалата и сопирачки со црна боја. Внатре, црната кожа и ознаките со специјален дизајн се наоѓаат на тактички позиции - прагови, централна конзола и потпирачи за глава.

Chiron Noire Sportive оди во иста насока, но наместо сјаен, претпочита мат финиш, однадвор и однатре.

И сега цената. Бугати ќе ги понуди гореспоменатите измени за само 20 примероци по почетна цена од 3 милиони евра со првите испораки во вториот квартал на 2020 година. Преведено, ако сакате веќе да го добиете Chiron, ќе платите три милиони евра за да ја добиете декорацијата.

Истите додатоци им се нудат на сите оние клиенти кои веќе нарачале Chirona Sport. За Noire ќе мора да се доплати околу 100 000 евра.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер