Бугати го откри првиот Centodieci, ќе има само десет примероци (ВИДЕО) - Канал 5

Бугати го откри првиот Centodieci, ќе има само десет примероци (ВИДЕО)

Bugatti конечно ја претстави првата копија од моделот Centodieci, кој му оддава почит на легендарниот автомобил од 1990-тите.

Бугати го откри првиот Centodieci, ќе има само десет примероци (ВИДЕО)

Тоа беше EB110 на кој се сеќаваме низ истата нијанса на сино, но и многуте детали што сега повторно ги носи Centodieci. Колку оваа автомобилска легенда е важна за Bugatti доволно говори и фактот што самата нијанса го носи името EB110 Blue. Не само што EB110 беше првиот модел во таа боја, туку и фабриката беше обоена во истата нијанса, па го доби прекарот „Fabricca Blu“.

Првиот Centodieci има уште една посебна карактеристика, а тоа се бандажите обоени во друга историска нијанса, EB110 Sport Silver. Имено, истата комбинација на бои ја носи и EB110 GT од купувачот на оваа копија.

Интересно е што ентериерот на многу начини ја следи спортската икона од 1990-тите. Модернизираниот ентериер бил дизајниран со недели, дури и месеци, а самото дизајнирање и производство траело дури 16 недели.

Да повториме дека Centodieci е базиран на Chiron и го има истиот мотор 8.0 W16, но со 1600 КС. Тој достигнува стотка за неверојатни 2,4 секунди, а максималната брзина е ограничена на 380 km/h. Вкупно ќе бидат произведени само десет примероци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата

Десетици китови се пронајдени на плажа на Северниот остров во Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да вратат неколку преживеани во водата, соопшти Министерството за заштита на природата.

Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата

Во соопштението се наведува дека најмалку 20 китови се насукале долж брегот кај Нгави, во близина на Кејп Палисер – најјужната точка на Северниот остров.

Досега, два кита се успешно вратени во морето. Како што пренесе „Радио Нов Зеланд“, локалните жители изјавиле дека во текот на ноќта на брегот се насукале околу 50 китови.

Повеќето угинаа од здобиените повреди, а волонтерите се обидуваат да ги одржат во живот останатите и да им помогнат да се хидрираат, користејќи кофи со вода и крпи.

Насукувањето на китови е честа појава долж бреговите на Нов Зеланд и Австралија. Големи популации на китови-пилоти живеат во длабоките океани околу овие островски земји, но сè уште не е познато зошто поединци од овие видови завршуваат насукани на брегот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кендрик Нан испиша историја против Реал Мадрид

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан имаше неверојатна четврта четвртина и постави нов рекорд.

Кендрик Нан испиша историја против Реал Мадрид

Американскиот бек одигра спектакуларно второ полувреме против Реал во Мадрид и собори импресивен рекорд, кој до синоќа го држеше играчот на Црвена ѕвезда, Џаред Батлер.

Нан постигна 23 поени во четвртата четвртина и, заедно со Матијас Лесор, беше најзаслужен за спектакуларната победа на Панатинаикос над Реал во евролигашкото дерби.

Играчот на Панатинаикос го надмина претходниот рекорд од 22 поени, поставен од Џаред Батлер против Асвел на 23 декември 2025 година.

Неговиот учинок претставува и втор најдобар поентерски резултат во една четвртина во Евролигата во тој период, при што му недостасуваа само три поени за да го израмни рекордот на Карсен Едвардс од 26 поени во една четвртина, остварен во регуларниот дел од сезоната 2024/25.

Нан исто така го израмни својот личен рекорд по број на погодени шутеви за два поена на еден натпревар во Евролигата без ниту едно промашување, реализирајќи совршени 8 од 8 обиди од внатрешноста на линијата за три поени.

На крајот, тој го заврши натпреварот со 33 поени, а за неговата неверојатна партија по натпреварот зборуваше и Жељко Обрадовиќ.

„Не е лесно по неговата повреда, сите мораме да имаме трпение со него. Мораме да бидеме свесни за квалитетот што го поседува тимот. Одигравме одлично во напад, но мораме да го подобриме и сегментот во одбраната.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.

Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер