БалканБугарските болници се полнат, итната служба во Софија пред колапс Бугарските болници и служби за итна помош се на работ на издржливост поради наглото зголемување на бројот на случаи на инфекција со коронавирус.„Не можеме да се справиме со оваа масовна инфекција“, рече портпаролот на службите за итна помош во Софија, Катја Сунгарска. На многу места, болниците се реорганизираат за да се создадат повеќе одделенија за пациенти инфицирани со ковид-19. Минатиот четврток имало нови 395 случаи на 100.000 луѓе во период од седум дена. Новата седумдневна стапка на инциденца се очекува да биде објавена утре. Во Бугарија, земја со население од 6,9 милиони жители, за 24 часа денеска се пријавени 4.374 нови случаи на инфекција со коронавирус, наспроти 3502 минатата среда. Од избувнувањето на пандемијата во земјата, 11.500 луѓе починале од коронавирус, а 107 само вчера. Бугарија се бори со третиот бран пандемија по олеснувањето на мерките за затворање на 1 март. Иако во последните денови се преземени мерки за запирање на ширењето на инфекцијата на регионално ниво, владата не планира да ги воведе на национално ниво. Областите најпогодени од пандемијата се градот Софија и регионот Бургас на Црното Море. Здравствените служби во Софија предложиле затворање на училиштата и градинките, рестораните, трговските центри и спортските сали. Конечната одлука за тоа ќе биде објавена утре. Вакцинацијата во Бугарија, пак, е забавена бидејќи употребата на вакцините на „АстраЗенека“ е привремено прекината, а се достапни вакцините на „Модерна“, „Фајзер“ и „БиоНТех“. Во Бугарија, парламентарните избори се закажани за 4 април, а претставниците задолжени за изборниот процес се меѓу приоритетните групи за вакцинација, пишува австриски ОРФ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Чудо од Англија: Тиква тешка речиси 1.300 кг Чудо на нива во Англија. Ако мислите дека сте виделе сè во градинарството, оваа глетка од Англија може целосно да ве разубеди. Британецот Јан Патон повторно го собори својот личен светски рекорд одгледувајќи огромна тиква тешка неверојатни 2.856,8 фунти, што изнесува речиси 1.295 килограми. Како што пренесува „БроБајбл“ (BroBible), овој џин, кој тој го нарече „Багира“, го надмина неговиот минатогодишен рекорд за речиси 18 килограми. Колку труд е потребен за да се одгледа ваква џиновска тиква? Одгледувањето на таков џин воопшто не е едноставна задача. Според информациите што Јан Патон ги сподели со „Би-би-си њуз“ (BBC News), на тиквата ѝ биле потребни дури шест часа интензивна нега секој ден, а „пиела“ околу 130 галони вода дневно. Зачудувачки е фактот дека тиквите со оваа големина, во фазата на најбрз раст, можат да добијат и до 22 килограми тежина за само 24 часа. Иако со години учествувал на овие натпревари заедно со својот брат близнак Стјуарт, оваа година Јан одлучи да настапи самостојно и победи. Откако официјално беше потврдено дека е најтешка во светот, „Багира“ е изложена на фармата „Санифилдс“ во близина на Саутемптон. https://www.instagram.com/p/DeEui7Pqsqs/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again Сепак, судбината на овој рекордер е веќе запечатена. По завршувањето на изложбата, тиквата ќе биде исечена и искористена како храна за крави. Тиквите се сметаат за високохранливи, што ги прави идеален оброк за добитокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00