Бугарски „нон-пејпер” во ЕУ: Македонскиот идентитет е фалсификуван

Бугарски „нон-пејпер” документ во кој се посочува дека македонската нација не постои, дека нашиот идентитет е фалсификуван од Тито и дека бугарски интелектуалци во Македонија биле истребени по Втората светска војна, а во кој државата се ословува со БЈРМ, веќе неколку умесеци циркулира меѓу шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија, јавува дописникот на МИА од Брисел.



Овој „документ” на состаноците пред последните средби на Советот за општи работи на Европската унија го пласирал Марин Рајков, поранешен премиер на Бугарија, и тој циркулира како во Советот на Унијата, така и во Европскиот парламент, Комисијата и другите ЕУ-институции. Иако во Бугарија неколку месеци е на власт, како што се оценува, за Македонија поблага опција, овој „нон-пејпер” се уште од официјална Софија не е повлечен. Од страна на Постојаната мисија на Бугарија при ЕУ ни соопштија дека тоа е всушност „интервју на амбасадорот Димитар Цанчев за германски медиуми” кое тој им го лиферувал на министрите за надворешните работи на земјите-членки на Унијата.

Инаку, во овој „документ” чија содржна е на англиски, најпрво се наведува дека „на работниот појадок со Постојаните претставници во ЕУ на 18 април 2013 година во Брисел, министерот за надворешни работи на „бившата југословенска Република Македонија“ (БЈРМ) Никола Попоски отворено запраша дали има потреба БЈРМ да склучи договор за добрососедство со Бугарија, повикувајќи на асиметрична клаузула во нацрт-верзијата предложена од Бугарија”.

Токму ваквото извртување на ставот на македонскиот министер дека “за добрососедство не е потребен договор”, наведува во продолжение на „нон-пејперот” е причина нашите соседи да истурат отров врз Македонија.

- Во овој поглед, Бугарија би сакала да подвлече дека склучувањето на ваков договор е клучна компонента од „конкретните акции и резултати” во однос на параграф 41 од заклучоците на Самитот на Европскиот совет во декември 2012 година. Предложениот договор треба да содржи правно-обврзувачко потврдување на обврската на БЈРМ дека “... ништо во нивниот Устав може или би можело да се толкува дека претставува, сега или било-кога во иднина, база за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија со цел одбрана на статусот и правата на лицата кои не се државјани на Република Македонија, се наведува во „нон пејперот“.

Притоа, Бугарите наведуваат и дека „е факт оти Уставот на БЈРМ содржи такво ексклузивно право што раѓа загриженост кај соседните држави. Затоа, секакви тврдења дека таква обврска според предложениот договор сега не би биле реципрочни се неточни”, се вели во документот, каде е наведено и дека “Уставот на Република Бугарија не содржи текст во насока на дефинирање на идентитетот на лицата што не се бугарски граѓани”.

Потенцирајќи дека “БЈРМ не сака да се посвети на обврската превземена во 1999 година во заедничката декларација на премиерите на Бугарија и на БЈРМ, како и во времената спогодба меѓу Хеленската република и БЈРМ”, нашиот источен сосед на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ им претставуваат зошто договорот за добрососедство кој тие го бараат е важен за нас и зошто тие не можат и нема да прифатат “било-какви тврдења на Скопје за ‘македонско национално малцинство во Бугарија“: - По Балканските војни и Првата светска војна, еден дел од географската област на Македонија беше вклучена во територијата на Кралството Југославија. Сите историски факти и извори покажуваат дека до почетокот на 20-тиот век, огромното мнозинство на словенското население во оваа област јасно се идентификувало себеси како бугарско (на плебисцитот одржан од Османските власти во 1870 година, пред издавањето на Султановиот декрет за воспоставување на границите на Бугарскиот егзархат, според меѓународната Карнегиева анкета од 1913 година) - се наведува во историската лекција што ја делат Бугарите.

Според нив, по „неуспехот во обидите меѓу двете светски војни да се искорени бугарскиот идентитет на локалното население со наметнување на „Јужно српски” идентитет”, довело до тоа, како што се наведува “југословенскиот лидер Јосип Броз Тито во 1944 година да ја лансира политиката на фалсификување на нов’македонски’ национален идентитет во тогашната Федеративна Република Македонија!

- Оваа конструкција е содржана во одлуката на Комунистиката Интернационала и поддржана од Сталин и во неа се тврди дека секој словенски жител во географската област на Македонија е етнички “Македонец” кој и припаѓа на “македонската нација” - посочено е во “нон-пејперот”.

Врв на „добрососедство”, Бугарите додаваат во продолжение на овој документ, каде се наведува: - Овој сеопфатен процес воден од титовиот комунистички режим го вклучи и (од 2 август 1944 година) декретот за локалниот дијалект од бугарскиот јазик да биде “македонски” јазик, како и фабрикувањето на “историската позадина” на новиот “македонски” идентитет, преку големо менување на историјата за сметка на соседните држави и народи. Секој обид од локалното население да го манифестира сопствениот бугаркси идентитет беше поттиснуван преку сталинистички методи. Илјадници лица беа затворани или испраќани во кампови на титовиот гулаг, локалната политичка и интелектуална елита, кои себе си се идентификуваа како Бугари, беа истребени во арбитражни убиства меѓу 1944 и 1946 година - гласи образложението, очигледно пишувана од раката на “историчарот”-антиМакедонец Божидар Димитров.

Пред крајот, во овој документ што се уште кружи низ Брисел, се посочува: - Без оглед на резултатот од напорите за изградба на “македонска” нација, тоа не може да се користи како аргумент за малцинските претензии на Скопје виз-а-ви соседните земји. Бугарија би сакала да подвлече дека ако таков процес на национална изградба почнал во 1944 година, тоа е ограничено само на тогашната Социјалистичка Република Македонија, а по 1991 година и во БЈРМ. Ниту еден бугарски граѓанин не учествувал во таков процес. Затоа, било-какви посочувања на Скопје за постоење на „македонско национално малцинство во Бугарија” останува целосно неосновано и неприфатливо. Во бугарското јавно мислење, сето ова се толкува како индиректни територијални претензии и воопшто негирање на бугарскиот национален идентитет - ќе реше официјална Софија на своите пријатели во Европската унија.

Како последна реченица во овој „нон-пејпер”, колку да нема двојби какви ќе бидат ставовите на Бугарија во однос на приемот на Македонија во ЕУ, се наведува: “Бугарија повикува дека изнаоѓањето на решение за нерешените прашања со соседите треба да дојде пред, а не по почетокот на преговорите со ЕУ”.

Она што е непознато е дали сегашната бугарска Влада на чело со Пламен Орешарски, а во која е умерениот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, се уште се согласува со овој документ и ако не зошто се уште не го повлече истиот и до Советот на ЕУ не достави нов, што ќе промовира доброседски дух со Македонија. Неодамнешната владина средба предводена од Орешарски и претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, дава надеж дека е можен пресврт во ригидната бугарска политика што ја започнаа Бојко Борисов, а ја продолжи Марин Рајков, кон Македонија, со која Грција доби партнер во блокирањето на македонските евроинтеграции./МИА

Николоски: На 8 мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ

„Во првиот круг му поставував прашања на Пендаровски, не одговори на ниедно. “

„Во првиот круг му поставував прашања на Пендаровски, не одговори на ниедно. Наместо да одговара прашања, плаќаше ботови по социјални мрежи лично да ме навредуваат мене и моето семејство, народот му кажа што мисли за тоа. Но, морам да го прашам уште нешто затоа што се работи за злоупотреба на државни пари“, истакна носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4 Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кавадарци.

Тој продолжи и додаде:

„Пендаровски до денес не одговори дали ќе ги користи или нема да ги користи привилегиите кои ги следуваат поранешните претседатели, еднаш невешто одговори дека за тоа ќе се изјаснел во 2029 година, ама очигледно ќе треба да се изјасни на 12 мај затоа што тогаш и официјално му завршува мандатот, тоа е четири дена после изборите и мислам дека е чесно и кога ќе дојде тука во Кавадарци да каже дали ќе е пензионер со најголема пензија во Македонија и поранешен претседател кој најдолго ќе ги користи народните пари. А во меѓувреме е фер да каже уште вечерва ако може дали е вистина или не од пусти мерак за претседателствувања ама и за користење на привилегии дека побарал да му се отвори вилата во Охрид и ќе седел следни пет дена таму да искористи уште некој ден покрај охридското езеро, дали е вистина ова Стево Пендаровски и дали е вистина дека со цело друштво одиш таму да поседите уште некој ден на државен трошок, одговори пред граѓаните“, истакна Николоски.

Тој истакна дека на 8 мај треба уште помасовно да се излезе, во уште поголем број и разликата во Кавадарци да е уште поголема и додаде дека е потребна масовна референдумска излезност на 8 мај за влада која нема да е уценувана од никого, за СДСМ во опозиција, за ДУИ во опозиција.

„Ве повикувам да ја прочитате нашата програма Платформа 1198, тие не размислуваа на проекти и не реализираа проекти, затоа ние ќе реализираме. Ќе реализираме и експресен пат од Кавадарци до Неготино и спојување на Кавадарци со автопатот. Ќе реализираме и отворање на граничен премин со Грција како би станало многу блиску да се патува помеѓу Кавадарци и Воден и да се спојат овие два дела на географска Македонија. Ќе ги помагаме земјоделците, за лозарите достоинствени цени за виното и рестартирање на Повардарие како би се срушил монополот во откупот на грозје и производството на вино подостоинствен живот за сите, повеќе субвенции и повеќе ред за сите. Затоа на 8 мај масовно да излезете“, дециден е Николоски, се наведува во партиското сооштение.

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме просперитетна Македонија

„СДСМ е единствената политичка сила која има моќ, знаење, упорност и посветеност да ја внесе државата во ЕУ, затоа не се откажуваме.“

„СДСМ е единствената политичка сила која има моќ, знаење, упорност и посветеност да ја внесе државата во ЕУ, затоа не се откажуваме и знаеме дека граѓаните ќе нè поддржат на 8-ми мај за заедно обезбедиме сигурна и просперитетна иднина за државата“, порача претседателот на СДСМ и носител во ИЕ 1, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во општина Центар.

На политичките противници им испрати порака да не гаат илузии дека СДСМ лесно ќе се откаже од борбата за парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Ковачевски порача дека историјата и традицијата на СДСМ, но одлучност за европска иднина на Македонија се најдобар доказ дека ние никогаш не се откажуваме, рече Ковачевски.

„СДСМ е партија која е единствен наследник на НОБ. СДСМ е партија која е изградена на основите на крушевскиот манифест на АСНОМ, на победата над фашизмот. СДСМ е партија која ја внесе Македонија во ОН, на чело со Киро Глигоров. Оваа партија е фундаментот на независна Република Македонија.Оваа партија, заедно со вас граѓаните, успеа да сруши режим и да ја ослободи државата после 11 години изолација и злоупотреби од ВМРО – ДПМНЕ.Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал-демократски вредности“, рече Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека тој и другите членови на раководството на СДСМ ја разбираат и прифаќаат пораката на граѓаните од гласањето во средата. Сепак, порача дека конечниот изборен резултат сè уште не е одлучен.

„Изборите на 8-ми мај ќе бидат тешки. Ние сме ја имале вашата поддршка особно во Центар, кога било најтешко. Кога режимот на Груевски, менторот на Мицкоски, носеше луѓе од Пустец, гаснеше струја, расипуваше лифтови, заплашуваше само за да не дозволат СДСМ да ја добие локалната власт во Центар. Но, не успеаја. Затоа што и тогаш заедно со коалиционите партнери тука присутни денес сите, покажавте истрајност и покажавте упорност и непоколебливост. Затоа, ве повикувам, пред да гласате на 8-ми мај, убаво да размислите кој го заслужува вашиот глас, бидејќи тоа е највредниот демократски инструмент во рацете на граѓаните“, рече Ковачевски.

Ковачевски најави дека во СДСМ постои цврсто единство и сите се обединети околу целта Македонија да стане членка на ЕУ затоа што тоа ќе обезбеди повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство, се наведува во партиското соопштение.

Утре се продава златниот часовник, најден покрај телото на најбогатиот патник на „Титаник“

Златен џебен часовник пронајден покрај телото на најбогатиот човек на Титаник може да достигне цена од 175.000 евра на аукција.

Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на бродот во 1912 година откако ја однел својата нова сопруга Медлин во чамец за спасување.

Наместо да се обиде да се спаси во друг чамец, беспрекорно облечениот Астор, кој бил истакнат член на богатото семејство Астор, последен пат е виден како пуши цигара и разговара со сопатник.

Неговото тело било извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна и бил пронајден неговиот скап џебен часовник Waltham од 14 каратно злато, со врежани букви JJA. Се очекува часовникот да достигне цена помеѓу 100.000 и 150.000 фунти кога утре ќе се појави на аукција во аукциската куќа Henry Aldridge & Son во Девизес, Вилтшир.

„Астор е добро познат како најбогат патник на РМС Титаник и се сметаше дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со нето вредност од приближно 87 милиони американски долари - што е еквивалент на неколку милијарди долари денес“, рече аукционер Ендрју Олдриџ.

притисни ентер