Бугарија се буни за „државна антибугарска идеологија" во Македонија

Софија нагласува дека земјите кандидати не треба да внесуваат отворени спорови во ЕУ, и смета дека несогласувањата со Скопје претставуваат нерешен конфликт.

Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија" во Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Меморандумот до кој дојде МИА се осврнува долго на историјата, Тито, Коминтерната и обвинува за „етнички и јазичен инженеринг" во Македонија.

Софија нагласува дека земјите кандидати не треба да внесуваат отворени спорови во ЕУ, и смета дека несогласувањата со Скопје претставуваат нерешен конфликт кој „би можел при зачленувањето на Македонија негативно да влијае врз носењето одлуки во ЕУ". Бугарските власти ја повикуваат Македонија да изнајде долготрајни решенија со искрена политичка волја и храброст и да „раскине со идеолошкото наследство од комунистичка Југославија".

Според Бугарија ова „наследство" е причина за „етничкиот инженеринг" во Македонија.

По неколку пасуси посветени на историските прашања од Втора светска војна и Југославија, Софија оценува дека главните отворени прашања помеѓу неа и Скопје се јазикот, заедничката историја и малцинските прашања. Бугарија смета дека работата на заедничката експертска комисија за историја е блокирана поради тоа што македонската страна одбивала да се договори за концептот на „заедничка историја", наместо тоа се користела со термини како „споделена". Поради ова, смета Софија, довербата е поткопана помеѓу двете страни.

Што се однесува до јазикот, Софија го користи македонскиот јазик под наводници и смета дека до втори август 1944 не постоел ниту македонски јазик, ниту македонски етнички идентитет, и дека тие се создадени со цел да се поделат и одвојат народите во Социјалистичка Република Македонија и Бугарија. Софија ја доведува во прашање кодификацијата на македонскиот јазик и смета дека тој е регионален дијалект на бугарскиот.

Бугарија оценува дека употребата на терминот македонски јазик во Преспанскиот договор не е обврзувачки за трети страни, а не ја смета за обврзувачка ниту стандардизацијата на Обединетите Нации од 1977 кога е признат македонскиот јазик. Па така, сега Софија бара во ЕУ документите да стои !„официјалниот јазик на Република Македонија или во случај на апсолутна потреба „македонски јазик со фуснота".

Софија исто така ги информира своите ЕУ партнери дека Македонија нема основ да бара права за ниедно население во Бугарија, како што се договорија двете страни, но обвинува дека македонските власти не ја смениле политиката кон лица и организации кои бараат признавање на македонско малцинство во Бугарија, со што го прекршиле членот единаесет од спогодбата.

Од институциите на ЕУ нема реакција за сега на овој бугарски документ.

Дипломатски извори за МИА велат дека е нормално на почетокот на дискусиите во ЕУ секоја страна на да ги образложи своите позиции, и дека е вообичаено да бидат максималистички, но останува надеж дека ќе може да се најде заеднички прифатливо решение со Софија за да започнат преговорите за членство во Македонија пред крајот на оваа година./МИА

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Поранешниот НФЛ играч Кори Канингем (28) вчера е пронајден мртов во неговиот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Според извештајот на „РЛС Медиа“, се работи за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад.

Во последните неколку месеци тој се обиде да се пробие во светот на претприемништвото и беше регистриран како агент на локална логистичка компанија во Њу Џерси.

Канингам присуствуваше на колеџот Синсинати и играше за Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде членуваше само како тренер, а доби отказ во јануари минатата година. Тој беше член на тренинг кампот на Џиновите претходното лето.

Поранешниот клуб, Њујорк Џајантс се прости од него.

- Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите - се вели во соопштението на клубот.

Буневски: Производството на сопствена храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја

Денеска беше промовиран дел од Програмата за земјоделство и производство на храна од Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија.

За мерките пред новинарите зборуваше професорот Ѓоко Буневски, кој рече дека Македонија е традиционално аграрна земја, со учество на земјоделството во бруто-домашниот производ од околу 10 проценти, односно, заедно со преработувачката индустрија 12-15 проценти и е на третото место, после индустрискиот сектор и услугите.

„Во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија имаме преку 40 предлог мерки за подобрување на секторот производство на храна, но тука ќе ги истакнеме само поважните:

- Воведување забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва. до трета категорија за друга намена, освен за производство на храна.

- Приоритетно доделување земјоделско земјиште на локалните фармери, а не на странски инвеститори. Локалните фармери мора да имаат приоритет при доделувањето земјоделско земјиште. - Форсирање на синџирот "од нива до трпеза".

- Субвенционирање по предадени земјоделските култури по загарантирана откупна цена“, рече Буневски.

Тој додаде дека сме сведоци на состојбата каде земјоделските производи се откупуваат од земјоделците и под нивната производна цена, што го прави производството на храна непрофитабилно и неконкурентно. „Токму затоа, рече тој, - сметаме дека е многу важно за развојот на оваа гранка да се обезбеди откуп по загарантирани цени“.

Буневски потенцира дека покрај овие мерки, Движењето ЗНАМ ќе се заложи да се зголемат субвенциите во земјоделството барем на ниво на соседните земји, а буџетот од сегашните 160-180 милиони евра да се реорганизира и да се воведат нови мерки за субвенционирање. Исто така, тој рече дека ќе предложат мерки за да се намали, па дури и запре напуштањето на селото и земјоделството, особено со поголеми стимулирања на млади фармери, на жените фармери, како и поголеми погодности за отворање бизнис во овие средини. Како што рече Буневски, ќе се обрне големо внимание на мерките за подобрувањње на квалитетот на храната, а ќе се подобри и степенот на советодавни услуги за земјодлеците, а особено засовремените технологии и иновации во секторот, професор Буневски потенцира дека многу важен сегмент е брендирањето на традиционалните производи и производи со познато географско потекло и рече дека во момментот 160 производи чекаат и стојат во фиока.

Како мерка која треба да се воведе, е и заштитата на генетските ресурси во растителното и сточарското производство. Исто така за да може да се подобри севкупната ситуација во овој сектор Буневски рече дека ЗНАМ ќе воведе стипендирање на деца од земјоделски земејства на земјоделските школи и факултети.

„Земјоделството бара долгогодишна стратегија, а не брзи политички инстант решенија, која политичка партија доаѓа на власт, како од неа да почнува се. Производство на своја храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја. Затоа сметаме дека е неопходно да дадеме максимум за земјоделството, максимум за Македонија“, рече Буневски, се наведува во партиското соопштение.

Крузер од 200 метри удри во пристаништето во Кушадаси, екипажот направи грешка (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи снимка од турско пристаниште каде луксузен брод за крстарење долг 200 метри удри во бетонското пристаниште.

„Celestyal Journey“ пристигна во Кушадаси минатата недела, но работите не одеа според планот и се случи необичен инцидент.

За среќа, бродот е минимално оштетен, како и самото пристаниште, а нема извештаи за повредени, пишува Дејли Мејл.

Екипажот направил една фатална грешка кога погрешно ја пресметале брзината, што довело до несреќата.

Во обид да го забават крстосувачот, тие наводно го спуштиле сидрото, но и покрај нивните напори дошло до инцидент.

Медиумите јавуваат дека патниците нормално се симнале од бродот и го разгледале градот, а „Celestyal Journey“ не морал подоцна да ја менува рутата.

Крузерот работи од 1994 година, има 630 кабини, седум ексклузивни ресторани, осум барови и салони.

притисни ентер