Бугарија протера двајца руски дипломати - Канал 5

Бугарија протера двајца руски дипломати

Бугарија одлучи да протера двајца руски дипломати осомничени за шпионирање за Москва.

Бугарија протера двајца руски дипломати

„Бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца дипломати на руската амбасада во Софија за непожелни и им даде 72 часа да ја напуштат земјата за активности што не се во согласност со дипломатскиот статус“, се вели во соопштението.

Обвинителството во петокот објави дека се приведени шест лица, меѓу кои и неколку претставници на Министерството за одбрана, обвинети за давање доверливи информации на водачот на мрежата, поранешен агент. Неговата сопруга од руско-бугарска националност била медијатор во комуникацијата со Москва, според истиот извор.

Руската амбасада изразила жалење за протерувањето на дипломатите, нарекувајќи го неосновано.

„Русија го задржува правото да возврати“, предупредуваат од амбасадата.

Бугарија има традиционално добри економски односи со Русија, но од октомври 2019 година, неколку шпионски скандали ги ослабнаа овие врски. Пет руски дипломати и технички асистент во амбасадата беа протерани од земјата во тој период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нападнат клучен руски нафтен центар

Украинските сили нападнаа клучен руски нафтен центар кратко откако Доналд Трамп ги изненади сите со склучување голем договор за увоз на дизел со Владимир Путин.

Нападнат клучен руски нафтен центар

Веднаш по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, руските сили започнаа нов напад врз цивили кои спиеле во Запорожје. Загинаа најмалку седум лица – меѓу кои и три девојчиња – десет беа повредени, а 16 се водат како исчезнати. Со ова, вкупниот број на цивилни жртви од руските напади во изминатите три дена достигна речиси 90, пренесува „Дејли мејл“.

Договорот за дизел меѓу Трамп и Путин го шокираше Киев, а украинскиот лидер го обвини американскиот претседател за „слабост“ и за попуштање пред Москва.

Од друга страна, како што пренесува информативниот портал „Аксиос“, Трамп му замерил на Зеленски што ги игнорирал дури шесте негови барања за запирање на нападите врз руските рафинерии – напади што предизвикувале раст на цените на горивото во САД пред изборите за конгресот.

Дополнителен притисок дојде од советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, кој изјави дека едноиполчасовниот разговор меѓу Трамп и Путин бил толку срдечен што „ниту едната страна не сакала прва да ја прекине врската“. Самиот Трамп навести дека е подготвен да продолжи со комуникацијата со рускиот претседател во текот на ноќта, па и следниот ден, пренесува „Дејли мејл“.,,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модел на „Антропик“ испрати лажна дојава за убиство до полицијата

Оделот на вештачка интелигенција Клод на „Антропик“ испратил лажна дојава за нерасчистено убиство преку јавен полициски формулар во Филаделфија. 

Модел на „Антропик“ испрати лажна дојава за убиство до полицијата

Инцидентот се случил на 18 јули 2026 година, а беше јавно обелоденет на 9 октомври. Пораката била означена како спам и не стигнала до истражителите, соопшти полицијата.

Според извештајот на „Антропик“, моделот Клод Хаику 4.5 добил задача да изведува примерни активности на случајно избрани веб-страници. На една од нив наишол на страница за нерасчистено убиство со формулар за доставување информации.

Моделот составил порака во која тврдел дека можеби има информации за случајот и дека видел лице што одговара на описот во близина на наведената улица. Сепак, страницата воопшто не содржела опис на сторителот. Полињата за име и контакт останале празни, а формуларот дозволувал испраќање и без тие податоци.

Според полициското соопштение што го објави телевизијата „6 АБЦ“, компанијата го открила инцидентот на 28 септември, а ја известила полицијата на 7 октомври. Следниот ден се одржала средба со претставници на „антропик“.

Полицијата го оцени доцнењето како неприфатливо и побара компанијата да ги зајакне заштитните механизми. Истовремено, нагласи дека нема показатели за неовластен пристап до полициските системи или за компромитирање на податоците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избрана новата портпаролка на Белата куќа

 Конзервативната коментаторка Кејти Закари е избрана за нова секретарка за печат на Белата куќа, наследувајќи ја Керолајн Ливит, која ја напушти функцијата во август, објави „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Избрана новата портпаролка на Белата куќа

Закарија моментално работи како виш советник за комуникации во компанијата „Трамп медиа енд технолоџис груп“ (Trump Media and Technologies Group), која управува со социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) на американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно, таа кратко време работела како портпарол на тогашната секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.

Каролин Ливит се повлече од функцијата секретар за печат на Белата куќа во август, но останува ангажирана како надворешен советник на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер