Бугарија испраќа војска на границата со Tурција поради мигрантите - Канал 5

Бугарија испраќа војска на границата со Tурција поради мигрантите

Бугарија испрати 350 војници на границата со Турција за да и помогне на полицијата поради зголемениот притисок од мигрантите.

Бугарија испраќа војска на границата со Tурција поради мигрантите

Од бугарското министерство за внатрешни работи посочуваат дека повеќе од 6 500 лица кои влегле илегално, главно од Авганистан, биле уапсени во Бугарија од јануари до септември, што е три пати повеќе отколку во истиот период во 2020 година.

Бугарија е на надворешната граница на ЕУ на рутата за мигрантите кои сакаат да стигнат до Европа. Ограда од бодликава жица, која на места е искината, се протега на 259 километри од бугарско-турската граница. Бугарија како членка на ЕУ, никогаш не прифати поголем број баратели на азил и повеќето од нив ја напуштаат земјата пред и да добијат статус на бегалци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер