Буфон иако летово доби понуди од Порто и Лидс сепак на крајот одлучи да се врати во италијанскиот фудбал.
Минатата сезона Буфон ја мина во редовите на Пари Сен Жермен , но не бранеше во стилот на кој што сме навикнале да го гледаме.
Иако фудбалските романтичари очекуваа популарниот Џиџи својата последна сезона во кариерата на зелениот терен да ја мине во тимот на Парма, сепак Буфон одлучил повторно да застане на голот на Јувентус.
Славниот италијански репрезентативец се очекува утре да потпише договор со Старата дама од Торино .
Единствен мотив за ваква одлука му била желбата да го освои пехарот од Лигата на Шампионите, трофеј кој Буфон го нема подигнато во богатата кариера.
Буфон во Јуве ќе заработи 1,5 милиони евра, со екстра бонусите неговата годишна плата може да стигне до 2,5 милиони евра.
Минатата година прв голман на италијанскиот шампион беше Војчел Шчесни.
Инаку летово во Торино покрај новиот тренер Маурицио Сара од Челзи пристигнаа Арон Ремзи од Арсенал, Адриен Рабио од ПСЖ, блиску до Јуве е и Матијас де Лихт од Ајакс.