3Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО
Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
1Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
Европа Шпанските железничари го завршија штрајкот по договорот на синдикатите со владатаШпанските железнички работници го завршија тридневниот штрајк на денот кога започна откако властите се согласија да ги зголемат инвестициите во инфраструктура и во персонал за справување со железнички несреќи.Синдикатите на железничките работници излегоа на улиците во неколку шпански градови откако двајца машиновозачи и неколку десетици патници загинаа во несреќи во покраините Андалузија и Каталонија во јануари. Во воз од Малага до Мадрид се случи голема несреќа, во која последните три вагони се одвоија и преминаа на спротивната пруга, по што беа удрени од воз што доаѓаше од спротивната насока со брзина од 210 километри на час. Во тој судар загинаа 46 лица. Затоа, железничките синдикати повикаа на поголеми инвестиции во железничката инфраструктура, посилни контроли и нови вработувања. Во исто време, тие предупредија дека патничкиот сообраќај е повеќе од двојно зголемен во последните десет години, но дека тоа не е придружено со нови инвестиции. Синдикатот СЕМАФ објави дека владата се согласила со сите барања и дека е постигнат договор за зајакнување на секојдневната безбедност, вклучувајќи инвестиции во инфраструктура, започнување работни групи и нови безбедносни процедури. Министерството за транспорт, железничката компанија Адиф и државната компанија Ренфе се согласија да воведат мерки што значително ќе ги зајакнат безбедносните мерки, како и ќе воспостават јасни одговорности и ќе го зајакнат персоналот. Синдикатите CCOO и UGT, најголемите во земјата, исто така им соопштија на своите членови дека штрајкот е прекинат, а CCOO додаде дека ќе следат дали владата го спроведува она што го објавила. Помалите синдикати како што се CGT и Sindicato Ferroviario објавија дека ќе го продолжат штрајкот до среда бидејќи не биле дел од преговорите и сè уште не се информирани за деталите од договорот.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКако хеликоптерите поскапеа за 30 милиони евра: Мисајловски ја прозваа ПетровскаКако за само неколку дена набавката на осумте армиски хеликоптери од италијански „Леонардо“ станала поскапа за повеќе од 30 милиони евра? Прашањето кое со години ја следи една од најголемите набавки за модернизација на Армијата повторно се врати во фокусот, овојпат откако за договорот што го потпиша поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно проговорија и актуелниот министер Владо Мисајловски и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Дополнителни прашања отвори и министерот за одбрана Владо Мисајловски во „Само интервју“ на Канал 5. Според него, непосредно пред завршувањето на постапката дошло до значително зголемување на вредноста на договорот. „На неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот има една изјава дека цената најмногу се зголемила поради инфлација. Зборуваме за зголемување од 213,7 милиони евра до 245,9 милиони. Ова се прашања што се отворени. Јас не сум обвинител. Легитимно е прашањето како поскапел договорот?“- Владо Мисајловски. Петровска ги отфрла обвинувањата како неточни и тврди дека одлуката за набавката на хеликоптерите била донесена уште во 2023 година, што, според неа, е документирано во Министерството за одбрана. Таа оценува дека наводите што ги изнесуваат Мисајловски и Филипче се дел од иста теза со која, се прави за да се нарушат нејзиниот углед и репутација во период кога е политички поактивна. -Не точна е комплетно тезата и тврдењата дека договорот е вклучен спротивно на препорака на комисија и затоа постојат документи и записници во МО, коишто можат да се видат и министерот може да ги декласифицира и објави. Она што е заедничко, затоа што истата теза ја гледам и од Венко Филипче и од Владо Мисајловски. Да повторам дека тоа е човекот кој што го повикувам повеќе од година дена на ТВ. соочување , еве прилика па ги повикам двајцата на тв соочување да ги расчистам сите нејаснотии што ги имаат – вели Славјанка Петровска – Пратеник од СДСМ. По новите обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство по допрен глас да го повика Филипче и да ги провери неговите наводи за евентуални неправилности при набавката. Од Обвинителството за “Канал 5 велат дека во моментов нема оформен предмет за набавката на хеликоптерите. Доколку надлежна комисија или друг орган при проверките утврди сомнение за кривично дело, има обврска тоа да го пријави, по што Обвинителството би можело да постапува. Досега за случајот предемет единствено отоври Антикорипциска во 2024 година, но никогаш немаше епилог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПлатформата која бара промени во СДСМ го доставија нивниот предлог за реформи во партијатаНеодложна и неотповиклива оставка на Венко Филипче од претседателската позиција на СДСМ, итен избор на кредибилна и независна работна група во партијата...Неодложна и неотповиклива оставка на Венко Филипче од претседателската позиција на СДСМ, итен избор на кредибилна и независна работна група во партијата, која ќе има извршен мандат во определно време и ќе подготви темелни внатрешни реформи во најскоро време, ревизија на изборот и мандатниот статус на актуелните делегати, како и одржување на вонреден конгрес за усвојување на статутарни измени, а откако ќе завршат овие постапки СДСМ да организира фер, слободни и демократски внатрепартиски избори. Ова се главните барања на Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“ содржани во документ од три страни, потпишан од 17 лица, кои јавно ги објавија токму од СДСМ откако Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија до партиската архива на “Бихакќа”. -Ти си на потег. Ако продолжиш и понатаму да ја игнорираш реалноста ќе го однесете СДСМ во драматичен пораз од кој ќе биде прашање дали некогаш ќе може да се опорави. Минимум што им должиш на чесните и посветени членови е на заминување да покажеш доблест и политичка големина и дури на своја штета да ја разбиеш широко распространетата перцепција дека не сте пазарени со вака неспособно ВМРО-ДПМНЕ со сторување или несторување да му изработите уште една победа на парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат, стои во документот од Платформата. Експресно реагираа од СДСМ кои ги споделија документите од внатрепартиската иницијатива, нарекувајќи ги „Платформа ЗНАМ 2.0“. Од партијата соопштија дека и покрај тоа што писмото било означено како „доверливо“, се решиле за целосна транспарентност пред членството и граѓаните. Во барањата за оставка, вонреден конгрес и партиски реформи од Бихаќка гледаат тесни лични и бизнис-интереси на иницијаторите кои, како што велат, одат во прилог на власта и ВМРО-ДПМНЕ. -Седумнаесет потписи против 18 илјади гласа и против целосно СДСМ. Кафеана против Статут. Шема против партија. ЗНАМ 1.0 или прва верзија ја продаде партијата. Втората бара клучеви. Нема да ги добие. Порака до Платформашите, шемаџиите, ЗНАМ 2.0 и другарите од анти-НАТО, анти-ЕУ и руската партија Левица: Партијата не е на продажба. СДСМ не се предава на аванс. За нас, СДСМ не вреди само 1,6 милиони евра, како за вас. Ние сме за Европа, за вистина и правда, реагираат од СДСМ. Филипче го одби Планот за консолидација и структурни промени во СДСМ уште пред официјално да биде доставен до партијата. На прес-конференција вчера на поранешните партиски функционери им порача дека „ако сакаат вистински да помогнат да се вклучат во изборниот процес за Брвеница, ако не да му се тргнат од патот... Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКОГрција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија. Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори. На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook