Буфон: Ние сме аутсајдери, Барселона е речиси непобедлива

Голманот на Јувентус, Џиџи Буфон изјави дека екипата на Барселона е голем фаворит во финалето од Лигата на шампионите.

Буфон, смета дека Јувентус ќе има исклучително тешка задача, но и дека ќе му треба многу среќа против Барселона, за да дојде до третата титула првак на Европа.

- Барселона е екипа која е речиси непобедлива. Знаеме колку се силни Каталонците, но се игра еден натпревар, а знаеме дека во него секогаш не победува подобрата екипа’, изјави Буфон за италијанската телевизија „Скај спорт’’.

Италијанскиот првак Јувентус е првпат во финалето по 12 години, откако во „нокаут“ рундата ги елиминира, Борусија Дортмунд, Монако и се уште актуелниот европски првак Реал Мадрид.

- Ќе мора среќата да ни биде наклонета, бидејќи е јасно дека на хартија ние сме аутсајдери. Доколку Барселона, даде се од себе и игра на нивото на кое сме навикнати да ја гледаме, речиси ќе биде невозможно ние да ја освоиме Лигата на шампиони, дополни Буфон.

Финалето во Лигата на шампиони меѓу Барселона и Јувентус ќе се игра на 6 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин. /МИА

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 126.678 Пендаровски 51.965

На обработени 12% од избирачките места и 4,43% од гласачите во Македонија, Гордана Силјановска Давскова има огромно водство пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 126.678 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 51.965лица. Регистрирани се и 7555 неважечки ливчиња.

Ѓоковиќ ги охрабри навивачите: Очекувам да бидам во врвна форма на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ одржа прес конференција во Рим, каде ќе учествува на Мастерсот, што е негова последна подготовка пред Ролан Гарос.

Ноле истакна дека е задоволен од тоа како ги одработил тренинзите и очекува да биде во топ форма за Ролан Гарос, како и за Вимблдон и Олимписките игри потоа.

- На добар пат сум да бидам во топ форма на Ролан Гарос. Одработив добар тренинг, се надевам дека ќе играм подобро овде отколку во Монте Карло. Целта е да се оди што подалеку.

- Задоволен сум од тоа како поминаа последните 14 дена, со оглед на серијата на Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри, што е важен блок за мене... Но, тренинзите со спаринг-партнерите не е исто што и играњето против најдобрите играчи во светот. Мора да го вратам ритамот и интензитетот на натпреварувањето - истакна Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е слободен како прв носител, а во вториот носител ќе игра против победникот од мечот Роман Сафиуљин - Корентан Муте.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 68.65%, Пендаровски 27.28%

На 8% од обработените гласачки места во Македонија, Гордана Силјановска Давскова води со над 50.000 гласови разлика пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 86.688 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 34.450 лица. Регистрирани се и 5134 неважечки ливчиња.

притисни ентер