Жерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќа
Минчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа, одговорни институции и крај на неоправданото ширење на државниот апарат
1Жерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќа
2Минчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа, одговорни институции и крај на неоправданото ширење на државниот апарат
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
1Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
СудбинаБрутално убиена 16 годишна девојка поради кавга за момче- ја нашле на улица, облеана со крв (ВИДЕО)Шеснаесетгодишна тинејџерка е убиена во Лидс, Велика Британија, по „расправија околу момче“.Клое Вотсон е пронајдена со повеќе убодни рани на телото. Таа е пронајдена во несвест и во локва крв во градот Осторп во саботата наутро. Иако девојката е итно префрлена во болница, таа е прогласена за мртва кратко потоа, објави Би-Би-Си. Пет лица - две 18-годишни девојки, 17-годишно момче и 20-годишен маж - се уапсени на блиска адреса под сомнение за убиство и се во притвор. Тројца се обвинети утрово. View this post on Instagram A post shared by ITV News (@itvnews) Роднина Шантел Вотсон изјави дека животот на Клое е одземен „поради нејзиното момче“, без да даде дополнителни детали. „Имаше само 16 години, немаше ни 18. Целиот нејзин живот беше прекинат од момче, нејзината мајка беше скршена и остави зад себе две помлади браќа и сестри. Таа не го заслужуваше ова. Беше толку полна со живот, толку невина и убава душа, ни беше одземена прерано“, напиша Шантел на страницата на GoFundMe. Собирањето средства, кое започна во недела навечер, веќе собра повеќе од 7.500 евра. Вејн Малус, 64, рече дека се обидел да ја спаси тинејџерката. „Таа беше избодена во грб и имаше многу крв. Се обидував да ѝ помогнам додека не пристигнаа болничарите, тие пристигнаа за десет минути“, рече Малус. Авенијата Кенерли, каде што беше пронајдена Клое, е мирен дел од Осторп, предградие во источен Лидс, кое главно е составено од едносемејни куќи и е дом на постари лица, додаде Малус. Цвеќе и пораки се оставени пред домот на мајката на Клое во Клекхитон. Главниот детектив началник Марк Боус од полицијата во Западен Јоркшир изјави: „По нашиот апел за дополнителни информации вчера, сега ја идентификувавме починатата како 16-годишно девојче од областа Клекхитон. Нејзиното семејство е информирано и ние ги поддржуваме додека се обидуваат да се справат со она што се случило.“Тагови: девојка момче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаЖерновски: Средба со Гренел - иста лобистичка куќа за Мицкоски, Вучиќ, Орбан и истрага на Белата куќаСега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски.Денеска сакаме да зборуваме за една многу интересна тема, којашто е поврзана со оние случувања во Вашингтон, коишто се пак директно поврзани не само со нашата држава, туку преку оваа прес-конференција ќе се увериме и со регионот, бидејќи ова е една цела мрежа којашто Мицкоски и неговата влада ја користеле, односно ја злоупотребувале, не за целите на нашата држава и на нашите граѓани, туку за сопствени цели. Стратешкиот мост до администрацијата на САД, да цитирам, или ако сакате, примерниот канал за директна комуникација со Белата куќа, или ако сакате уште еден цитат, клучниот економски играч во економската агенда на македонската влада во своите приоритети кон Вашингтон, од вчера е под истрага за проневерени милиони долари од донација за Центарот „Кенеди“ и за продавање пристап до претседателот Трамп. Сега да ја потсетиме јавноста кој е Гренел и која е поврзаноста на Гренел со Мицкоски и Муцунски. Прва средба, јули, значи веднаш по доаѓањето, јули 2024 година во Вашингтон, каде што се цитира плодна средба помеѓу Мицкоски и Муцунски со Гренел. Август 2024 година, веднаш потоа во Скопје, продолжуваат разговорите. Јануари 2025 година во Вашингтон, повторно Мицкоски и Муцунски се гледаат со Гренел. Потоа, февруари 2026 година во Минхен и потоа јули 2026 година во Скопје, повторно има средба. Погледнете ја низата средби коишто се индикативни и коишто веќе зборуваат за тоа каква е поврзаноста на Муцунски и на Мицкоски со овој човек. Истиот Гренел, сакаме да ѝ објасниме на македонската јавност, со години работи за Вучиќ. Српската влада преку американската лобистичка куќа Валкур плаќа за директни контакти со него. Според извештаите што Валкур ги поднела до Американското Министерство за правда, претставници на куќата контактирале со Гренел во периодот од септември 2025 до март 2026 година. Кој е Валкур? Валкур е куќата којашто работи на промоција на кој друг, ако не на Вучиќ, во политичките и медиумските кругови во Вашингтон, вклучувајќи организирање интервју за средба што Трамп ја има споделено. Се сеќавате кога се фалеше Вучиќ со Трамп. Гренел се обидувал исто така да му организира средба со Трамп во Флорида, меѓутоа средбата била блокирана и сето тоа е како дел од кругот околу Џаред Кушнер и проектите во Белград. Во ФАРА-регистарот на Американското Министерство за правда, под број 7373, Валкур ја претставува Република Србија, а Валкур се поврзува и со фирмата која плаќа лобисти за Христијан Мицкоски. Да ѝ објасниме сега на македонската јавност, многу попрецизно, како е формирана и како постои целата мрежа. Кои се клиентите на Валкур? Покрај државата Србија, тука се и, внимавајте, Телеком Србија и унгарската компанија 4iG, и двете многу добро познати на македонската јавност. Телеком Србија е присутна на македонскиот медиумски простор преку канали поврзани со кругот на Вучиќ. Која е 4iG? 4iG, и е компанијата што треба да пружи услуга на поддршка на медиумите на Орбан и на Вучиќ во Македонија. Значи, целиот круг веќе се затвора многу прецизно. Претседателот на 4iG, Гелерт Јасај, е близок соработник на Орбан. Во март 2025 година бил именуван за амбасадор за развој на милијардерски деловни односи. Ние денеска прецизно ќе ја кажеме целата мрежа, за преку информациите коишто ги има СДСМ, во подолг временски период, на македонската јавност да ѝ биде јасно што се случува и во каква мрежа е влезен Мицкоски. Јавно се достапни документите како 4iG добиле од Орбановата влада големи одбранбени договори, вклучувајќи рамковен договор во мај, во износ од околу 4,3 милијарди долари од Министерството за одбрана, потпишан само неколку недели пред изборите во 2026 година, непосредно пред изборите. Е сега, новата унгарска влада на Петер Маѓар, во август 2026 година, како што и ние информиравме, наредила целосна ревизија на сите вклучени договори помеѓу државата и фирмата 4iG, во кои, се разбира, спаѓаат и одбранбените и телекомуникациските врски. Значи, една лобистичка група. Српската влада го плаќа Валкур за контакти со Гренел и за промоција на Вучиќ. Мицкоски се среќава со Гренел. Гренел се среќава со лобистите на Вучиќ. Во кругот на клиентите на истата куќа стојат и, како што кажавме, Телеком и 4iG, компании поврзани со најблискиот круг на Орбан. Значи, внимавајте, сето тоа што го кажавме не се одвоени приказни. Ова е една иста организирана шема, иста приказна. Ист канал. Значи, Вучиќ го плаќа Валкур, Валкур контактира со Гренел, а Гренел зборува за Мицкоски. Значи, за некого провизија, а за граѓаните, се разбира, на крајот на денот, дебела сметка. Да заклучиме јасно и прецизно. Тоа значи дека Мицкоски во Вашингтон воопшто не водел самостојна политика, туку водел политика којашто е формирана, организирана и одобрена директно од Вучиќ и од Орбан. И тоа е нешто што станува кристално јасно. Она што исто така треба да се потенцира е дека периметарот за којшто зборуваше Мицкоски воопшто не бил наменет за интересите на Македонија и на нашите граѓани, туку, за наша среќа, на сите нас, од тој фамозен Вашингтонски периметар денес не остана ниту милиметар. СДСМ бара одговор од Мицкоски: ти, како премиер на нашата држава, кога се среќаваше со Гренел, водеше сметка за државата и за нашите граѓани или водеше сметка за трговец со оружје? Она што исто така СДСМ го бара е обвинителството веднаш да отвори истрага за тоа какви биле контактите и договорите на Мицкоски со овој човек. Тоа е многу битно, затоа што и нашата држава мора да се вклучи во оваа акција којашто е покрената директно од Белата куќа, односно од тоа место за коешто Мицкоски зборуваше дека има одлични канали и дека е во самиот периметар. Почитувани граѓани, дозволете да кажам на крај дека никој не смее да биде над законот, а дека Мицкоски ќе одговара. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа, одговорни институции и крај на неоправданото ширење на државниот апаратМинистерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој се поставува нова рамка за организацијата, надлежностите и одговорноста на органите .Министерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој се поставува нова рамка за организацијата, надлежностите и одговорноста на органите на државната управа. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, порача дека државата мора да излезе од моделот во кој институционалната структура е под влијание на дневнополитички договори, создавајќи преклопени надлежности, непотребни административни бариери и нејасна одговорност за резултатите. „Повеќе од две децении, државната управа се соочуваше со последиците од фрагментирање на институциите и создавање структури без доволно јасно оправдување за нивното постоење. Кога надлежностите се преклопуваат, одговорноста се разлева, а цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните и стопанството. Тоа мора да се промени. Институциите не смеат да бидат инструмент за задоволување партиски или бирократски интереси“ - истакна Минчев. Во рамки на своето излагање, тој истакна дека со предложеното законско решение се отвора важен процес на уредување на институционалната поставеност на државата, со јасно разграничени функции и правила што ќе овозможат поефикасно спроведување на јавните политики. „Организацијата на државата мора да произлегува од потребите на граѓаните, функционалноста на институциите и јавниот интерес. Со ЗОРОДУ воспоставуваме основа за систем во кој надлежностите се јасно определени, а институционалната поставеност има своја оправданост и конкретна цел“ - нагласи Минчев. Нацрт-законот предвидува прецизирање на односите меѓу Владата, министерствата, органите во нивниот состав, самостојните органи на државната управа и управните организации. Се утврдуваат критериуми за основање и функционирање на органите, а за самостојните органи се предвидуваат јавна евиденција и функционален и организациски преглед најмалку еднаш во пет години. Со тоа се создава механизам за периодично преиспитување на институционалната поставеност и нејзината усогласеност со реалните потреби. „Втората суштинска промена е во начинот на кој ја разбираме институционалната одговорност. Секоја надлежност мора да биде јасно утврдена, секоја институција да има определена функција, а јавните ресурси да се користат одговорно и рационално. На граѓаните им должиме систем во кој постапувањето е предвидливо, законито и професионално“ - истакна министерот. На отворената јавна дискусија учествуваа претставници на академската заедница, дипломатскиот кор, институциите, граѓанските и синдикалните организации. Преку консултативниот процес, Министерството овозможува стручната јавност и сите заинтересирани страни да ги разгледаат предложените решенија и да придонесат кон нивно унапредување со аргументирани предлози. Дополнително, Нацрт-законот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со рок од 30 дена за консултации. ЗОРОДУ е дел од реформската агенда на Министерството за јавна администрација, кое се залага за унапредување и професионализација на административната служба и воспоставување пофункционален систем на државна управа. Преку координирани реформи и соработка со институциите и стручната јавност, Министерството останува посветено кон создавање администрација што ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе придонесе за поефикасно функционирање на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболувањеВо Институтот за јавно здравје, кој е еден од пунктовите за имунизација против сезонски грип, утрово меѓу граѓаните кои примија вакцина беше и министерот за здравство, Сашо Клековски.– Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за превенција на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај ризичните групи население. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од ова заболување. Охрабрува што за само една недела над 55.000 граѓани се пријавија за вакцинација. Денеска стартуваше вакцинацијата во сите пунктови низ државата, така што апелирам доколку граѓаните од ризичните групи сè уште не се пријавиле за бесплатна вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, да го сторат тоа што поскоро, посочи министерот Клековски. Од 14 октомври, кога беше отворена формата за пријавување, до денес за бесплатна вакцинација против сезонски грип се пријавија 55.535 граѓани. Над 60% од пријавените се лица постари од 65 години, а околу една третина се граѓани со хронични заболувања. Пријави се евидентирани на сите 31 пункт за вакцинација низ државата, а најмногу граѓани се пријавиле во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово. Вакцинацијата започна утрово, а до пладне се вакцинирани 368 граѓани. Заинтересираните граѓани од ризични групи може да се пријавуваат за бесплатна вакцинација против сезонски грип на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu. Со пополнување на формата на сајтот, граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Потоа, согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе добијат СМС порака со информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот што ќе го изберат при регистрацијата. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook