Министерот за одбрана е погубен и поради тоа што на претходните неколку состаноци повеќе пати не се согласил со некои ставови на младиот диктатор.
Бил уапсен кон крајот на април и по 3 дена погубен без да му се суди.
Севернокорејската информативна агенција „НИС“ го информирала парламентарниот комитет дека министерот Чол бил погубен на крајот на април со истрел од рачен фрлач –зоља.
Министерот Чол бил погубен со ракетен фрлач во присуство на стотина посматрачи на полигонот на воената академија Канг Кон.
Хјон Јол Чол бил воен генерал во 2010 а две години подоцна станал министер за одбрана.
Во моментов нема нестабилност во сееврна Кореја, но доколку диктаторот продолжи со ликвидациите може да има - проценуваат познавачите на состојбите во оваа земја.
Агенцијата НИС јавува дека Ким годинава наредил убиство на 15 постари официјални лица кои го предизвикале неговиот авторитет. Вкупно, откако ја презеде власта во Северна Кореја, по наредба на Ким Јонг Ун убиени се 70 луѓе. Дали тоа го прави бидејќи е млад лидер кој има преголема моќ во своите раце или се уште се обидува да се етаблира на позицијата - дилемата ја поставуваат аналитичарите на состојбите во Северна Кореја.
Еден од нив, Ко Ју Хуан, експерт за лидерството во Северна Кореја на Универзитетот во Сеул, вели дека режимот може „да го достигне лимитот“ ако прогоните на Ким продолжат, но додава дека е прерано да се прогнозира.
Ким Јонг Ун е трета генерација од неговото семејство кое владее со земјата од 1948.
Во 2013 тој нареди убиство на неговиот тетин Јанг Сонг Тек кој се сметаше за втор најмоќен човек во земјата, поради „предавство и криминали кои и наштетиле на економијата во земјата“.