Брутална тепачка на тинејџерки во САД: Ѝ ја удира главата од бетон (Вознемирувачко видео)

Девојче заврши во болница со сериозни повреди на главата и се бори за живот по улична тепачка меѓу тинејџерки во близина на училиште во Мисури.

Тепачката се случила во близина на средно училиште во Сент Луис во петокот попладне. Полицијата околу 14 часот и 30 минути била повикана поради тепачка на раскрсницата. Таму нашле девојче со тешка повреда на главата.

Тепачката била снимена, а видеото е објавено на социјалните мрежи и привлече големо внимание откако за три дена беше прегледано најмалку 14 милиони пати.

Вознемирувачкото видео прикажува тепачка меѓу две тинејџерки на улица додека се опкружени со поголема група млади. Едното девојче е снимено како лежи на земја додека другото ѝ ја удира главата во бетон.

Некои потоа се обидуваат да ги разделат, но други потоа почнуваат да се караат.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!

Полицијата во Сент Луис соопшти дека 15-годишно девојче е уапсено во саботата и е во притвор под обвинение за напад.

Повредената моментално е во болница и е во критична состојба.

Засега не се знае како дошло до тепачката, а училиштето по инцидентот објави соопштение во кое го осудува насилството.

Кој е надлежен за косење на тревата пред владата?

И покрај бројните реакции во јавноста кои траат веќе една недела, сликата во дворот на Владата останува иста. Надлежните и натаму неможат да се организираат кој да ја искоси нараснатата трева.

Иако во јули минатата година Службата за општи и заеднички работи на Владата потпишала рамковна спогодба со приватна фирма за одржување и уредување на зелени површини во Владата, оттаму објаснуваат дека станува збор за простор од 200м2 околу Владиниот двор и за резиденцијални објекти и органи на државната управа. За останатиот простор, генералниот секретар на Владата Методија Димовски, за Канал 5 објаснува дека со години бил одржуван од страна на Ј.П Паркови и зеленило, без претходно склучен договор, бидејки станувало збор за јавна површина.

-Изминатите денови во неколку наврати пробавме да стапиме во контакт со Ј.П „Паркови и зеленило“, но оттаму сеуште немаме одговор зошто не е искосен дворот. Претходните 7 години тревата беше искосена од страна на претпијатието без никаков договор, бидејки дворот од Владата е јавна површина и тоа е нивна обврска. – вели - Методија Димовски - генерален секретар на Владата за Канал 5.

Со оглед на тоа што од Паркови и зеленило најавија дека деновиве ќе се искосат зелените површини низ Скопје, до претрпијатието поставивме прашање дали ќе биде искосен и Владиниот двор, но досега оттаму не добивме одговор.

Лошата слика во Владиниот двор минатата недела беше тема на расправија меѓу техничкиот премиер Талат Џафери и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Тогаш Џафери кажа дека тоа е обврска на Град Скопје и дека Владата нема предвидено средства, на што Арсовска одговори дека Џафери сам треба да го уреди сопствениот двор и дека ако сакаат Паркови и зеленило да го одржуваат, треба претходно да склучат договор со претрпијатието.

ДИК одлучува за поднесените приговори од парламентарните избори

Со кавги и меѓусебни обвнувања за опструкции членовите на Државната изборна комисија почна со одлучување по приговорите за парламентарните избори. 

Потпретседателката на комисијата Дитмире Шеху која беше предлог за член на комисијата од ДУИ, бараше да се отфрлат приговорите на коалицијата Вреди и на СДСМ, оти не биле поднесени од овластен поднесувач.

-Од ова може слободно да заклучиме дека приговорите на Влен не биле уредно доставени и согласно Изборниот законик се знае како се постапува понатаму со овие приговори,- изјави - Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК.

За мнозинството членови не беше спорно кој ги донел приговорите на шалтер во просториите на ДИК туку кој е потпишаниот поднесувач, по што дојде до расправија.

-Поднесување е овластување и потпишување од овластено лице. Да бидеме сериозни со вакви опструкции на работата на комисијата ве молам немојте да манипулирате,- изјави – Борис Кондарко – Член на ДИК.

-Нема да толерирам навреди од член на ДИК, без разлика дали сум жена од друга националност,- изјави - Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК.

Коалицијата Вреди има 9 приговори. Тие бараат прегласување на избирачко место во Желино поради неправилности при гласањето за кои сметаат дека влијаеле на сумирањето на резултатите.

-Дури 110 гласачи од ова избирачко место своето гласачко право ги имаат остварено со идентификација преку уредот за биометриска идентификација, која бројка е надминување на дозволениот лимит,- изјави – Сенат Амети – Претставник на Вреди.

Освен приговорите на Вреди за избирачки места во петата изборна единица, сепак главната битка ќе се води во шестката. За избирачки места кои се дел од 6 ИЕ како Битола, Кичево и Струга, социјалдемократите поднесоа пет приговори. Таму ДУИ доби околу сто гласа повеќе од СДСМ а сто тоа и еден пратеник повеќе. Осум приговори за оваа изборна единица поднесе и ВМРО ДПМНЕ која во петката е блиску до уште еден пратенички мандат.

Мемоарите на Ангела Меркел во книжарниците ќе се појават на крајот на ноември

Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе бидат објавени на крајот на ноември, речиси три години откако таа ја напушти функцијата по 16 години.

Книгата на Меркел, која ја напишала со помош на нејзината долгогодишна соработничка и советничка Бета Бауман, е насловена „Слобода“ и има околу 700 страници, а ќе ја објави издавачката куќа „Кипенер и Вич“. '

„За мене слободата е да не престанете да учите, да не морате да стоите, туку да напредувате, дури и кога ќе ја напуштите политиката“, рече Меркел.

Издавачката куќа објави дека книгата ќе биде објавена во повеќе од 30 земји, но не беше прецизирано во кои. Откако Олаф Шолц ја презеде функцијата канцелар, Меркел главно не се појавуваше во јавноста, дури ни на настаните на нејзината Христијанско-демократска унија.

Магазинот „Форбс“ десет години по ред ја прогласува за „најмоќна жена на светот“. Меркел е првата жена канцеларка во Германија, а од 2005 до 2021 година ја водеше Германија низ глобалната финансиска криза, миграциската криза и пандемијата со Ковид-19.

По почетокот на војната во Украина, Меркел беше обвинета за неправилно управување со руско-украинската криза во 2014 година, на што таа одговори дека мирот постигнат во 2015 година му обезбеди на Киев доволно време да се подготви за идните неволји и дека не има намера да се извини за своите дипломатски напори. Таа ја бранеше и одлуката на германската Влада да купи големи количини природен гас од Русија.

притисни ентер