Брус Вилис фотографиран насмеан - Канал 5

Брус Вилис фотографиран насмеан

Брус Вилис е снимен на возење низ месноста Студио Сити во Лос Анџелес. 

Брус Вилис фотографиран насмеан

Сликан е на совозачко седиште со насмевка на лицето, па се чини, доброто расположение од лицето на глумецот се пренесе и на неговите обожаватели ширум цел свет, пишуваат медиумите.

Американскиот 69-годишен пензиониран глумец се повлече од очите на јавноста откако му беше дијагностицирана афазија и фронтотемпорална деменција. Тој живее во Лос Анџелес, со сопругата Ема и ќерките Мејб (12) и Евелин (10). Се повлече од глумата во 2022 година.

Со неговата поранешна сопруга Деми Мур, ги има и ќерките Румер, Скаут и Талула - родени пред повеќе од 30 години.

Фронтотемпоралната деменција е ретка состојба што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува и Пикова болест, а првите видливи симптоми се промени во личноста и односот. Овој вид деменција го погодува фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, каде што се јавуваат оштетувања поради болеста. Не е познато што ја предизвикува оваа состојба, но често има и генетска компонента.

Фото: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ

Поради исклучителниот интерес од публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе има изведби на 7 и 9 септември во Македонскиот народен театар.

Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ

Билетите за двете изведби се достапни онлајн преку веб-страницата на МНТ, како и на билетарницата, која работи секој работен ден од 13.00 до 20.00 часот.

„Уна“ доаѓа во Скопје како едно од впечатливите регионални театарски остварувања, во режија на Дејан Пројковски, еден од најзначајните македонски режисери, со Никола Ристановски во главната улога.

Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, претставата отвора интимен и длабоко емотивен простор во кој се преплетуваат љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите кои го определуваат човековиот живот.

Во улогата на професорот Мишел Бабиќ настапува Никола Ристановски, чие маестрално актерско остварување во „Уна“ наиде на исклучителен прием кај публиката и критиката, потврдено со значајни фестивалски признанија. Покрај него, во претставата играат Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.

Со својата препознатлива режисерска естетика, Дејан Пројковски ја обликува „Уна“ како интимна и визуелно впечатлива театарска приказна, во која личното станува универзално, а односот меѓу човекот, слободата и љубовта добива ново значење.

Вредноста на претставата е потврдена и со низа значајни фестивалски признанија.

Никола Ристановски е добитник на наградата „Зоранов брк“ за најдобро актерско остварување на фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Заечар, како и на признанијата за најдобар актер на Актерските свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац и фестивалот „Театар фест Петар Кочиќ“ во Бања Лука.

Претставата ја освои наградата од публиката на „Денови на Зоран Радмиловиќ“, а на Фестивалот „Театар во еден чин“ во Младеновац ги освои наградите за најдобра претстава и награда од публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?

Поминуваат месеци откако СДСМ достави пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните.

Кузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?

А од Обвинителството – молк.

Дали Обвинителството конечно се врати од екскурзија?

Или во македонското обвинителство работи само Христијан Мицкоски?

Затоа што кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, обвинителите се будат.

Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат.

Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина.

1.До каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар?

Над 5.000 граѓани завршија во болници, цел град со недели беше отруен.

СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции.

Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи?

2.До каде се предметите за криминалните тендерите од 100 милиони евра?

Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објави случаи на криминални тендери вредни над 100 милиони евра, поднесе официјална пријави, кривични, документи и докази.

Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо.

Не се знае дали некој е повикан, дали се проверени доказите, кој е одговорен.

Или предметите намерно се чуваат во фиока?

Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација.

Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат?

3.Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена.

И тука се гледа двојниот аршин.

Кога треба да се затвори предмет за Мицкоски – може брзо.

Кога треба да се испитуваат тендери, функционери на власта и милиони евра народни пари – тогаш нема ништо со месеци.

4.Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село?

Млади луѓе беа физички нападнати само затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар.

СДСМ јавно ги посочи случајот и лицата и побара институциите да постапат.

5.До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО.

Што прави Обвинителството?

Кој ги нападна младите?

Кој дозволил службени документи да завршат во партиски штаб?

Кој е повикан на распит?

Или кога жртвите се млади активисти на СДСМ, законот не важи?

Ова се конкретни случаи. Со имиња. Со документи. Со докази.

За милионски суми народни пари.

За нападнати млади луѓе.

За загрозено здравје на илјадници граѓани.

Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски по телефон или преку телевизија?

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

Според информациите со кои располагаме, на вчерашната прес конференција во Владата присуствувала и екипа на Euronews Македонија.

СДСМ: Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа

Очигледно Владата веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможуваат пристап на официјални владини настани.

Како кога нема се уште нема дозвола?

Значи ли ова дека најавената истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија е застаната?

По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.

Како тогаш работат медиумите на Вучиќ во Македонија?

Што прави АВМУ? Или мачкаат очи?

Што прави Трајчевски што во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати?

Српскиот свет на Вучиќ веќе е во македонскиот етер.

Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда.

Наскоро медиумски мрак во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски .

СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.

Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.

Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.

Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер