Брус Спрингстин со остри критики до Белата куќа

Американскиот музичар Брус Спрингстин во радио-шоу „Сириус XM“, во кое бил гостин диџеј, остро го критикува одговорот на Белата куќа на полициското насилство и пандемијата на коронавирус.

70-годишната рок-sвезда изјави дека САД е „во оган и хаос“ по, како што рече, „млакиот и бездушен одговор“ на смртните случаи од ковид-19 и расната неправда, објави Вариети.

Спрингстин, чии познати хитови се Born To Run и Dancing In The Dark, го започна шоуто со неговата протестна песна American Skin.

Песната е за убиство на невооружен црнец, Амаду Диало, кој бил убиен од четворица бели полицајци со 41 куршум.

Спрингстин вчера му ја посвети песната на Џорџ Флојд, невооружен црнец, кој почина минатата недела за време на насилното полициско апсење и чија смрт беше причина за активирање на протестите.

"Оваа песна трае скоро осум минути. Тоа е толку време колку што Џорџ Флојд умираше додека полицаец му го притискал вратот со колено", рече Спрингстин.

Спрингстин објави и песни за протести од други автори, како Били Холидеј, „Борнин“ и Боб Марли.

Тој, исто така, прочита извадоци од говорот на африканско-американскиот активист за правата на Афроамериканците, Мартин Лутер Кинг, напишани во затворот во Алабама по протестите во 1963 година.

„Оригиналниот грев на ропството останува нерешено прашање на американското општество“, рече Спрингстин.

„Тој товар се влошува со секоја нова генерација. Што се однесува до оваа насилна, хаотична недела, нема повидок за крај на американските улици“, додаде тој.

Аудио ,,бомби“ за Заев и Мицкоски во финишот на кампањата

Очекувано, и на последниот ден од камапњата во јавноста се појави нови нелегално снимени аудио материјали, во кои се слушаат гласвоите на Мицкоски и Заев.

Прво, утрово одекнаа 4 т.н. бомби на Јутјуб каналот Обнова на режимот, во кои се слуша како Мицкоски разговара со 8те независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ..

Во првиот, наречен најважна работа се предметите на СЈО, Мицкоски објаснува зошто е против законот за јавно обвинителство што тогаш беше на маса..

-Понатаму, третата активност која што е не помалку важна, можеби најважна, е Законот за јавното обвинителство. На комплетно нелегален начин ги префрлија предметите таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани, за политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународната заедница и пред нас и така натаму – вели Микцкоски во снимката..

Понатаму, во втората снимка наречена Лицемерие се слуша како Мицкоски ги уверува пратениците дека одел по општинските комитети и се залагал тие да не бидат напаѓани..

Во третата снимка, Мицкоски, на 8-те пратеници им вели дека за вистината нивното дејствување еден ден ќе излезе, особено по изборите.

-Знаеш што, работите не се црно бели, секој има своја субјективна причина како ќе изгледа. Јас нема да навлегувам во материјална дискусија како било, што било, но еден ден како што велиш ти, вистината ќе мора да излезе на виделина. Еве јас, тој ден го чекам. Тој ден сега не може да биде. Прво на вас ќе ви биде непријатно да ја кажете вистината, ама кога ќе се сменат работите после 12-ти, се надевам дека ќе се погледнеме вака сите во очи, овдека или на друго место, и ќе си ја кажеме вистината,Но, она што е сега.. – вели Мицкоски..

Во последната, четврта снимка пак, се говори за некаква понуда што ВМРО-ДПМНЕ ќе им ја даде..

-На следните парламентарни избори. Јас не знаев дека постои амбиција од тој, Сашо дека, се очекува понуда.. Се надевам дека многу скоро, на следната наша средба можеме и ние да размислиме за една таква понуда и да излеземе со понуда. – вели Мицкоски во снимката..

По објавувањето на разговорите, се огласија од незваинста пратеничка група. Велат дека разговорот се слушил во канцеларијата на координаторото Никола Мицевски и траел многу подолго од објавените исечеоци. Го осудија и се оградија од како што ги нарекоа, ваквите игри..

Попладнево, се објави и нова бомба за лидерот на СДСМ Зоран Заев во која се споменува адвокатот Димишков и сума од 6 милиони евра..

Снимката трае 12 секунди, но јасно се забележува дека е сечена на најмалку две места.

Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совет ми даде, што да правам бара пари – вели Заев на почетокот..

Потоа, во вториот дел од снимката вели

-значи он ќе рече 6 милиони евра..

Последната реченица од оваа кратка снимка е спорна и отвори дилеми, бидејќи не може јасно да се разбере.. Во транскриптот на снимката, тој што ја објваил тврди дека Заев вели ..

6 милиони евра, викам важи, јас влегувам во оваа работа..

Но, од СДСМ експресно реагираа дека Заев всушност го употребува зборот МАРШ, наместо ВАЖИ, што дава сосема друга конотација на снимката..

Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот! - реагиараа од СДСМ...

СДСМ: Конечно слушнавме како звучи сечено-лепено

ДПМНЕ во очај: Конечно слушнавме како звучи сечено-лепено, ама заборавиле да го исечат она МАРШ на претседателот Заев

На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец.

Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она Марш од претседателот Заев во разговорот.

Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ" и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.

Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот!

--

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е фатен во криминал, со него Македонија нема иднина

Зоран Заев и СДСМ ги изневерија земјоделците. 

Во 2016-та ги лажеа дека ќе им обезбедат загарантиран откуп, загарантирани пазари и пласман и интервентен фонд кој ќе ги помага земјоделците секогаш кога има некоја природна непогода или нарушување на пазарот. Се што кажаа се излажаа. Затоа народот не им верува во лагите кои сега ги кажуваат.

СДСМ и Заев кога можеа, не направија ништо за граѓаните. Напротив беа посветени на криминалот, корупцијата и рекетот. Народот слушна како се пазарела правдата, како се носени торби со 6 милиони евра кои завршувале кај Зоран Заев. Тој диктирал истражни постапки и кажува кои судски процеси треба да паднат.

Затоа осиромашуваа и земјоделците и работниците, и младите и старите, додека кланот Заеви се богател. Заев е фатен во криминалните шеми, со него Македонија нема иднина.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер