Бројни локации во Охрид осветлени во боите на ретките болести

Станува збор за активност во рамки на годинашната трета национална кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021", што се спроведува во организација на Здружението на граѓани со ретки заболувања „Живот со предизвици".

Самуиловата тврдина, Охридската гимназија „Св. Климент Охридски", Античкиот театар, црквата „Св. Софија", Историскиот архив, скулптурата „Фаќач на крст", па дури и водите на Охридското Езеро се дел од локациите и објектите што беа осветлени во знак на поддршка на лицата заболени од ретки болести.

Станува збор за активност во рамки на годинашната трета национална кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021", што се спроведува во организација на Здружението на граѓани со ретки заболувања „Живот со предизвици".

– Оваа година за Денот на ретките болести 2021 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година, така оваа се приклучуваме кон глобалниот повик на Еурордис за осветлување на локални и национални згради и споменици. Сите знаеме дека изминатата, но и почетокот на оваа година поминува, во светлото на КОВИД-19. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Ве повикуваме да ни се придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и слично. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание, порача иницијаторот на кампањата, охридскиот активист Гордана Лолеска.

Кампањата „Ги запознаваме ретките болести" стартуваше на почетокот на овој месец. Преку информации за нови 28 ретки дијагнози изработени во аудио, видео и текстуална форма, се прави обид да се запознае пошироката јавност со проблемите и предизвиците со кои во секојдневниот живот се соочуваат лицата со ретки заболувања.

Уапсен е поранешен австралиски војник и обвинет за убиство на цивили во Авганистан

Австралиските власти денеска соопштија дека уапсиле поранешен војник за наводни убиства на авганистански цивили.

Поранешниот војник е обвинет за гореспоменатите злосторства додека бил во Авганистан како дел од воена операција во која учествувале австралиски воени сили.

Австралиската федерална полиција очекува 41-годишниот маж да биде обвинет пред австралискиот суд за едно од точките за воено злосторство убиство, кое ќе носи доживотна казна затвор. Ова е првпат активен или поранешен припадник на австралиските одбранбени сили да се соочи со вакви обвиненија.

Четиригодишната истрага открила дека австралиските специјални сили наводно убиле 39 невооружени затвореници и цивили во Авганистан, а високи командоси наводно ги принудувале помладите војници да убиваат беспомошни затвореници за да ги подготват за борба.

По препораките на извештајот, случаите на 19 сегашни и поранешни припадници на австралиската војска се упатени на специјален истражител за да се утврди дали има доволно докази за кривично гонење. Повеќе од 39.000 австралиски војници служеле во Авганистан, а 41 загинале.

Австралија беше дел од меѓународните сили предводени од НАТО кои ги обучуваа авганистанските безбедносни сили и се бореа против талибанците две децении, откако силите поддржани од Запад ги соборија исламистичките милитанти во 2001 година.

Шекил ги загрижи фановите, објави фотографија од болнички кревет

Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, легендарниот Шекил О'Нил ја загрижи јавноста со последната фотографија од болница која ја објави на Твитер.

Шек објави фотографија на која лежи на болнички кревет со порака дека слуша подкаст што го водат Ерни Џонсон и Кендис Паркер.

Американските медиуми не знаат што се случило со познатиот кошаркар и засега само шпекулираат. О'Нил на Твитер објави дека треба да внимавате на пилешко на скара, па некои медиуми пишуваат дека бил отруен, а други тврдат дека го оперирал колкот. Засега сето тоа е непотврдено.

Тејлор Свифт со еден потег на сцената ги шокира фановите: Дали ѝ е добро? (ВИДЕО)

Тејлор Свифт ги воодушеви обожавателите на нејзините први два настапи на нејзината многу очекувана турнеја The Eras, но ги изненади фановите со еден потег.

Пејачката за време на настапот скокна од сцената и „нурна“ под неа, а снимката од тој момент стана вирален хит.

„Ова е најлудото нешто што сум го видел“, „Зошто пливаше, дали е добро?“, „Дефинитивно најдобриот момент на концертот“, „Сè уште не ми се верува дека Тејлор го направи тоа“, се само некои од реакциите на Твитер.

Малку подолго видео беше објавено и на TikTok и за кратко време собра повеќе од 15,6 милиони прегледи. „Таа навистина реши да ја надомести целата таа драма со билетите“, „Не ми се верува дека можеше да го задржи здивот толку долго“, „Во што скокна?“ се само дел од коментарите на корисниците.

@awkwatree The most impressive moment from @taylorswift ‘s #theerastour ♬ original sound - Awkwatree

Инаку, Тејлор на концертот во петокот изведе 44 песни, нови и стари, а на стадионот State Farm во Аризона се собраа околу 80.000 фанови. Американскиот град беше преименуван поради овој концерт. Турнејата на Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерт од уметник за еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони.

Пејачката последен пат беше на турнеја пред пет години и за тоа време објави четири албуми, меѓу кои и „ Folklore“ ,добитник на Греми. Покрај тоа, само еден ден пред почетокот на турнејата, Свифт објави четири нови песни.

И покрај големиот интерес и пофалби од фановите, турнејата на Тејлор Свифт не помина без скандали. На почетокот на декември минатата година, обожавателите на пејачката поднесоа тужба против Тикетмастер, американска компанија за продажба и дистрибуција на билети.

Тие го обвинија Ticketmaster за „измама, местење цени и кршење на антимонополските права“. Тужбата, исто така, го обвини Ticketmaster за „намерна измама“ што им овозможи на препродавачите и ботовите да земат поголем дел од билетите за турнејата The Erasе.

Тејлор Свифт претходно им се извини на обожавателите, велејќи дека е болно да се гледаат фановите како се мачат да обезбедат билети за нејзината турнеја во САД преку платформата Ticketmaster, на која билетите се продаваат за дури 33.000 евра.

притисни ентер