Брнз не е изненадена дека земјава е на третото место на дестинации што треба да се посетат

Бидејќи имав можност да посетам некои од градовите тука, да пешачам низ убавите планини и да ја вкусам добрата храна, ова не доаѓа како изненадување. 

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз денеска на Твитер напиша дека не е изненадена што Македонија се најде на третото место на листата на дестинации кои треба да се посетат во 2020 година, на компанијата за туристички водичи „Лонли планет" (Lonely planet).

– Бидејќи имав можност да посетам некои од градовите тука, да пешачам низ убавите планини и да ја вкусам добрата храна, ова не доаѓа како изненадување. Македонија е рангирана на третото место на листата на земји што треба да ги посетите во 2020 година. Одлично!, напиша амбасадорката на САД на Твитер.

Вархеји: Планот за раст се реализира, ќе разговараме за приоритети како СЕПА

Планот за раст за Западен Балкан веќе се реализира, а на Самитот ќе разговараме како да ги спроведеме сите приоритети на регионот за оваа година, изјави денеска европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји.

Планот за раст за Западен Балкан веќе се реализира, а на Самитот ќе разговараме како да ги спроведеме сите приоритети на регионот за оваа година, изјави денеска европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји пред отворањето на Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија во Котор.

Според него, во рамките на споменатите приоритети, најважна е СЕПА (Single Euro Payment Area) односно област на заедничко плаќање во евра. Тој изјави дека сите граѓани и бизнисмени од регионот од првиот ден од следната година ќе имаат придобивки од овој план.

Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ се одржува под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ се одржува во Котор, а учествуваат лидерите од регионот, претставници на ЕУ и САД.

Сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Матурантите се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи на ФЕИТ

Матурантите се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи на Факултетот за електроника и информациски технологии.

Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од земјава, на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи.

Натпреварот беше во рамките на проектот „Технологија за тебе“ организиран од ФЕИТ-ФАБЛАБ и Логинг Електроникс, кој вклучи и работилници, каде средношколците претставуваа проекти на кои работеле во текот на училишна година, додека нивните професорите следеа обуки и предавања организирани од ФЕИТ. Целта е промоција на електротехниката преку обезбедувањетехничка и професионална поддршка на учениците и професорите, информираат од ФЕИТ.

„Технологија за тебе“ годинава се одржа по петти пат. Оваа традицијата ги спојува потенцијалните студенти со Факултетот и со бизнис заедницата и успешно ги промовира условите за студирање на ФЕИТ.

Деканот на ФЕИТ проф. д-р Владимир Атанасовски на настанот гледа како можност да ги мотивираат матурантите да одберат студии на ФЕИТ. Атанасовски информира дека преку промоција на овие активности Факултетот ги презентира лабораториските капацитети и можностите за практична работа пред заинтересираните матуранти.

-Со учество на „Технологијата за тебе“ младите се запознаваат со современата опрема во ФЕИТ-ФАБЛАБ и практично преку интердисциплинарен пристап нивната идеја да ја развиваат во прототип.Имаме одлична соработка со стопанството, а со настанот и практично ги спојуваме наставата, науката и нејзината апликација во развојот на прототипови, појаснува Атанасовски.

Директорот на Логинг електроникс Златко Крстевски, кој е партнер на проектот од неговото основање пред 7 години потенцираше дека проектот е отворен за нови партнери кои ќе сакаат да вложат во знаењето на средношколците кои покажуваат големи знаења и разбирање за технологијата.

-Верував во знаењето што го имаат учениците и знаев дека нема да биде проблем да ја совладаат технологијата, која последните години стана лесно достапна. Ако претходно ја имаа само на факултетот, сега оваа технологија овозможивме да е достапна и во средните училишта. Во соработка со ФЕИТ обезбедивме и поддршка за наставниците, и еве седум години подоцна, денес имавме презентација на ученици кои развиле проекти од паметен град,паметен автомобил, паметна градина. Целта ни е да ги задржиме овие деца тука, да дознаат дека тука има услови да ги творат идеите и да ги реализираат во корист на сите. На нас е да им обезбедиме достапност на опрема, а на професорите да ги заинтересираат да одат на вежбите, и гледаме дека тоа дава резултати, вели Крстевски.

За натпреварувачкиот тим Андреј Даневски и Матеј Стојчески од СЕТУ на ГС „Михаило Пупин“ натпреварот отвора нови видици за нивните идни можности.

-Натпреварот ми овозможува да ги употребам моите вештини и знаења за забава и натпревар во категории за кои немаме многу можности во нашата држава. Ми овозможи и предвреме да го искусам студентскиот живот на овој кампус и ме убедува сериозно да ја размислам шансата за продолжување на моето образование на овој факултет,потенцира Матеј Стојчески.

Тимовите работеа на развој на протипови на автономни возила кои сами се движат и распознаваат бои.

-Работите кои ни се дел од натпреварот веќе ги имаме совладано во нашето училиште и од тој аспект ние сме подготвени за ФЕИТ или друг сличен факултет, додава Андреј Даневски.

ФЕИТ е единствен факултет во земјава со германска акредитација на додипломските студии и најголем број на научно истражувачки проекти во државата.а

притисни ентер