Сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мистериозни „светлосни столбови“ се појавика на небото над Јапонија (ФОТО)

Жителите на мало рибарско гратче во Јапонија беа сведоци на необичен спектакл, а фотографиите ги преплавија мрежите и предизвикаа различни реакции.

Сè се случи на 11 мај над Дејзен во префектурата Тотори и се гледаат „столбови на светлина“ како висат низ облачното небо.

Мештаните биле збунети, а на небото изброиле девет „столбови“, пренесува Метро.

„Излегов од куќата и видов неверојатна работа“, изјави Хинт Пот за локалните медиуми.

И додека корисниците на социјалните мрежи шпекулираа за каков феномен се работи, експертите се огласија. Тие веруваат дека тоа е најобичен одраз на светлата на рибарските чамци во морето.

„Ова се случува кога светлината се прекршува од облаците и се снима еднаш на неколку години. Феноменот има свое име - Исариби Кочу.“

Авио компанија е казнета со 300.000 долари - ги држеле патниците во авион и по 4 часа

Американското Министерство за транспорт го казни Воларис со 300.000 долари за кршење на федералните закони за одложување на летовите.

Авиокомпанијата мора да плати казна од 150.000 долари сега, со можност да се соочи со дополнителни 150.000 долари доколку има слични прекршоци во следната година.

Според прописите, меѓународните летови не можат да останат на платформата на аеродромот повеќе од четири часа без да им дозволат на патниците да излезат од авионот.

Воларис во текот на 2021 и 2022 година дозволи два лета да ја надминат оваа граница без да им даде можност на патниците да ги напуштат авионите.

Летот на Воларис 5892 од Гвадалахара до Далас Форт Ворт бил пренасочен кон меѓународниот аеродром Џорџ В. Буш на 17 август 2021 година и имало доцнење од пет часа и 32 минути.

Летот 826 од Мексико Сити до Чикаго О'Харе бил пренасочен кон Сент Луис на 23 јули 2022 година и имал четири часа и 35 минути доцнење на пистата.

Управата за заштита на потрошувачите во воздухопловството на Министерството за транспорт извршиле истрага и утврдиле дека ниту еден од исклучоците од т.н. Правилата за одложување на пистата не биле применливи за овие летови, објави денеска Транспорт.

Одделот наложи повеќе од 164 милиони долари казни против авиокомпании за кршење на правата на потрошувачите за време на администрацијата на Бајден.

Небиу: Да се спуштат топката и тонот за да се решаваат проблемите

Пандов: Jас се самоидентификувам како Македонец, мојата држава е Македонија

Небиу:

Прво треба да се спуштат топката и тонот за да се решаваат проблемите. Треба да ги следиме тоновите на ГЕРБ кои најверојатно ќе се вратат на власт , тие се смирувачки, иако Радев не е од ГЕРБ, но темата Макеоднија се користи за исборни цели. Во последните пет години сите носители на јавни функции го користеа новото име, сега ова би било ретерирање од т.н. преседан и треба да им кажеме на граѓаните дека ќе следува реакција од Грција.

Пандов:

Не постои некој од ВМРО-ДПМНЕ што ќе го употребува новото име. Не постои човек во Македонија кому не му е навредливо новото име, тоа е нешто на кое сме се заколнале.За две недели имаат избори во Грција и заканите ќе им останат во кампања. Она што е во устав, тоа што е направено е направено, не велам дека ќе го менуваме Преспанскиот договор, не ни е ова да се караме со Грците, но човеково право е да се јас самоидентификувам како човек, а јас се самоидентификувам како Македонец, мојата држава е Македонија.

притисни ентер