Брнабиќ:Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор - Канал 5

Брнабиќ:Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор

-Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.

Брнабиќ:Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор

Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС.

Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација.

Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.

-Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи, изјави српската премиерка.

Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвешка: Здравствената состојба на кралот Харалд е исклучително сериозна

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд, кој е хоспитализиран во Националната болница во Осло од 17 август поради компликации од крвна болест, се смета за „исклучително сериозна“.

Норвешка: Здравствената состојба на кралот Харалд е исклучително сериозна

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд, кој е хоспитализиран во Националната болница во Осло од 17 август поради компликации од крвна болест, се смета за „исклучително сериозна“, се вели во соопштението на кралската палата.

Харалд (89), најстариот жив монарх во Европа, седна на престолот во 1991 година. Тој со години страда од сериозни здравствени проблеми, но одбива да абдицира и да му го предаде норвешкиот престол на својот син и наследник, принцот Хакон.

Влошувањето на неговата здравствена состојба се совпаѓа со периодот во кој норвешкото кралско семејство е потресено од скандали поврзани со сопругата на Хакон, крунисаната принцеза Мете-Марит.

Објавувањето на документите од случајот Џефри Епштајн во Соединетите Држави на крајот на јануари ја извади на виделина нејзината преписка со него од 2011 до 2014 година, кога тој веќе беше осуден за сексуални злосторства.

Принцезата се соочи и со правни проблеми со својот син од претходна врска, 29-годишниот Мариус Борг Хеби, кој беше осуден на четири години затвор во јуни за две силувања и 32 други обвиненија за насилство. Тој поднесе жалба на пресудата. Самата Мете-Марит страда од неизлечива белодробна болест и во јули ѝ беше извршена трансплантација на бели дробови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 350 загинати и 1.500 исчезнати во поплавите во Непал- снимен е почетокот на разорниот порој (ВИДЕО)

Најмалку 350 луѓе загинаа во катастрофални поплави и лизгање на земјиштето што ги погодија областите долж границата на Непал со Тибет, додека речиси 1.500 луѓе се водат како исчезнати.

Над 350 загинати и 1.500 исчезнати во поплавите во Непал- снимен е почетокот на разорниот порој (ВИДЕО)

Една од најразорните сцени е снимена на 26 август во непалскиот округ Расува, кога ненадејни поплави ја зафатија областа околу реката Бхоте Коши.

Работниците заглавени на патот на водата и огромната количина остатоци мораа да бегаат на повисоки места за да си го спасат животот. Според Геолошкиот завод на САД, поплавата е предизвикана од уривањето на глечер и протокот на остатоци што потоа ја зафатил областа.

Наводно видео циркулира на социјалните мрежи на кое се гледа моментот кога огромна количина вода се упатила кон работниците.

Според локалните медиуми, работниците биле спасени откако успеале да стигнат до повисоки места. Многу од исчезнатите се странци кои биле во погодената област планинарејќи или на поклонение на свето хиндуистичко место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И утре пеколно жешко со температура до 39 степени

Времето и утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информиораат од УХМР.

И утре пеколно жешко со температура до 39 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

24 Попова Шапка, 28 Крушево, 31 Маврови Анови, Берово, 32 Охрид, 33 Претор, 34 Прилеп, 35 Крива Паланка, Битола, 36 Тетово, Виница, Штип, 37 Скопје Петровец, 38 Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, 39 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен, ветер од северозападен правец. До крајот на денот времето ќе биде стабилно и топло.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер