БалканБрнабиќ: Опасен преседан е да се блокира земја со билатерални прашања што немаат врска со ЕУСрпската премиерка Ана Брнабиќ изјави во Луксембург дека е направен опасен преседан со тоа што билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции се користат да се стави вето за европските интеграции на соседна земја на Србија.Според Брнабиќ, тоа е опасен преседан и може во иднина да биде користен и од други земји членки на ЕУ, но според неа е проблем за ЕУ, а не за земјите-кандидати и тие не треба се се занимаваат со тоа. „Сè нешто може да биде ограничувачки фактор за блокада. Видовме преседани дека некои пар екселанс билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции на една земја се поставуваат како непробоен ѕид на патот на европските интеграции на некоја друга наша соседна држава. Мислам дека тоа е опасен преседан и дека, за жал, можеби ќе биде користен од некои други членки на ЕУ. Мислам дека тоа не е европска вредност. Јас, како загрижен Европеец, верувам во европски вредности и во нашиот европски пат и без оглед на тоа дали ќе бидат отворени или затворени поглавја, дали ќе има позитивни сигнали, ние ќе продолжиме со реформите. Е сега, ако ЕУ сака да стане такво семејство на нации во кое некои држави членки ќе условуваат некои други земји, иако тие имаат сè исполнето, со решавање на некакви билатерални прашања или квазибилатерални проблеми, тогаш тоа е проблем на ЕУ, и тоа се работи со кои ниту можам, ниту сакам да се занимавам“, кажа Брнабиќ, одговарајќи на новинарско прашање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Вевчани со нова инфраструктура, модерна механизација и подобри услуги за граѓанитеОпштина Вевчани во изминатата година реализираше значајни инфраструктурни и комунални проекти со кои се подобруваат условите за живот на граѓаните и се создава поуредна, побезбедна и пофункционална општина.Во патната инфраструктура, во соработка со Министерството за транспорт, обезбедени се средства за целосна реконструкција на четири локални улици во должина од околу 5 километри. Паралелно, реконструирано е и уличното осветлување, со поставување подземна инсталација и нови канделабри. Во текот на годината се реализираа и повеќе активности за уредување на јавните површини, пешачките патеки и пристапните патишта, како и изградба на бетонски канали за наводнување. Вевчани доби и бесплатен интернет во централното подрачје преку проектот „Wi-Fi за Западен Балкан“, реализиран во соработка со GIZ. Значајни вложувања се направени и во развојот на туризмот. Реконструиран е дел од осветлувањето во локалитетот „Вевчански извори“, а активностите за целосно обновување продолжуваат. Воедно, продолжи и традицијата на манифестацијата „Вевчанско лето“, со која се збогатува културната и туристичката понуда на општината. Со средства од општинскиот буџет е уреден и дворот на детската градинка, со проширување на пристапната патека, изградба на потпорен ѕид, поплочување и обезбедување дополнителни паркинг места, како и поставување нова ограда, клупи и корпи за отпадоци. Особено значајни се инвестициите во капацитетите на Јавното комунално претпријатие. Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбедени се нова специјална машина за одржување на канализациониот систем и хидрауличен мини-багер. Дополнително, обезбедени се 850 канти за комунален отпад, со што секое домаќинство во општината доби бесплатна канта. Во рамките на регионалниот проект за управување со цврст отпад обезбедено е и ново специјално возило за собирање отпад. Општина Вевчани продолжува со реализација на нови инвестиции, со фокус на инфраструктурата, комуналните услуги, туризмот и создавањето подобри услови за живот. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ предупредуваше сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината!Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски не може да ја заврши годината без нови задолжувања.На седница одржана на 29 септември Владата на Мицкоски одобрила ново задолжување до 250 милиони евра преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар. Парите се за буџетска поддршка. Ново задолжување од 250 милиони евра до крајот на годинава. А во 2026 година веќе нема доспеани долгови за враќање. Ова не е за враќање долгови туку за пензии и плати затоа што нема пари во Буџетот, и секако за криминални тендери. Со ова јавниот долг е веќе 11 милијарди евра, а со скриените долгови кон ЈПДП и другите јавни претпријатија тој надминува 63% од БДП. Дупката во буџетот е 900 милиони евра, дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална. Без економски резултат Мицкоски ги турка граѓаните кон должничко ропство. За само две години арамијата го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот долг на земјата од независноста до денеска. Ова е уште една потврда на предупредувањата на СДСМ за катастрофалната состојба со буџетот и дебаклот на економските политики на арамијата. Скопје, 07.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Големиот Лионел Меси кажа „крај“: Аргентина во солзиЕден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшебникот Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација, а солзи течеа и на теренот и на трибините. Тоа беше ноќта кога цела Аргентита плачеше. Феноменалниот Лео учествуваше во три гола на мечот а потоа одржа говор со кој што ќе ги расплаче милиони фудбалски навивачи ширум светот. Па и речиси секој Аргентинец. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лео Меси, се прости од дресот на аргентинската репрезентација на пријателскиот натпревар против Бенин. Во Аргентина се надеваа дека овој ден никогаш нема да дојде, но по смртта на татко му и поразот во финалето на Светското првенство, Меси одлучи дека е време за повлекување, при што сакаше тоа да се случи меѓу своите – па така, пред речиси 85 илјади навивачи на стадионот „Монументал“, тој последен пат го облече сино-белиот дрес. 🚨🎙️| Messi: “I don’t want to leave. I will miss you all. I’m thankful to God for being Argentine and proud to be Argentine, and to have accomplished this dream with you all.” 🩵🩵 https://t.co/owyywWWSHA — Kalshi FC (@KalshiFC) October 7, 2026 И последен пат заигра мајсторски. Аргентина победи со 3:0, благодарение на неговите две асистенции – за Отаменди во 48. минута и за Паз во 61. минута – како и на голот од пенал во 71. минута. Со тоа, неговото збогување беше уште подостоинствено, бидејќи им докажа на сите дека би можел да игра уште многу години, доколку само би сакал. Се разбира, натпреварот беше проследен со солзи, како на трибините, така и на теренот. Меси плачеше, а околу него плачеа и неговите соиграчи, за кои овој момент беше уште потежок. Тие останаа без својот лидер, инспирација и идол – реинкарнацијата на Марадона, па и повеќе од тоа. In 2016, 15 year old Enzo wrote Messi a letter asking him not to leave the Argentina national team after Messi decided to step down. During Messi’s farewell speech, Enzo couldn’t hold back his emotions. 🥹🇦🇷 https://t.co/LeH4ZFjq0X — Kalshi FC (@KalshiFC) October 7, 2026 Меси одигра вкупно 208 натпревари за Аргентина, при што постигна 126 гола и забележа 69 асистенции. Со својата земја двапати ја освои Копа Америка – во 2021 и 2024 година – а ја освои и титулата светски шампион на Светското првенство во Катар во 2022 година, победувајќи ја Франција. Исто така, одигра уште две финалиња: она во 2010 година и повторно во 2026 година, кога Шпанија беше подобра од него. Што рече Меси на прошталниот настан? „Не ми преостанува ништо друго освен да ѝ се заблагодарам на оваа дрес-маица. Цели 20 години, дури и во најтешките моменти, никогаш не престанав да се борам, да чекорам напред и да го давам својот максимум, бидејќи сакав да бидам тука. Многу ќе ме боли сознанието дека повеќе нема да доаѓам овде и дека повеќе нема да бидам дел од аргентинската репрезентација. Да се прашував јас, би сакал да останам тука до крајот на животот, бидејќи играњето за Аргентина е најубавото нешто што постои. Мислам дека денес зборувам повеќе од кога било, едноставно затоа што не сакам овој момент да заврши“, рече Меси и нагласи дека „дојде време за повлекување“, бидејќи претходното Светско првенство го исцрпило. „Во 2022 година имавме цел да го оствариме не само мојот сон, туку и сонот на целата земја: повторно да станеме светски шампиони. И успеавме. Го освоивме Светското првенство, Копа Америка, Финалисимо... Бескрајно сум благодарен за сè што доживеав со оваа репрезентација. Но, ова патување не се одвиваше само во 2022 година, ниту само за време на последното Светско првенство. Толку многу соиграчи се бореа заедно со мене за овој дрес, многу пред конечно да станеме светски шампиони. Никогаш не се сомневајте колку секој од нив се борел и дал сè од себе за Аргентина. Беше привилегија и чест да го делам теренот со сите мои соиграчи и да поминеме толку многу време заедно и надвор од фудбалот; знаев дека можеме да се натпреваруваме со секого бидејќи имав воини кои беа подготвени да остават апсолутно сè на теренот“, рече Меси, заблагодарувајќи им се на сите. „За да се постигнат најголемите успеси, потребна е силна група. А токму во најтешките моменти навистина откривате каков тим имате. Тоа е една од главните причини што успеавме да го постигнеме сето она што го постигнавме. И особено на оваа група: ВИ БЛАГОДАРАМ. Тие ми помогнаа да го остварам сонот што го имав уште од детството. Ми помогнаа да станам светски шампион. Сакам да им се заблагодарам и на луѓето. Имав среќа да играм во многу градови низ Аргентина и каде и да одев, добивав неверојатно многу љубов.“ На крајот, тој ги повика навивачите да продолжат да ја поддржуваат Аргентина, како што тоа го правеа додека тој играше за неа. „И таа поддршка мора да продолжи. Ќе дојдат тешки моменти, а тогаш мора да ја поддржувате репрезентацијата повеќе од кога било. Потребни ни се силни и обединети групи бидејќи секогаш ќе има луѓе кои сакаат да ја видат репрезентацијата како не успева, а ние не смееме да им го пружиме тоа задоволство.“ Лионел Меси ќе продолжи да игра фудбал на клупско ниво; тој веќе извесно време настапува за Интер Мајами и има договор со овој клуб до крајот на 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter