Брнабиќ одржа говор во Загреб: Односите на Србија и Хрватска се оптоварени со многу проблеми - Канал 5

Брнабиќ одржа говор во Загреб: Односите на Србија и Хрватска се оптоварени со многу проблеми

Односите меѓу Србија и Хрватска се оптоварени со бројни прашања, рани и недоверба, но се чини дека двете земји успеаја да направат добар чекор напред оваа година.

Брнабиќ одржа говор во Загреб: Односите на Србија и Хрватска се оптоварени со многу проблеми

Ова го изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ во Големото собрание на Српскиот национален совет во Загреб.

Брнабиќ е дел од високата делегација на Србија, во која е и министерот за човекови и малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов, првиот претставник на хрватското национално малцинство во српската влада. Претходно денеска, Брнабиќ во Бански двори се сретна со премиерот Андреј Пленковиќ.

„Односите меѓу Србија и Хрватска се оптоварени со многу прашања, недоразбирања, несогласувања, длабоки рани и голема недоверба, толку многу што ниту една наша посета на Загреб или која било посета на хрватските претставници на Србија не беше обична посета, туку секогаш нешто повеќе од тоа и така натаму“, рече Брнабиќ.

Премиерката на Србија сака поредовна, вообичаена размена.

„Сакаме тие да бидат обични посети, да бидат почести и поредовни и секоја од нив да не биде негативен или непријателски симбол, туку нормален работен ден што ќе го искористиме за да разговараме за сите отворени прашања и теми кои се важни за иднина, за сите наши граѓани и за целата наша економија“.

Таа им се заблагодари на двајцата претставници на малцинствата во Хрватска и Србија за нивниот придонес.

„Затоа ми е мило, ми се чини, што успеавме да направиме добар и квалитетен исчекор во 2023 година, барем засега, бидејќи тоа кај нас никогаш не се знае, пред сѐ благодарение на Милорад Пуповац и Томислав Жигманов. “, изјави Брнабиќ.

Србите во Хрватска и припадниците на хрватскиот народ во Србија се тие кои играат огромна улога во воспоставувањето подобри односи и доверба. Таа особено ја поздрави Декларацијата за соработка меѓу Србите од Хрватска и Хрватите од Србија, која на 5 јануари во Загреб ја потпишаа Жигманов и Пуповац.

„Искрено се надевам дека на овој начин се отвори нова димензија на соработка која многу брзо ќе даде конкретни резултати, а можеби и мојата посета на Загреб е конкретен резултат на тоа“, изјави шефицата на српската влада.

Таа во својот говор во собранието во салата „Ватрослав Лисински“ потсети дека на 6 јануари министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и министерот за малцинства и човекови права Томислав Жигманов и министерот за евроинтеграции Тања Мишчевиќ учествувале на божиќниот пречек на СНВ во Загреб. Малку подоцна, хрватскиот премиер Пленковиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ се сретнаа на маргините на Светскиот економски форум во Давос, рече таа.

По ова, продолжи Брнабиќ, следеше посетата на хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман на Суботица и нова средба со неговиот колега Дачиќ, како и билатерална средба на надлежните органи за прашањето на исчезнатите лица.

„Очекуваме и ќе работиме на одржување политички консултации на министерствата за надворешни работи на нашите две земји оваа година“, рече Брнабиќ. Таа рече дека средбата со Пленковиќ била конкретна и конструктивна и оти се надева дека таа е прва во низата.

„Разговаравме за проекти како што е повторно воспоставување на железничкиот сообраќај меѓу Белград, Загреб и Љубљана, но ги допревме сите отворени прашања, без разлика колку се тешки и емотивни и како да се работи за нивно решавање“, рече српската премиерка.

Таа на присутните им порача дека владата на Србија е посветена и многу се грижи за Србите во Хрватска. Истовремено, таа изјави дека од 2016 година за проектите на српската заедница се издвоени шест милиони евра.

„Испративме и 2,5 милиони евра помош за Хрватска по земјотресот во 2020 година, како и помош и поддршка за СПЦ во Хрватска“, истакна Брнабиќ. На крајот од говорот таа рече дека Хрватите и Србите се насочени еден кон друг „неколку векови“.

„Нашите народи се и мора да бидат гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на овој дел од Европа“, рече Брнабиќ и ѝ честиташе на Хрватска за достигнувањата во 2023 година, пристапувањето во еврозоната, Шенген и други успеси како што е Договорот за избегнување двојно оданочување со САД.

„Во регион како нашиот, кој е релативно мал, се потпираме еден на друг, секој успех значи поголема стабилност и подобар потенцијал за сите нас“, рече Брнабиќ, честитајќи му на Пленковиќ за успесите на Хрватска.

Таа го заврши говорот со реченицата: „Конечно, со љубов кон Србија и почит кон Хрватска, вие сте залог на нашата заедничка иднина. Нашата визија за таа иднина, која ја градиме посветена на европските идеали, е надежта дека ќе создадете општества во кои разликите вистински ќе се негуваат и општества кои ќе ги задржат тие разлики како свое богатство“.

Брнабиќ шест години е премиерка на Србија и ова е трета влада што ја предводи, а оваа недела одбележа шест месеци од мандатот на третата влада. На Големото собрание на СНВ заедно со премиерот Пленковиќ присуствуваа и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, објави хрватски Индекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. 

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

„Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер