3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Научниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)
1Научниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)
Шоу бизБритни Спирс по 14 години ги решила несогласувањата со својата мајкаКонтроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс се смирила со мајка си- Времето ги лекува сите рани!Некогаш мегапопуларната Бритни истакна дека се чувствува благословена бидејќи таа и нејзината мајка по 14 години можат заедно и во мир да излезат на кафе. Русокосата пејачка во нова објава на Инстаграм откри дека се смирила со нејзината мајка Лин Спирс. Како што истакна Бритни, многу е среќна што тие две после толку време ги решиле несогласувањата и што после се ќе може да и каже се што и „лежи на душата“. - По три години вчера ми се појави мајка ми на врата... Помина толку време... Кога станува збор за семејството, секогаш гледаш да ги решаваш проблемите доколку дојде до нив, - напоиша Бритни покрај својата фотографија од детството. Бритни исто така истакна дека времето ги лекува сите рани. - Времето ги лекува сите рани! Откако добив можност да и кажам се што ми паѓаше на ум долго време, се чувствувам благословено, Те сакам многу! Благословен сум, затоа што после 14 години можеме да одиме заедно на кафе. Ајде после и да одиме во шопинг, истакнала радосната Бритни. Инаку, врската меѓу Бритни и Лин почнала брзо да се влошува по завршувањето на старателството што татко и го имаше над неа цели 13 години, како и нејзините финансии, поради „исклучително лошата психичка состојба на Спирс“, објавија локалните медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНаучниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)Научниците во лабораториите ширум светот развиваат дополнителни роботски раце, нозе и прсти кои му даваат на човечкото тело сосема нови способности. За разлика од класичните протези кои ги заменуваат изгубените делови од телото, овие уреди функционираат како дополнителни алатки и им овозможуваат на луѓето да извршуваат задачи што досега не можеле сами да ги извршуваат. Прототипите обично се носат како ранец или часовник и се направени од цврсти материјали, мотори и актуатори. Корисниците моментално ги контролираат овие додатоци користејќи други делови од телото, најчесто стапалата преку сензори во чевлите или со активирање на мускулите околу ушите. Инженерите избегнуваат да ги користат рацете за контрола со цел целосно да ја зачуваат слободата на природните движења. Обидите за директно контролирање на роботските екстремитети со мисли преку електрични сигнали од мозокот досега дадоа скромни резултати. Иако има слободен простор во нервниот систем за пренос на вакви сигнали, процесот е исклучително сложен и бара долги прилагодувања. Затоа, научниците се фокусираат на поедноставни и посигурни методи за контрола на движењата на телото. Главната цел на овие уреди е да работат заедно со природните екстремитети, а не целосно да го заменат човекот. На пример, дополнителните раце на грбот можат да држат градежна штица додека ја удирате со чекан, додека шестиот прст ви овозможува да отворите шише со една рака. Можните примени на оваа технологија вклучуваат градежништво, индустрија, хирургија и мисии за спасување. Хирурзите во иднина би можеле да користат четири оперативни алатки одеднаш, додека спасувачите би можеле самостојно да креваат урнатини и да ги извлекуваат повредените без да чекаат поддршка. Иако сегашните модели се тешки и гломазни, истражувањата покажуваат дека луѓето можат да ги совладаат основните движења на третата рака или шестиот прст за помалку од еден час. Вибрирачките мотори и нежните електрични импулси кои обезбедуваат чувство на допир играат клучна улога во учењето. Благодарение на оваа повратна информација, мозокот на крајот почнува да го гледа роботскиот додаток како природен дел од телото.Тагови: мозокот научниците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуски новинар го праша Зеленски кога ќе дојде во Москва- одговорот е хит (ВИДЕО)За време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше кратка размена на мислења со новинар од руските државни медиуми. Додека Зеленски и неговата делегација минуваа покрај новинарите, дописникот на руската новинска агенција Вести, Валентин Богданов, постојано го прашуваше кога планира да дојде во Москва. Зеленски првично не реагираше. Се оддалечи неколку чекори, потоа ја покри устата со раката и гласно извика на руски: „На ракета, е*и се“. Снимката од разговорот брзо се прошири на социјалните медиуми и во медиумите. While entering the UN headquarters in New York, Ukrainian President Zelensky was approached by journalists from the Russian VESTI state-owned media outlet and asked when is he planning to visit Moscow. After walking away a few steps, Zelensky covered his mouth with his hand and muttered, although still pretty audibly: "on a missile, for f*ck sake." — Status-6 (War & Military News) (@Archer83Able) September 23, 2026 Разговорот се случи во време кога обновени се разговорите за директни разговори меѓу Киев и Москва. Зеленски беше во Њујорк за да разговара за можни чекори за деескалација на војната, вклучително и запирање на нападите врз енергетската инфраструктура. Зеленски и Трамп се сретнаа на 22 септември на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Според кабинетот на украинскиот претседател, тие разговарале за можни чекори за деескалација што би можеле да го отворат патот за дипломатија, при што Зеленски рече дека и Киев и Вашингтон сакаат војната да заврши пред зимата. Една од главните теми беа нападите врз енергетската инфраструктура. Зеленски рече дека Украина е подготвена да престане да напаѓа руска енергетска и извозна инфраструктура за возврат доколку Москва го стори истото. Разговорите доаѓаат по интензивирањето на руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, како и украинските напади врз руските рафинерии, за кои Трамп претходно побара да бидат запрени поради нивното влијание врз глобалните цени на енергијата. Зеленски, исто така, разговараше со Трамп за зајакнување на воздушната одбрана на Украина пред зимата. Киев бара дополнителни американски системи „Патриот“ и пресретнувачки ракети, а двете земји работат и на можноста за нивно производство во Украина. Кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека една од темите на состанокот бил специјален пакет за воздушна одбрана за претстојната зима.Тагови: Володимир Зеленски москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСамо седум проценти од купувачите во Европа се решаваат да купат дизел автомобилРегистрациите на нови патнички автомобили во Европската Унија се зголемија за 4,5 проценти во август во споредба со истиот период минатата година, на 708.211 возила. Ова е седми месец по ред на раст на европскиот пазар на автомобили, забрзувајќи се од скокот од три проценти во јули. Податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) покажуваат дека во првите осум месеци, клиентите од ЕУ купиле повеќе од 7,5 милиони нови возила, што претставува вкупно зголемување од 5,3 проценти. Раст е забележан на сите главни пазари, предводени од Шпанија со 11,8 проценти и Франција со 7,4 проценти. Најголемо подобрување е постигнато во сегментот на електрични возила на батерии, кој забележа скок од 44,9 проценти во споредба со истиот период минатата година. Повеќе од 1,6 милиони чисто електрични автомобили се регистрирани во првите осум месеци. Зголемувањето на побарувачката за електрични модели го предводеа Франција со зголемување од 74,2 проценти и Германија со 53,1 процент, додека Данска забележа зголемување од 40,9 проценти. Во овој период, хибридно-електричните возила го постигнаа најголемиот поединечен удел во Европската Унија, со учество од 36,6 проценти од сите новорегистрирани автомобили. Бензинските и електричните автомобили станаа изедначени по популарност, сега сочинувајќи по 21,7 проценти од пазарниот удел. Хибридите со приклучок држат стабилни 10 проценти од вкупната продажба. Од друга страна, дизел возилата паднаа на само 7,3 проценти, што потврдува континуиран повеќегодишен пад на побарувачката за овој тип на погон. Пазарниот удел на возилата на батерии значително се зголеми во споредба со истиот период минатата година, кога изнесуваше 15,8 проценти, што укажува на брза промена во структурата на европскиот возен парк. Тагови: автомобил Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook